Мистерија во француско село: За убиството на мајка на четири деца е осомничена 70 годишна жена - Канал 5

Мистерија во француско село: За убиството на мајка на четири деца е осомничена 70 годишна жена

Официјална истрага е покрената против 70-годишна жена поради сомнение за поврзаност со смртта на Британка од јужноафриканско потекло, мајка на четири деца, која беше убиена минатата година. 

Мистерија во француско село: За убиството на мајка на четири деца е осомничена 70 годишна жена

Жртвата е 65-годишната Карен Картер, која живеела во селото Тремолат во регионот Дордоња во Франција повеќе од десет години, каде што управувала со две викендички, пишува Би-Би-Си.

Во април 2025 година, Картер била пронајдена од пријател до нејзиниот автомобил со убодни рани.

Таа била приведена и минатата година, но брзо била ослободена

Обвинителството наведува дека 70-годишната осомничена за убиството била приведена уште во 2025 година како дел од прелиминарна истрага, но подоцна била ослободена. Истражниот судија Жак-Едуар Андро во среда објави дека сега е формално обвинета.

„Истражните дејствија спроведени како дел од судската истрага отворена на 7 мај 2025 година доведоа до поднесување на официјално обвинение против неа“, се вели во соопштението за медиумите на судијата Андро. Според францускиот закон, отворањето на официјална истрага значи дека истражниот судија ќе одлучи дали има доволно докази за судење.

Мотивот за убиството сè уште е непознат.

„Таа беше едноставно прекрасна“

Сопругот на Карен Картер, Алан, во времето на убиството изјави дека дознал за смртта на неговата сопруга од роднина кој ја видел веста на локална Фејсбук страница. Тој рече дека добил официјална потврда дури откако неговиот асистент контактирал со полицијата.

Тој ја опишал како друштвена и љубезна личност и истакнал дека нејзината смрт била исклучително трауматична за семејството. „Јас сум интроверт, а таа беше сосема спротивна. Таа беше екстроверт, ги сакаше луѓето и забавата. Луѓето ја сакаа, имаше добро срце“, рече тој.

„Таа дури и не стапнуваше на мравка. Секогаш носеше дома изгубено куче или мачка. Таква беше. Сите ја сакаа и затоа се оженив со неа. Таа беше едноставно прекрасна“, рече тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД ќе отворат две нови воени бази на Гренланд во рамките на договорот со Данска

Данска кажа дека договорот ја става безбедноста на арктикот под надзор на НАТО, наместо да им биде препуштена исклучиво на САД и Данска.

САД ќе отворат две нови воени бази на Гренланд во рамките на договорот со Данска

САД планираат повторно да воспостават воена база од времето на студената војна во јужен Гренланд и да отворат уште една на источниот брег, во рамките на договорот што треба да го потпишат со Данска и Гренланд денеска во рамките на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.

Текстот на договорот не е јавно објавен, а три лица запознати со него изјавија дека деталите нема да бидат финализирани сè додека договорот не се потпише.

Данска кажа дека договорот ја става безбедноста на арктикот под надзор на НАТО, наместо да им биде препуштена исклучиво на САД и Данска.

Договорот доаѓа по повеќемесечниот притисок од Доналд Трамп, кој бараше САД да имаат контрола врз Гренланд и во одредени моменти не ја исклучуваше можноста за употреба на воена или економска сила за преземање на оваа полуавтономна данска територија. Заканите на Трамп, кои го достигнаа својот врв во јануари, предизвикаа дипломатска криза во рамките на НАТО.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Белата куќа отвори „Трамп ТВ“ откако ги укина акредитациите на дел од медиумите

Белата куќаго отвори својот онлајн стриминг канал „Трамп ТВ“ откако ескалираше нејзиниот спор со главните американски медиумски куќи.

Белата куќа отвори „Трамп ТВ“ откако ги укина акредитациите на дел од медиумите

Каналот започна да се емитува синоќа, првично емитувајќи говори на Трамп и снимки од американски воени вежби.

„Емитувањето ќе оди 24 часа на ден, со минати моменти, најави и со најновите и најдобри информации од администрацијата, сè на едно место“, соопшти Белата куќа.

Лансирањето на „Трамп ТВ“ следува откако Трамп во петокот објави дека им забранува пристап до Белата Куќа на новинарите од телевизиите „Си-Ен-Ен“ и „Ем-Ес Нау“ и од сајтот „Политико“. Тој ги обвини медиумите за ширење лажни вести, но и дека не известуваат доволно за неговите постигнувања.

Трите медиуми вчера поднесоа тужба против администрацијата, велејќи дека нејзините постапки ги загрозуваат слободата на медиумите и правото на јавноста на независно новинарство. Други големи американски ТВ-мрежи и весници одговорија со намалување на нивното известување за претседателот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Победата на Левица, Евреите во Берлин ја сметаат за закана

Израелскиот амбасадор во Германија, Рон Просор, предупреди на непосредна егзистенцијална закана за еврејската заедница во Берлин откако крајнолевичарската партија Левица победи на регионалните избори во германскиот главен град.

Победата на Левица, Евреите во Берлин ја сметаат за закана

Тој кажа дека Левица, наследничка на комунистичката партија што владееше со поранешна источна Германија, покажала „апсолутно неконтролиран антисемитизам“.

„ За еврејската заедница во Берлин, теоретската закана станува конкретна и непосредна егзистенцијална опасност“, рече Просор.

Со победата на Левица, нејзината водечка кандидатка, 45-годишната Елиф Ералп, би можела да стане првата градоначалничка на Берлин од редовите на оваа партија и прва со турско потекло.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер