Мислела дека освоила 86 милиони евра на лото, среќата не траела долго: Каква глупава грешка (ВИ - Канал 5

Мислела дека освоила 86 милиони евра на лото, среќата не траела долго: Каква глупава грешка (ВИ

Млада Австралијка останала во солзи откако мислела дека добила 86 милиони евра на лотарија, а потоа сфатила дека направила бизарна грешка.

Мислела дека освоила 86 милиони евра на лото, среќата не траела долго: Каква глупава грешка (ВИ

Извлечените броеви ги побарала на Фејсбук, ја видела нејзината комбинација и веднаш добила шок од возбуда.

„Купив билет во Аделаида и решив да ги проверам броевите. Видов 1414 на Фејсбук страницата на лотаријата и скокнав од радост. Тоа беше мојата комбинација! Веднаш почнав да фантазирам како ќе го потрошам богатството“, изјавила Аишварија.

Сепак, нејзината среќа не траела долго. Девојката повторно ги проверила броевите, а потоа сфатила дека 1414 го означува бројот на автомобилот! Била толку разочарана што направила видео на TikTok и на сите им открила каква грешка направила.

„Срцето сакаше да ми скокне од градите, бев толку возбудена. Но, тоа не беа победничките бројки. Јас сум толку глупава. Сега беше 1414 коло, а следната недела е 1415 коло“, рече таа.

@aishranaway I’m speechless too dw #lottery ♬ original sound - Aishwarya

Таа додаде дека веќе замислила како дел од приходите ќе ги донира во добротворни цели, а потоа ќе купи куќа, ќе патува низ светот. За малку ќе го контактирала работодавецот и ќе дала отказ, но за среќа не отишла толку далеку, пишува Daily Star.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ранче со училишен прибор и училишна униформа за секое прваче во Општина Бутел

Општина Бутел и оваа година продолжува со поддршка за најмладите ученици и нивните семејства.

Ранче со училишен прибор и училишна униформа за секое прваче во Општина Бутел

На 1 септември, секое прваче во општинските основни училишта ќе добие висококвалитетен анатомски ранец со потребен училишен прибор, како и училишна униформа.

Целта на оваа мерка е на сите првачина да им се обезбедат потребните услови за непречен и успешен почеток на учебната година, а истовремено да им се овозможи значително финансиско олеснување на родителите.

Вредноста на училишниот пакет и униформата претставува заштеда од околу 9.000 денари за секое семејство кое годинава има прваче.

Покрај висококвалитетниот анатомски ранец, пакетот ќе содржи и помагало за броеви, блок, дрвени боички, фломастери, пластелин, моливи, тетратка, острилка и гумичка.

Со оваа активност, Општина Бутел продолжува да инвестира во квалитетно образование и подобри услови за најмладите, создавајќи средина во која секое дете ќе има можност да учи, расте и да го развива својот потенцијал.

Вложувањето во децата е вложување во иднината на Општина Бутел.

Општина Бутел

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведено лице од скопско, барано за издржување двегодишна казна затвор

На 24.08.2026 во 17:25 часот во с.Морани, скопско, врз основа на судска наредба, полициски службеници од единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го приведоа Б.А.(20) од с.Студеничани, скопско.

Приведено лице од скопско, барано за издржување двегодишна казна затвор

Претходно, тој со возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, не застанал на знак за запирање, даден од полициски службеници, но набргу потоа со возилото удрил во бетонски ѕид, а потоа, движејќи се наназад, удрил и во возило „шкода јети“, сопственост на МВР. Откако е приведен, извршени се дополнителени проверки и било утврдено дека бил баран за издржување казна затвор од две години за сторени кривични дела по член 292 и член 288 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсени се поранешниот претседател на Ерменија и неговиот син

Поранешниот претседател на Ерменија, Роберт Кочарјан, и неговиот најстар син, Седрак, се уапсени во рамките на кривична истрага за корупција, соопшти денеска Антикорупцискиот комитет на Ерменија.

Уапсени се поранешниот претседател на Ерменија и неговиот син

Претходно денес, комисијата соопшти дека се спроведуваат претреси и други процедурални дејствија на неколку десетици локации поврзани со Кочарјан и членови на неговото семејство, пренесе порталот „Армен прес“.

Шефот на кабинетот на Кочарјан, Баграт Микојан, изјави дека поранешниот претседател утрово бил одведен во Комисијата за борба против корупцијата.

Од канцеларијата на поранешниот претседател исто така потврдија дека тој бил одведен во Комитетот од страна на припадници на органите на редот. Полицијата исто така влезе во становите на синовите на Кочарјан, Седрак и Левон, а пратеникот од партијата „Ерменска унија“, Месроп Манукјан, претходно на социјалните мрежи објави дека полицијата извршила претрес и во домот на Левон Кочарјан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер