Мистерија во Австралија: Тројца починале по семеен ручек, готвачката преживеала - Канал 5

Мистерија во Австралија: Тројца починале по семеен ручек, готвачката преживеала

Пред две недели, петорица луѓе седнале на семеен ручек во еден мал австралиски град.

Мистерија во Австралија: Тројца починале по семеен ручек, готвачката преживеала

За една недела тројца починаа, четвртиот се бори за живот, а петтата е под истрага за евентуално труење на гостите со диви печурки. Но, 48-годишната жена која го готвела ручекот вели дека нема поим што се случило, дека го сакала своето семејство и дека немало да им наштети, пишува Би-би-си.

Случајот привлече национално внимание, ја збуни полицијата и ја вознемири локалната заедница. Необичната приказна започнала кога Гејл и Дон Патерсон седнале на ручек со своите внуци во домот на нивната снаа Ерин Патерсон во Леонгата - два часа возење југоисточно од Мелбурн. Со нив биле Вилкинсонови - сестрата на Гејл Хедер и нејзиниот сопруг Иан. Сите четворица биле жители на блискиот град Корумбура, каде што Иан бил свештеник на локалната баптистичка црква.

Сепак, тоа не бил обичен ручек. Неколку часа по оброкот, сите гости биле однесени во локалната болница поради гадење. Набрзо станало јасно дека се работи за нешто многу полошо и биле однесени во болница во Мелбурн за да ја добијат најдобрата можна медицинска нега.

И покрај тоа, Хедер (66) и Гејл (70) починале во петокот, а Дон (70) во саботата, додека Иан (68) останува во критична состојба во болница и чека трансплантација на црн дроб. Полицијата вели дека верува дека јаделе зелени печурки, многу отровна и често смртоносна печурка.

Изненадувачки, Ерин и нејзините две деца се добро. Полицијата вели дека двете деца - кои оттогаш се преземени на државна грижа како мерка на претпазливост - јаделе различен оброк. Инспекторите велат дека не се сигурни дали Ерин јадела иста храна како нејзините гости, па дури и дали во садот што го послужила имало печурки. Тие, исто така, забележале дека таа е разделена од нејзиниот сопруг, но тоа го опишале како „пријателска“ разделба. Сепак, се уште не е исклучено дека таа намерно ги отрула гостите.

„Во овој момент смртните случаи се необјаснети. Едноставно не знаеме што се случило“, изјави вчера за новинарите Дин Томас од полицискиот оддел за убиства.

Ерин Патерсон вели дека не може да сфати што се случило. Таа во солзи зборувала со новинарите пред нејзината куќа и одбила да одговори на прашањата кои јадења на кои гости им биле послужени и од каде се печурките. Но, таа тврди дека е невина: „Не направив ништо, ги сакав“.

Како што веста за инцидентот се ширеше низ областа, така сите се шокираа. „Никој не би очекувал дека тоа ќе се случи овде“, изјавил регионалниот градоначалник Нејтан Херси за Би-Би-Си.

Во соопштението, семејствата на жртвите им оддадоа почит на починатите како „столбови на верата“ во заедницата. „Нивната љубов, непоколеблива вера и несебична служба оставија неизбришлив белег врз нашите семејства, баптистичката црква Корумбура, локалната заедница и луѓето ширум светот“, се вели во изјавата објавена во South Gippsland Sentinel Times.

Ерин е исто така вознемирена: „Гејл ми беше мајката што ја немав... моите деца ја изгубија својата баба. Никогаш не сум запознала подобри луѓе. уништена сум што ја нема“.

Ова не е прв пат австралиската држава Викторија да биде потресена од труење со печурки, а како што потрагата по храна во природата станува сѐ попопуларна, зелените вргањи сѐ почесто се мешаат со печурки за јадење. Тие се наоѓаат во ладна и влажна клима низ целиот свет и изгледаат многу поневини од многу други смртоносни видови. Печурката со зелено капче е одговорна за 90% од фаталните труења со печурки во светот, парче со големина на паричка е доволно за да убие возрасен човек, пишува Би-Би-Си.

Само во 2020 година, осум лица во Викторија завршиле во болница, од кои еден починал. Надлежните повторно ги повикаа луѓето да не јадат диви печурки. „Ако не сте ги купиле во супермаркет, можеби е подобро да се држите настрана од нив“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)

Новиот кинески електричен патнички авион полета со одлични резултати, завршувајќи го својот прв лет со екипаж.

Полета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)

Авионот од 10 тони прелета над Бинжоу, во источната кинеска провинција Шандонг, каде што двајца пилоти и еден инженер за тестирање на летот го тестираа во саботата.

Развиен од COMAC - Корпорацијата за комерцијални авиони на Кина - CE-25A е првиот електричен комерцијален авион на компанијата. Дизајниран првенствено за кратки меѓуградски летови, може да носи до 19 патници со брзина на крстарење од 300 километри на час.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Ford“ ја враќа ознаката „Cobra“

Новиот „Mustang Cobra“ доаѓа во 2027 година, но потенцијалните купувачи ќе мора брзо да дејствуваат.

„Ford“ ја враќа ознаката „Cobra“

„Ford“ го подготвува враќањето на значката „Cobra“ на „Mustang“, а новиот спортски модел треба да продолжи таму каде што застана „Shelby GT350“. Се очекува да има атмосферски V8 мотор, мануелен менувач и моќност од најмалку 550 КС.

„Ford Racing“ објави кратко тизер видео со кое се потврдува пристигнувањето на нов „Mustang“ со мотор развиен врз основа на искуството од трките. Премиерата е најавена за 2027 година, а сè укажува на враќање на значката „Cobra R “.

Според информациите објавени од „Ford Authority“, новиот модел ќе биде духовен наследник на „Mustang Shelby GT350“, а треба да пристигне во салоните како модел од 2028 година. Производството би можело да трае релативно кратко, до моделската година 2029 година. Под хаубата се очекува атмосферски 5,2 или 5,4-литарски V8 мотор, поврзан со шестстепен мануелен менувач „Tremec“. Официјалните бројки за моќност сè уште не се објавени, но се проценува дека моторот би можел да развие помеѓу 550 и 575 КС.

За споредба, претходниот „Mustang Shelby GT350“ користеше 5,2-литарски „Voodoo V8“ со 533 КС и 582 Nm вртежен момент.

Сегашниот „Mustang Dark Horse“ со 5,0-литарски V8 мотор развива 508 КС, додека „Dark Horse SC“ има дури 806 КС.

Враќањето на името „Cobra“ има и финансиска позадина. „Ford“ повеќе не сака да му плаќа на „Shelby American“ за користење на неговото име.

Според текстот, „Ford“ претходно плаќал околу 800 долари за секој продаден „Shelby Mustang“, што вкупно изнесувало повеќе од 30 милиони долари трошоци за лиценцирање.

Затоа, новиот модел би можел да се нарече „Cobra“ наместо „Shelby GT350“.

Последен пат кога „Ford“ ја користеше оваа ознака беше на почетокот на 2000-тите, на моделот „Mustang SVT Cobra“ со V8 мотор со компресор.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кирјас со остар настап пред европските либерали: 2026 не е 2001, ЕУ мора повторно да стане атрактивна и да престане со надменост!

Емил Кирјас, испрати остра, директна и отрезнувачка порака за улогата на Европската Унија во современиот геополитички поредок.

Кирјас со остар настап пред европските либерали: 2026 не е 2001, ЕУ мора повторно да стане атрактивна и да престане со надменост!

На состанокот на европските либерали во Даблин за време на неформалниот самит на ЕУ, претставникот на Либерално-демократската партија (ЛДП), Емил Кирјас, испрати остра, директна и отрезнувачка порака за улогата на Европската Унија во современиот геополитички поредок, истакнувајќи дека времињата на безусловно следење на европските лидери се минато, а граѓаните во регионот сè погласно ја гледаат хипокризијата и недостигот на конкретни резултати.

Кирјас ги повика европските колеги да ја прифатат новата глобална реалност, нагласувајќи дека четврт век подоцна светот е далеку покомпетитивен и дека Европската Унија повеќе не е единствениот „производ“ на светската сцена.

„Мораме да сфатиме и да прифатиме дека 2026 година не е 2001 – 25 години подоцна светот изгледа многу поразлично и е далеку покомпетитивен. Ако порано единствената опција и модел што можеа да го видат граѓаните беше европскиот модел, денес на пазарот постојат и кинески, и руски, и турски модел, па во последно време и американски модел кој е различен од европскиот. За нас, особено за либералите, европскиот модел на благосостојба, економски развој, слобода на говор, просперитет и гарантирање на правата е најдоброто решение. Но, не можеме да очекуваме дека граѓаните секогаш слепо ќе ги слушаат своите лидери, нема да ги следат вестите и нема сами да носат одлуки за тоа кој е способен да преземе решенија, да го исполни ветеното, да гледа визионерски и да проектира моќ на светската сцена“, порача Кирјас во Даблин.

Тој предупреди дека европските институции се наоѓаат во состојба на самоодрекување од глобалната реалност и веќе не се доживуваат како морализирачка сила во регионот. Како што објасни пред присутните, дури и во Македонија веќе не се зборува само за формално членство во ЕУ, кое за многу граѓани стана непривлечен поради долгогодишните блокади и неисполнети ветувања, туку за градење држава според стандардите на земји како Бенелукс, Данска, Ирска или Естонија.

„Ако не направиме сѐ во наша моќ за повторно да ги направиме европската идеја и европскиот проект атрактивни, ќе имаме огромен проблем – не само со граѓаните, туку и со иднината на нашиот континент. Време е да престанеме да гледаме на нашиот проект како на единствена солуција во светот. Нашите граѓани сакаат да живеат просперитетно, да говорат слободно и да имаат правна држава, но тоа значи дека и на европско ниво сите мора да бидат подеднакво почитувани – без надменост, без надредување, без второкласни граѓани и без наметнување каде што само еден одлучува и ги суди другите, туку систем каде што сите си помагаме еден на друг. Колку побрзо го направиме тоа, толку ќе биде подобро за сите нас во Европа“, заклучи Емил Кирјас во своето излагање пред европските либерали на состанокот на АЛДЕ.

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер