Мишел ја откажа денешната посета на Подгорица - Канал 5

Мишел ја откажа денешната посета на Подгорица

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел ја откажа најавената посета на Црна Гора, а планираните разговори ќе ги има со претседателот на Црна Гора Јакоб Милатовиќ во Брисел.

Мишел ја откажа денешната посета на Подгорица

„Се договоривме да се сретнеме во Брисел во вторник (2 јули). Важно е Црна Гора да остане фокусирана на европскиот пат“, напиша Мишел на платформата Х. Извори од Европскиот совет потврдија дека Мишел ја одложил закажаната посета на Црна Гора на 2 и 3 јули „за да обезбеди успешни разговори со клучните соговорници во земјата, кои не треба да бидат во сенка на последните случувања“, објави Радио Слободна Европа.

Портпаролот на Европскиот совет истакна дека е важно Црна Гора да остане на патот кон ЕУ, по значајната меѓувладина конференција на позитивен ИБАР.

Според претходно планираната агенда, Мишел во Подгорица требаше да се сретне со претседателот на државата Јакоб Милатовиќ на 2 јули, а еден ден подоцна и со премиерот Милојко Спајиќ како и со претседателот на Собранието Андрија Мандиќ, вклучително и говор пред членовите на собранието.

Од РСЕ наведуваат дека посетата е откажана откако Собранието на Црна Гора на 28 јуни ја усвои Резолуцијата за геноцид во Јасеновац.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Куманово, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 03.08.2026 во 13:15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.П. (19) од Куманово, затоа што при претрес во неговиот дом во Куманово, извршен по судска наредба, била пронајдена марихуана. 

Претрес во Куманово, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Факти наместо хистерија и паника од СДС и Филипче, Евростат потврдува раст на куповната моќ на минималната плата во Македонија

​Додека СДС и Венко Филипче се обидуваат да креираат паника и негативна перцепција, фактите и официјалните податоци од релевантните меѓународни институции покажуваат поинаква слика.

ВМРО-ДПМНЕ: Факти наместо хистерија и паника од СДС и Филипче, Евростат потврдува раст на куповната моќ на минималната плата во Македонија

Најновите податоци на Евростат укажуваат на подобрување на куповната моќ на минималната плата во Македонија, што претставува објективен показател за економските движења.

Според најновите податоци од Евростат, мерено според куповната моќ, вредноста на бруто минималната плата во Македонија во јули 2026 година е повисока во споредба со седум земји членки на ЕУ, таа е повисока од сите земји од Западен Балкан и од Турција.

Меѓу 27-те земји, Македонија се наоѓа на 16-то место на листата. Пресметката за Македонија покажува 1.142 ППС. Тоа е повисок „минималец“ отколку во Србија која е веднаш зад неа со 1.094 ППС, Црна Гора со 1.014 и Албанија со 705 ППС, која всушност е и на последното место. На првата позиција се наоѓа Германија со 2.164 ППС, а зад неа е Луксембург со 2.108.

Според пресметките на Евростат со минималец во Македонија може да се купи повеќе отколу во Србија и Црна Гора.

И покрај тоа што граѓаните и понатаму се соочуваат со предизвици поврзани со трошоците за живот, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да креира и спроведува мерки насочени кон подобрување на животниот стандард.

Растот на минималната плата, заедно со економските политики за поддршка на граѓаните и стопанството, придонесува за постепено зголемување на куповната моќ, што е потврдено и со најновите податоци на Евростат.

Овие податоци претставуваат јасен показател дека политиките насочени кон подобрување на животниот стандард и растот на платите даваат резултати. Континуираното зголемување на минималната плата придонесува за поголема куповна моќ на граѓаните, подобра економска сигурност и поголема конкурентност на државата во регионот.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на креирање политики што ќе обезбедат понатамошен раст на платите, подобри услови за работа и повисок квалитет на живот за сите граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош: Нови хидрофори в ООУ „Аврам Писевски“ и ООУ „Владо тасевски“

Општина Карпош продолжува со реализација на активности насочени кон унапредување на условите за работа и подобрување на безбедноста во основните училишта на својата територија.

Општина Карпош: Нови хидрофори в ООУ „Аврам Писевски“ и ООУ „Владо тасевски“

Во рамки на овие активности, во ООУ „Аврам Писевски“ во населеното место Бардовци и во ООУ „Владо Тасевски“ во населбата Козле, специјализирана фирма постави нови хидрофори, со што се придонесува кон подобрување на функционалноста на хидрантската и водоводната мрежа во овие училишни објекти.

Средствата за реализација на активноста се обезбедени од Буџетот на Општина Карпош, согласно предвидената годишна програма на Одделението за заштита и спасување.

Оваа активност претставува дел од континуираните заложби на Општина Карпош за создавање побезбедни и поквалитетни услови за престој и работа на учениците, наставниот кадар и вработените во основните училишта.

Во наредниот период, Општина Карпош планира продолжување на активностите за обнова и унапредување на хидрантско-водоводната мрежа и во преостанатите осум основни училишта на територијата на локалната самоуправа.

Општина Карпош останува посветена на континуирано вложување во подобрување на училишната инфраструктура и унапредување на безбедноста во основните училишта.

Општина Карпош

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер