3Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава
ТехнологијаМисијата на вселенското летало на Илон Маск е одложена поради протекување на хелиум Четиричлената мисија на компанијата SpaceX „Поларна зора“ (Polaris Dawn) е одложена најмалку еден ден поради истекување на хелиум во опремата во вселенскиот центар Кенеди, соопшти денеска компанијата.Одложувањето на летот на вселенскиот брод на милијардерот Илон Маск беше одложено неколку часа пред планираното полетување на неговата капсула „Crew Dragon“. – Тимовите го истражуваат истекувањето на хелиум, а екипажот се уште е подготвен за повеќедневна мисија во вселената – се наведува во соопштението, а пренесува Ројтерс. Главниот дел од петдневната мисија би требало да биде 20-минутна вселенска прошетка, на 700 километри од Земјата, што ќе биде најдолгата вселенска прошетка на приватни астронаути досега. Првата американска вселенска прошетка беше изведена во 1965 година, на капсулата Gemini, и беше искористена слична процедура планирана за „Поларис Дон“ - капсулата беше под притисок, отворот се отвори и излезе астронаут во вселенски костум. Екипажот на Polaris Dawn ќе ги тестира новите, тенки вселенски одела за време на вселенската прошетка. Милијардерот Џаред Исакман, пензионираниот потполковник на воздухопловните сили на САД Скот Потет, пилот на мисијата и вработените во компанијата, Сара Гилис и Ана Менон ќе прошетаат во вселената.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСенатот му зададе удар на Трамп: Усвоена резолуција за прекин на воената акција против ИранАмериканскиот сенат усвои резолуција со која од Трамп се бара да ја прекине американската воена акција против Иран, што претставува сериозен политички притисок врз администрацијата во екот на конфликтот на Блискиот Исток.Со тоа, за првпат по донесувањето на законот за воени овластувања во 1973 година, двата дома на американскиот конгрес усвојуваат мерка со која се бара повлекување на американските вооружени сили од тековна воена операција. Гласањето ја одразува растечката загриженост кај дел од конгресмените, вклучително и некои републиканци, поради конфликтот што започна на 28 февруари, кога САД и Израел започнаа воени напади врз Иран. Иако резолуцијата најверојатно нема директно да ја запре воената кампања, таа се смета за значаен политички удар за Трамп, кој долго време уживаше речиси целосна поддршка од сопствената партија во конгресот. Трамп остро реагираше на одлуката на сенатот, оценувајќи ја како „бесмислена и лошо темпирана“, а пратениците кои гласаа за резолуцијата ги обвини дека со своите постапки му одат во прилог на Иран.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИнтерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски Денеска на собраниска седница е интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратениците од опозицијата.Го обвинуваат министерот Тошковски за креирање на „приватна партиска полиција заради владино прикривање и таргетиран политички реваншизам кон опозицијата“; командна одговорност за полициските пропусти кои доведоа до трагедијата во Кочани; непостапување на македонската полиција во случаи на семејно, врсничко и родово базирано насилство и говор на омраза. Меѓу другото, забележуваат и за, како што наведуваат, непрофесионални „двојни стандарди“ при постапувањето на полицијата со различно однесување за исти или слични случаи проследено со злоупотреба на овластувањата при употреба на сила. Ова е трета интерпелација за министерот Тошковски.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДенеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјаваДенеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава. Проектот е воспоставен во рамки на европската заедница за пресметување со високи перформанси, кофинансиран од Европската унија и координиран од факултетот за компјутерски науки и инженерство при УКИМ во соработка со министерството за дигитална трансформација. Проектот е од важност за зајакнување на дигиталниот суверенитет, забрзување на дигиталната трансформација, поттикнување на иновациите во јавната администрација, подобрување на одлучувањето засновано на податоци и создавање можности за истражување, претприемништво и технолошки развој. Има за цел и да ја зајакне соработката меѓу институциите, универзитетите, истражувачките центри, организациите на граѓанското општество и деловната заедница.Тагови: Везилка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook