Мистерија: Бермудски триаголник во Јадранското море - Канал 5

Мистерија: Бермудски триаголник во Јадранското море

Недалеку од островот Вис во Хрватска исчезнувале авиони и бродови, а рибарите зборуваат за чудните несреќи..

Мистерија: Бермудски триаголник во Јадранското море
Компасот едноставно “полудува“ иструментите се смируваат и стануваат бескорисни, и вие на бродот одеднаш се наоѓате потполно без ориентација, опишуваат рибарите што се случува во триаголникот меѓу островите Јабука, Брусник и Вис

Тоа подрачје е нешто како јадранскиот Бермудски триаголник, место на чудни поморски несреќи, потонувања и исчезнување на бродовите, пренесува „Еxpress.hr”.

Старите рибари тој дел го нарекуваат “Вулкански триаголник“, во кој компасите “полудуваат“ и покажуваат погрешен правец поради магнетните карпи од кои се составени Јабука, Брусник и дел од Вис.

Доказ дека таму „има нешто“ се и осумте потонати бродови и еден авион во триаголникот и во негова близина, а за магнетните зрачења во подрачјето знаеле и морнариците, што поминувале оттаму во минатото.

Уште во 18-иот век италијанскиот патописец Алберто Фортис забележал дека пловидбата во тоа подрачје може да биде доста опасна бидејќи компасите не го даваат точниот правец.

Во време на Првата светска војна од непознати причина во близина на Палагружа потонала италијанска подморница. Остатоците од бродот биле извлечени во 70-тите години на минатиот век во соработка со италијанските власти. Сведоците тврдат дека костурите на морнарите биле неприродно сочувани и 50 години по потонувањето.

Мештаните тврдат дека се најдобро истражила Југословенската народна армија, но дека резултатите од истражувањето биле криени. Наводно, морнарицата на ЈНА своите четири подморници ги „криела“ во триаголникот за да останат невидливи за радарите.

Еден од најстарите комишки рибари се присетува на се што слушнал и доживеал.

-А што се не сум доживеал, кој би можел на се да се сети. Еднаш сретнавме кит кај Палагружа. Кога се вративме и раскажавме, началникот ни рече дека сме пијани. По неколку дена го бараа со хеликоптери и го најдоа. Знаете што ќе ви кажам – пред 40 години немаше GPRS, радари и мобилни телефони, туку само компас. Кога ќе дојдевме во близина на Јабука тој не беше од корист и тука можеа да пловат само старите и искусни рибари, раскажува тој.

За Јабука отсекогаш се раскажувале легенди. Се смета дека тој е најмистичниот остров во триаголникот. Некои мештани тврдат дека виделе огнени топки што кружеле околу островот.

-Еднаш доживеав невреме што никогаш нема да го заборавам. Тоа беше пред сигурно 50-тина години, но се сеќавам како да беше вчера. Не зафати одненадеш и секаше на сите страни.Ниту еден гром не удри во Јабука, а островот цело време светеше. Околу целиот остров имаше искри, сите во бродот се уплашивме, но успеавме да побегнеме, раскажува еден жител на подрачјето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десетици повредени во железничка несреќа во Прага: Се судрија два воза на влез во станицата (ВИДЕО)

Два воза се судрија утрово во близина на главната железничка станица во Прага. Според противпожарната служба, на местото на настанот се повредени десетици лица, од кои некои се сериозно повредени.

Десетици повредени во железничка несреќа во Прага: Се судрија два воза на влез во станицата (ВИДЕО)

Вклучени се сите служби за итни случаи и спасување. Железничкиот сообраќај на линијата во правец на Вишочани и Либња е прекинат. Ова е според информациите од службите за итни случаи, Управата за железници и Чешките железници, објави Блеск.

Несреќата се случила околу 7 часот наутро на мостот преку улицата Сејфертова, во третиот округ во Прага. Се судриле два патнички воза, кои се движеле со помала брзина. Според портпаролот на противпожарната служба во Прага, Мирослав Резач, несреќата не била катастрофална.

„Пожарникарите реагираат на местото на итната состојба како дел од второто ниво на тревога. Примарна задача е да се тријажат повредените“, рекоа пожарникарите. Според нив, немало потреба да се извлекуваат патниците од остатоците од возовите.

Повеќето луѓе претрпеле полесни повреди, но некои се потешко повредени.

„Евидентиравме неколку сериозно повредени лица кои беа во опасност да ги изгубат своите основни животни функции“, изјави портпаролот на прашката брза помош Карел Кирс за новинарите. Сите оние со сериозни повреди веќе се пренесени во болниците во Прага.

Десет екипи на брза помош и четири медицински екипи се на местото на настанот. Спасувачките служби имаат на располагање и специјално возило за евакуација.

„На местото на настанот е испратен и тим за посттрауматска нега за да им пружи психолошка поддршка на погодените од инцидентот“, соопшти противпожарната служба.

Министерот за транспорт Иван Беднарик, кој дојде на функцијата со поддршка на партијата СПД, ја опиша несреќата како многу сериозен инцидент. Според него, најважно е да им се пружи помош на повредените сега.

„Според најновите информации, сите патници од двата воза веќе требало да бидат евакуирани. Им посакувам на сите брзо закрепнување и им се заблагодарувам на спасувачките служби за нивните напори“, рече министерот, додавајќи дека Железничкиот инспекторат веќе ги истражува причините и околностите на несреќата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Целосно разобличување на лагите на Кочовска и Мицкоски за долгот

Министерката Кочовска изјави дека во 2027 година има 2 милијарди евра доспен долг кој требало наводно да се врати.

СДСМ: Целосно разобличување на лагите на Кочовска и Мицкоски за долгот

Ова е уште една лага на Кочовска и Мицкоски која целосно ја разболичуваме.

Самата Кочовска во предлог Буџетот за 2027 година, на страна 16 и 17 го напишала следново:

„Отплатата на долгот во износ од 64,6 милијарди денари (од кои за надворешен долг 46,5 милијарди денари, за домашен долг 18,1 милијарди денари) ќе се финансираат преку домашно и странско задолжување.“

Значи самата Кочовска вели дека вкупно доспениот долг за 2027 е една милијарда евра.

Но и овие 1 милијарда евра, само 500 милиони се за еврообвзницата од 2023 година а друго се долгови на Мицкоски и Кочовска.

Го признава и самата Кочовска.

Е тука завршува приказната за старите долгови наследени од СДСМ.

Доаѓаме до клучното. Долговите се на Кочовска и Мицковски кои ги направиле последниве 2 до 3 години и тие сакаат да гои зголемат.

Мицкоски создаде долг од 4 милијарди евра за само 2 години, а сака дополнително да ги задолжи граѓаните за уште 2 милијарди евра во 2027 година.

Тоталното разобличување стои во самиот Буџет, на иста страница каде е наведено дека во 2027 -та Кочоска и Мицкоски ќе се задолжат 121 милијарда денари односно 2 милијарди евра, се наведеува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Актерката Лидија Вукичевиќ ја гаѓаа со јогурт пред влезот во српското Собрание- ова ѝ е трет мандат (ВИДЕО)

Пратеничката на СНС Лидија Вукиќевиќ беше полеана со јогурт, предизвикувајќи хаос пред влезот во Парламентот утрово, 17 ноември, пред почетокот на првата седница.

Актерката Лидија Вукичевиќ ја гаѓаа со јогурт пред влезот во српското Собрание- ова ѝ е трет мандат (ВИДЕО)

Додека идните пратеници минуваа низ кордон, актерката Лидија Вукиќевиќ беше полеана со јогурт по главата, објави Телеграф.

Патем, ова ќе биде трет мандат на Лидија во српскиот Парламент, овој пат како пратеничка од партијата СНС.

Актерката беше пратеничка два мандата:

- Од 2007 до 2008 година (7-ми состав)

- Од 2008 до 2012 година (8-ми состав)

Вкупно, таа помина околу 5 години како пратеничка (како членка на СРС) во тој период.

Денес (17 ноември 2026 година) се одржува конститутивната седница на новото свикување на Народното собрание на Србија, каде што таа повторно се појави како пратеничка, а нејзините мандати во новото свикување штотуку почнуваат да се потврдуваат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер