Мистерија: Што се случило на летот „АА109“ од Лондон до Лос Анџелес? (видео) - Канал 5

Мистерија: Што се случило на летот „АА109“ од Лондон до Лос Анџелес? (видео)

Авионот кој во средата полетал од Лондон за Лос Анџелес, одеднаш свртел 180 степени и тргнал назад кон Лондон.

Мистерија: Што се случило на летот „АА109“ од Лондон до Лос Анџелес? (видео)
Патниците и екипажот паѓале во авионот, а пред болничарите да влезат во авионот тестиран е и воздухот во кабината, а сите куфери се однесени на анализа. На збунетите и преплашени патници никој ништо не им соопштил.

Истражувачите се уште се обидуваат да откријат што точно се случило. Имено, една од стјуардесите колабирала, а после тоа неколку лица на овој трансатлантски лет се разболеле.

Исплашените патници изјавиле дека во еден момент некој преку разглас замолил да се јави доколку има доктор во авионот, а набргу потоа капетанот им порачал дека имаат “итен медицински случај“ и се вратил во Лондон.

Кога слетале на аеродромот „Хитроу“ на пистата веќе било гужва – возила на итната помош биле насекаде. На патниците им било речено да останат во своите седишта. Не им било дозволено да излезат од авионот, а ни на болничарите не им било дозволено да влезат во авионот се додека не било извршено тестирање на воздухот во кабината. Американ Ерлајнс и Управата на аеродромот целиот багаж го однеле на анализа, но на патниците никој не им ја соопштил причината за тоа.

Се верува дека дури шест членови на екипажот и двајца патници колабирале за време на летот.

Во „Американ Ерлајнс“ одбија да ги коментираат причините за тоа зошто луѓето не се чувствувале добро. Тие изјавија дека “болничарите ги прегледале патниците и екипажот и никој од нив не побарал понатамошна медицинска помош.

Пилотот Брус Роџер за „Дејли Меил“ изјави дека капетанот направил правилна одлука кога го вратил авионот назад во Лондон.

„Секогаш кога ќе се појави некој здравствен проблем, посебно кога станува збор за 5 или 6 лица, капетанот најверојатно ќе го сврти авионот и ќе го спушти на најблискиот аеродром.

Роџер, кој има повеќе од 20 години летачко искуство, посебно со различни видови на Боинг 700- моделите, објасни дека летот АА109 бил во раната фаза, па труење со храна најверојатно не е причината за враќањето назад. Според него, најверојатно станува збор за квалитетот на воздухот во кабината.

„Се чини дека воздухот не бил добар. На овој тип на авиони воздухот секогаш е потполно чист во патничката кабина и тие секогаш добиваат чист, квалитетен воздух“ – изјави Роџер.

Авионската компанија соопшти дека на патниците им се вратени куферите, но порпаролот на компанијата не сакаше да прецизира какви пребарувања се вршени и што е пронајдено.

„Американ Ерлајнс“ и Управата на „Хитроу“ ги прегледаа торбите“ – изјави портпаролот и додаде дека тим за одржување на авионите сега “темелно го прегледува авионот“.

Еден од патниците во авионот, 41- годишниот Алан Греј, изјави дека не му дале објаснување за тоа зошто му бил одземен багажот.

„Не сакаа ништо да објаснат. Кога слетавме веќе не чекаше полицијата, пожарникарите и итната помош“ – изјави Греј.

После слетувањето специјален тим на лондонски пожарникари го тестирал воздухот во кабината.

„Се е проверено и не се пронајдени никакви супстанци кои би можеле да бидат причината за проблемот“ – изјави портпаролот на пожарникарите.

Со понатамошна истрага дошле до заклучокот дека членовите на екипажот и патниците “најверојатно претрпеле губење на рамнотежа“ но тоа не е официјално потврдено.



Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јеменските Хути ослободија 600 воени заробеници

Јемските бунтовници Хути изјавија дека ослободиле околу 600 луѓе заробени за време на најновата ескалација на конфликтот во Јемен, а Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) го потврди нивното ослободување.

Јеменските Хути ослободија 600 воени заробеници

Службеникот на Хутите задолжен за прашањата на затворениците, Абдул Кадер ал-Муртада, рече дека ова е „најголемото еднострано ослободување на притвореници во двегодишната граѓанска војна во Јемен“, објави Ал Џезира.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) потврди дека „властите во Сана, со поддршка на тимови од организацијата, еднострано ослободија 600 луѓе „кои беа притворени во врска со вооружениот конфликт“.

„Нашите претставници разговараа со секој од затворениците пред ослободувањето, поддржувајќи го нивното достоинствено враќање во своите домови“, соопшти МКЦК.

Организацијата нагласи дека нема никаква улога во утврдувањето на бројот на ослободени или во одлучувањето кој ќе биде ослободен.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно со повремени сончеви периоди

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. 

Утре променливо облачно со повремени сончеви периоди

По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот насекаде ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди, попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивно-едукативна активност на Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи

Во рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот!

Превентивно-едукативна активност на Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи

Денеска (15.11.2026), во временскиот период од 11:00 до 12:00 часот, на наплатна станица Петровец, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи во соработка со РСБСП поради одбележување на ,,Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгодиʼʼ беше реализирана превентивно-едукативна активност насочена кон зголемување на сообраќајната култура и безбедноста на возачите под мотото "Заедно со одговорно однесување во сообраќајот да придонесеме за патишта без жртвиʼʼ!

Во рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот!

Исто така, на возачите им беше укажано дека од денеска 15-ти ноември стапува на сила законската обврска за поседување задолжителна зимска опрема и да ја прилагодуваат брзината и начинот на возење на условите на патот, заради нивната лична безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер