Мишел Фајфер за нејзиниот живот како баба - Канал 5

Мишел Фајфер за нејзиниот живот како баба

Холивудската ѕвезда Мишел Фајфер објави дека станала баба и сподели како тоа влијаело на нејзиниот професионален живот. 

Мишел Фајфер за нејзиниот живот како баба

Во емисијата „Смартлес“ (Smartless) со Џејсон Бејтман, Шон Хејс и Вил Арнет како водители, трипати номинираната за „Оскар“ вели дека внучето е „рајско“ искуство.

- Неверојатно е. И да знаев дека ќе станам баба, немаше да преземам толку многу работа, но уживав во сè и сум многу благодарна. Ги обожавам сите овие проекти, рече Фајфер, осврнувајќи се на нејзините неодамнешни обврски, вклучувајќи ја и серијата „Медисон“ (The Madison) којашто е одгранок-продолжение на „Јелоустоун“, божиќната комедија „О, каква забава“ (Oh. What. Fun) и ТВ-адаптацијата на романот „Марго има проблеми со парите“ (Margo’s Got Money Troubles) на Руфи Торп.

Фајфер, инаку, има посвоена ќерка - Клаудија Роуз, и синот Џон Хенри.

- Многу сум благодарна. Многу сум благодарна затоа што ја сакам глумата... Всушност, веројатно сега уживам повеќе од кога било затоа што сум порелаксирана, додаде глумицата.

Филмската ѕвезда има долга кариера и во филмот и во телевизијата, а можеби најпозната е по улогите во филмовите „Скарфејс“ (1983), „Бетмен се враќа“ (1992) и ТВ-серијата „Првата дама“ (2022).

- Навистина немам време да размислувам за ништо друго освен - задачата што ја имам, изјави таа, напомнувајќи дека пред неколку години основала и своја компанија за парфеми. - Но, кога се појавија сите овие актерски проекти, си помислив: Добро, добро, како ќе можеш „да жонглираш“ со сè тоа и да имаш личен живот? ...Бидејќи тоа не ми било секогаш лесно. Јас сум личност од типот „сè или ништо“! Секогаш сакам да прифаќам предизвици, а потоа влегувам во тоа и - „или тонеш или пливаш“, и од некоја причина тоа е она што ме енергизира, нагласи таа.

Фајфер вели дека „нема време, ниту желба да навлезе во тие длабочини“ а да не ужива во мигот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Компании поврзани со наводната кинеска шпионка финансирале 270 милиони долари за AI-опрема во Кина

Компании поврзани со наводната кинеска шпиунка Алис Хуанг која имаше афера со првиот човек на Нвидија финансирале набавка на компјутерска опрема за центри за вештачка интелигенција во Кина, покажуваат документи пишува  „Ројтерс“.

Компании поврзани со наводната кинеска шпионка финансирале 270 милиони долари за AI-опрема во Кина

Според записите на Кинеската централна банка, станува збор за 764 сервери и AI-модули во вредност од 270 милиони долари, како и дополнителна опрема вредна 31 милион долари.

Голем дел од опремата се наоѓа во центар за податоци во Шангај, развиен во партнерство со технолошкиот гигант „ТЕНСЕНТ“документите покажуваат дека компании поврзани со семејството и соработниците на Хуанг учествувале во финансирањето на кинеската индустрија за вештачка интелигенција.

Случајот добива дополнително внимание поради истрагите дали нејзината компанија „Мегаспид“, со седиште во Сингапур, им помагала на кинески клиенти да дојдат до ограничени процесори на „Нвидиа“.Во понеделникот, американското министерство за трговија ја стави „Мегаспид“ на црната листа за трговија. Нејзината врска со извршниот директор на компанијата, Јенсен Хуанг, предизвика дополнителни проверки на деловните врски на „Нвидиа“ со Кина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка

Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе присуствува на надзорната расправа посветена на „АЛТА банка“. Како што потврдија од нејзиниот кабинет за Канал 5, нејзината агенда била прилагодена да може да биде присутна на расправата, која почнува во 11 часот во Комисијата за финансирање и буџет, а потоа да се посвети на активностите

За состанокот на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони в петок, чиј домаќин е таа.. Вчера од СДСМ ја прозваа Сиљановска дека по втор пат не одговорила на поканата за присуство на расправата.

На првата надзорна расправа која се одржа пред две недели сведочеа Мицкоски, Славески, министерката Димитриеска-Кочоска, вицегувернери, претставници на државни органи и граѓански организации, како и јавниот обвинител Ненад Савески.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Студено утро, дневната температура ќе достигне до 12 степени

Утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот променливо облачно, информираат од УХМР.

Студено утро, дневната температура ќе достигне до 12 степени

Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Скопје, сончево и постудено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 6 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Утре утрото ќе биде ведро и студено насекаде со негативни утрински температури. Преку денот облачноста постепено ќе се зголемува и од крајот на утрешниот ден до недела следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат умерени, а наместа и пообилни (над 30 l/m² за 24h). Поради заладување во деновите од викендот се очекува врнежите да бидат од дожд и снег. Во четврток ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер