Мистерија која нема решение: Цело село тоне во сон, им нема помош (Видео) - Канал 5

Мистерија која нема решение: Цело село тоне во сон, им нема помош (Видео)

Секој десетти жител на селото Калачи во Казахстан во последните 4 години, неприродно среде бел ден одеднаш потонал во длабок сон. Некои спиеле со денови. Група деца заспале по првиот час на почетокот на учебната година и не можеле да се разбудат долго време. Некои деца имаат халуцинации и се жалат на главоболки. Никој не знае што е причината - зошто селото тоне во сон....

Мистерија која нема решение: Цело село тоне во сон, им нема помош (Видео)
Многу пати експертите и лекарите се обидувале да разоткријат зошто жителите на ова речиси напуштено село заспиваат среде бел ден, но безуспешно.

Постоеле сомневања дека тоа е поради рудниците со ураниум кои биле затворени 1980 година и од тогаш секој кој можел заминал од селото.

Други велат дека во близина на селото бил закопан токсичен отпад.

Дури постои и верување дека се работи за лоши духови.

Но нема потврда за ниту една теорија.

Селото има 600 жители. Постојат статистики според кои во последните две години дури 100 жители почувствувале дека нешто не е во ред со нив, одеднаш заспале, долго не можеле да се рабудат, имале халуцинации... Жителите најмногу стравуваат за своите деца.

- Тој заспа и не може да се разбуди. Кога го будиме како да сака да ги отвори очите но не може - вели Игор Самушенко, родител, за својот мал син.

На лекар на децата не им е најдена болест, немаат знаци на менингитис. Лекарите им пишуваат дијагноза - мозочен едем. Кај возрасните дијагнозата е мозочен удар. Кај голем број селани кои ненадејно заспале снимките покажуваат зголемено количество на течност во мозокот.

- Велат дека не е ништо. Велат - никој не умрел до сега, што се грижите - вознемирено зборуваат жители на селото.

Селото веќе го нарекуваат „Долина на сонот“.

Секој во селото има член на семејството или роднина кој неочекувано заспал. На први септември годинава 8 деца одеднаш заспале, претходно 20 селани заспале и спиеле со денови, претходната зима бројката дошла до 60 луѓе.

Screenshot from RT video

- Се чувствувам слаба, мислам дека на нозете имам сто пара чизми, во главата ми се врти. Спиев неколку дена, станав на еден час, грееше сонце, но креветот ме влече назад како магнет - вели оваа жена.

Селаните велат дека заспиваат кога ќе дувне ветер од местото каде биле рудниците.

- Децата имаат халуцинации, мислат дека ги лазат полжави, дека ќе им пукне главата, ова е ужас - вели селанец.

Група научници и медицински експерти, радиолози, токсиколози, дошле во селото да направат анализи на што се должи „епидемијата за спиење“, но не дошле до никаков заклучок.

Повеќето од жителите на Калачи се преселиле оттаму по затворањето на рудниците.

Оние кои не можат да заминат, стравуваат дека еден ден ќе заспијат и нема да се разбудат.

Погледнете го документарниот филм за ова село чија мистерија никој не може да ја реши.

YouTube video
/ извор: rt.com/news

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕК предлага нов заем за Украина од 45 милијарди евра

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, предложи нов заем од 45 милијарди евра за Украина за 2027 година, обезбеден преку заедничко задолжување на ЕУ со гаранција од европскиот буџет.

ЕК предлага нов заем за Украина од 45 милијарди евра

Од пакетот, 25 милијарди евра би биле наменети за воени потреби, а 20 милијарди за буџетска поддршка. Средствата треба да покријат приближно две третини од очекуваниот финансиски недостиг на Киев од 70 милијарди евра следната година.

Според предлогот, Украина би го враќала заемот откако Русија ќе плати воени репарации. За одобрување е потребна едногласна поддршка од сите 27 членки, а противењето на Унгарија, Словачка, Чешка и Бугарија може да го забави договорот пред европскиот самит следната недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца

Полицијата поднесе кривични пријави за два случаи во кои биле силувани деца..  Едниот случај се случил во февруари 2026 година, а другиот во јули 2025 година.

Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца

„СВР Скопје поднесе кривична пријава против П.Н.(49) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело силување на дете кое не наполнило 15 години. Во февруари 2026 година, пријавениот извршил полови дејствија врз малолетник“, соопшти полицијата. Втората пријава е поднесена протов двајца сторители.

„СВР Скопје поднесе кривична пријава против П.Н.(47) и А.Т.(62) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело силување на дете кое не наполнило 15 години. Во јули 2025 година, пријавените извршиле полови дејствија врз малолетник“, соопшти полицијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ заловила 96 грла добиток во Крива Паланка, акцијата ја попречуваат сопствениците

Има ли решение за кравите кои слободно шетаа низ Крива Паланка, а по кои станавме светски познати. 

АХВ заловила 96 грла добиток во Крива Паланка, акцијата ја попречуваат сопствениците

Агенцијата за храна и ветеринарство досега заловила 96 грла крупен добиток во Крива Паланка, но акцијата се соочува со сериозни пречки. Од АХВ велат дека екипите имаат проблеми со непристапниот терен и опструкциите од поранешните сопственици.

Институцијата, во координација со надлежните органи и локалната самоуправа, работи на одржливо решение за проблемот. Во меѓувреме, случајот предизвика политички препукувања меѓу градоначалникот Сашко Митовски и локалната ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата бараат вонредна седница на советот и акциски план за решавање на проблемот. Обвини градоначалникот го обвинуваат дека избегнува одговорност, додека Митовски возврати дека ахв веќе донела решенија за одземање на добитокот, кои не се спроведуваат. Градоначалникот претходно побара од владата да му додели законски овластувања за самостојно координирање на акцијата, како и прогласување 30-дневна кризна состојба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер