Панова: Во Предлог буџетот за 2027 за судската власт средствата се зголемуваат за 15,3 проценти за разлика од годинава
1Панова: Во Предлог буџетот за 2027 за судската власт средствата се зголемуваат за 15,3 проценти за разлика од годинава
3Историски момент за „Војаџер 1“. Сонда е оддалечена еден светлосен ден од Земјата или 25,9 милијарди километри
ЖивотМистерија за научниците, што се крие во најдлабоката дупка на светот!?Под корзираниот капак , во пустата тундра на полуостровот Кол на северот на Европа се наоѓа најдлабоката дупка на светот. Дупката е длабока 12 262 мери , ископана е од страна на советски научници во периодот 1970 до 1989 година. Дупката наречена „Колска супер длабока ископина “е направена за научниците да може да дознаат нешто повеќе за тоа што се наоѓа под нашите стапала. Иако за време на децениското копање се потрошени милионски средства, финансиите не се искористени залудно бидејќи научниците дошле до фасцинантни откритија. На пример на длабочина од 7000 метри се пронајдени фосилни остатоци на едноклеточни организми , на скоро иста длабочина е пронајдена и вода. На самото дно на најдлабоката дупка на светот е измерена температура од 180 степени Целзиусови , што се покажало како преврело за продолжување на бушењето. Иако Колската супер длабока дупка е најдлабоката точка на земјата , подлабока е и од Маријанскиот кањон, нејзиното дно е многу далеку од центарот на Земјата. Имено до јадрото на земјата од дното на Колската супер длабока дупка има уште околу 6400 километри . Тоа значи дека советските научници успеале само малку да ја изгребат површината на Земјата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
ТехнологијаИталија сака да ги забрани социјалните мрежи за деца под 13 годиниЗа малолетниците на возраст од 13 до 15 години, користењето ќе биде дозволено само доколку нивните профили се поврзани со профилот на родител.Италија се приклучи на растечката листа на земји кои планираат да го ограничат пристапот на малолетниците до социјалните мрежи – следејќи го примерот на држави како Австралија, Бразил и Грција – при што се очекува парламентот до крајот на годината да одобри владина уредба за ова прашање. На децата помлади од 13 години ќе им биде забрането да имаат профили на социјалните мрежи. За малолетниците на возраст од 13 до 15 години, користењето ќе биде дозволено само доколку нивните профили се поврзани со профилот на родител. Малолетниците ќе можат да имаат самостојни профили дури откако ќе наполнат 16 години. Амандманот има поддршка од владејачката коалиција Овие мерки се дел од амандман на уредба за безбедност, која моментално е предмет на парламентарна расправа и се очекува да биде усвоена до крајот на декември. Амандманот – во кој увид имаше агенцијата „Ројтерс“ – сè уште не е официјално претставен, но ја ужива поддршката на десничарската коалиција на премиерката Џорџа Мелони. Според парламентарни извори, неговото усвојување е речиси сигурно. „Овој амандман би можел да биде пресвртна точка за сите родители кои се соочуваат со дигиталната зависност кај своите деца, како и за самите малолетници“, изјави Фабио Рампели, пратеник од партијата на премиерката Џорџа Мелони, „Браќа на Италија“ (Fratelli d'Italia). Платформите за социјални мрежи ќе мора да ја проверуваат возраста на корисниците Според актуелниот предлог – кој сè уште може да претрпи измени за време на парламентарната расправа – образовните апликации се изземени од забраната. Извори наведуваат дека од компаниите што управуваат со социјалните мрежи ќе се бара да ја проверуваат возраста на своите корисници, во согласност со насоките што ќе ги изготви италијанскиот регулатор за телекомуникации (AGCOM) во рок од девет месеци од стапувањето на прописот во сила. Од компаниите за социјални мрежи ќе се бара да ги променат своите алгоритми, со оглед на растечката глобална загриженост дека нивните платформи придонесуваат за криза во менталното здравје кај децата. Извор: Индекс.хрКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПанова: Во Предлог буџетот за 2027 за судската власт средствата се зголемуваат за 15,3 проценти за разлика од годинаваПратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет во своето излагање се осврна на делот за правосудниот систем.Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет во своето излагање се осврна на делот за правосудниот систем, при што истакна дека за судската власт во 2027 година се планирани 3,352 милијарди денари, а како што кажа тоа е зголемување од 15,3 проценти, додека пак, за јавното обинителство се предвидени 965 милиони денари, или 8,9 проценти повеќе од 2026 година. Според неа, правдата треба да се обезбеди навремено и неселективно, а во таа насока пратеничката се осврна на Академијата за судии и јавни обвинители и Управата за извршување санкции. ,,Кога правосудна институција бара дополнителни средства, да каже колку предмети очекува повеќе да заврши, кои слабости ќе ги отстрани и како јавноста ќе го види напредокот. Не ни треба натпревар кој погласно ветува правда. Ни требаат институции коишто ќе донесат правда. Токму затоа сакам да ја издвојам Академијата за судии и јавни обвинители. За 2027 година за нејзината програма се предвидени приближно 130 милиони денари. Оваа програма сега е прикажана во рамките на Министерството за правда, додека претходно била евидентирана во разделот Судска власт. Таа промена е важна за да не споредуваме несоодветни буџетски ставки и да не извлекуваме погрешни заклучоци “, рече Панова и додаде: ,,Во тие средства се предвидуваат околу 58 милиони денари за плати и надоместоци и околу 65 милиони за стоки и услуги, вклучувајќи ја обуката и договорните услуги. А зошто е ова важно? Затоа што професионален, стручен и независен судија не се создава со партиска изјава. Се создава со квалитетно образование, сериозна селекција, континуирана обука и личен интегритет. Истото важи и за обвинителите. Инвестирањето во Академијата треба да значи вложување во професионалноста, не во нови формални процедури без резултат. Затоа очекуваме резултати. Не помалку важна е Управата за извршување санкции. За неа се планирани 2,020 милијарди денари, 16,7 проценти повеќе од претходната година. Панова посочи дека капиталните расходи растат од 26,8 на 276,3 милиони денари, повеќе од десеткратно ниво, со најголем дел за градежна инфраструктура. ,,Во 2027 се предвидени активности за нови и реконструирани капацитети во КПД Идризово, вклучувајќи притворско и затворено одделение. И тука мојата порака е јасна: законитото извршување на санкциите е дел од владеењето на правото. Безбедност за персоналот, човечки услови, контрола врз установите и програми за ресоцијализација не се спротивставени цели. Тие се делови од еден ист систем. Државата мора да биде доследна во спроведувањето на правосилните одлуки, а истовремено да ги почитува законските и меѓународните стандарди“, вели таа, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„На кавга со Иван“ - Сотир КостовВо понеделник, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Сотир КостовКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook