Швајцарија воведува ограничување на брзината на автопатиштата на 80 км/час- причината е недостиг на гориво
2Швајцарија воведува ограничување на брзината на автопатиштата на 80 км/час- причината е недостиг на гориво
3 По Пентагон, и Европската комисија реши да реагира по сајбер нападите на фрижидери во супермаркетите
3Вселенската опсерваторија на НАСА паѓа од орбитата- ќе има спектакл, се очекува огнена топка на небото
БалканМишел: ЕУ не смее да дозволи Западниот Балкан да западне во „сива зона“Тој потенцира дека би било апсурдно ако ЕУ не го забрза пристапувањето на земјите кандидати за членство, но дека тој процес не е само одговорност на Унијата. Имајќи ги предвид најновите случувања, се уште сум апсолутно убеден, повеќе од кога било, дека кандидатите за членство во ЕУ би можеле да бидат подготвени за прием во Унијата до 2030 година, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел во интервју за Европската новинска редакција (ЕНР), чиј дел е и МИА. - Ако сакаме поголема стабилност, поголема безбедност, просперитет во иднина, не смееме да дозволиме земјите од Западниот Балкан да западнат во „сива зона“, каде некои други ќе играат игри за да ги дестабилизираат тие држави и нивните институции, да ја дестабилизираат ЕУ и да ги дестабилизираат вредностите и демократските принципи, порача Мишел. Тој потенцира дека би било апсурдно ако ЕУ не го забрза пристапувањето на земјите кандидати за членство, но дека тој процес не е само одговорност на Унијата. - Ние имаме домашна задача што мораме да ја завршиме. Затоа ја имаме Стратешката агенда за да се подготвиме за ова идно проширување, кое знаеме дека ќе има последици, вклучително и во однос на финансиската солидарност и во однос на процесот на одлучување, истакна Мишел, додавајќи дека европските лидери сепак се свесни оти ЕУ треба да се подготви за идното проширување и покрај политичките предизвици. Тој потенцира дека ЕУ мора да биде поагилна во остварувањето поголем напредок по однос на проширувањето, но, според него, и земјите кандидати за членство имаат свои домашни задачи и тие точно знаат што треба да направат. - Тие треба да се усогласат со законодавството на ЕУ, од една страна, и треба да го подобрат раководењето со борбата против корупцијата, за да бидеме сигурни дека ја споделуваме истата правна рамка, изјави Мишел. Претседателот на Советот на ЕУ потенцира дека тоа е она што се бара од кандидатите за членство во делот на реформите што треба да ги спроведат, но исто така, треба и да ги разрешат споровите, што претставува серозен предизвик. - Би рекол дека веројатно најтешки се споровите, а понекогаш И најпредизвикувачки се споровите меѓу нив и некои од нашите земји членки, смета Мишел. Според него, овие спорови, порано или подоцна, би можеле лесно да се решат ако се гледа кон иднината и ако ЕУ биде сфатена како приоритет. - Потребно е да се разрешат, бидејќи тие претставуваат пречка за постигнувањето напредок, потенцира Мишел, додавајќи дека тоа е прашање на политичка волја. За разлика од земјите од Западниот Балкан, според него, Украина, Грузија и Молдавија се соочуваат со „некои други предизвици“, но лидерите на ЕУ направиле „визионерски избор“ кога донесоа одлука на овие три држави да им доделат кандидатски статус. - Нема причина да се одолговлекува. Напротив, колку повеќе одолговлекуваме, толку повеќе им дозволуваме на некои други кои немаат исти вредности, исти принципи и интереси со нас, да го искористат нашето одолговлекување за да не доведат во проблеми, вели Мишел во интревјуто за ЕНР/МИА. Во врска со можноста за промена на принципот на едногласност при носењето одлуки поврзани со проширувањето, Мишел вели дека преовладува мислењето дека консензусот претставува пречка во овој процес и дека тоа правило би требало да се смени. Тој потенцира дека повеќето од одлуките во Унијата се носат со квалификувано мнозинство, а дека принципот ба решавање со консензус е ограничен само на некои конкретни теми, како надворешните работи, одбраната, безбедноста... - Но, само сакам да предупредам, ако пребрзо одиме кон откажување од принципот на едногласност, тогаш резултатот би бил или би можел да биде дека нема да го направиме она што е потребно во градењето на заеднички позиции, смета Мишел, оценувајќи дека тоа би можело да предизвика „извесна фрустрација“ и поделби во Советот на ЕУ и тие поделба да станат „нова нормалност“ за Унијата. Според него, работите не се „црно-бели“ и не може да се каже дека консензусот е катастрофа, а мнозинското одлучување би било подобро мислење, тука треба да се најде некое средно решение. - Мислам дека треба да биде можно да се идентификуваат неколку принципи за да се овозможи правото на вето кога се загрозени или се во опасност клучните национални интереси, потенцира Мишел, додавајќи дека сепак мора да се најдат начини за да спречи злоупотреба на правото на вето./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеНавика што придонесува за намалување на „лошиот“ холестеролЕкспертите истакнуваат дека редовното вежбање може значително да помогне во намалувањето на лошиот холестерол (LDL). Според лекарите, LDL холестеролот често се нарекува „лош“ бидејќи неговото високо ниво во крвта доведува до насобирање во артериите како плаки. Со текот на времето, овие наслаги можат да ги стеснат крвните садови и да го зголемат ризикот од срцев удар, мозочен удар и други кардиоваскуларни компликации. При регулирање на холестеролот најчесто се говори за промена на начинот на исхрана, но според лекарите клучна е и друга дневна навика, а тоа е редовното вежбање. Како вежбањето го намалува „лошиот“ холестерол (LDL) За време на вежбањето, мускулите трошат повеќе енергија, а телото постепено станува поефикасно во користење на мастите како извор на енергија. Овие промени можат да влијаат на тоа како телото ги обработува мастите и холестеролот, придонесувајќи за намалување на нивоата на LDL во крвотокот, иако ефектот варира од личност до личност. Редовната физичка активност, исто така, ја подобрува осетливоста на инсулин и контролата на шеќерот во крвта. Бидејќи покачениот шеќер во крвта и инсулинската резистенција се поврзани со нарушувања на метаболизмот на мастите, подобрената осетливост на инсулин може да има корисен ефект и врз преработката на мастите и производството на холестерол во црниот дроб. Вежбањето може да помогне и во намалување на хроничните воспаленија поврзани со развојот на атеросклероза - натрупување на плаки во артериите. Понатаму, физичката активност може да ги зголеми нивоата на HDL, или „добар“ холестерол, што помага во транспортот на вишокот холестерол од крвотокот до црниот дроб, каде што се преработува и излачува. Сепак, едноставното зголемување на нивоата на HDL не гарантира подобри резултати за здравјето на срцето; напротив, редовното движење придонесува за поповолна целокупна рамнотежа на липидите во крвта. Придобивките од вежбањето не се само физички. Луѓето кои почнуваат редовно да вежбаат често усвојуваат здрави навики, како што се подобра исхрана, подобрен сон и поефикасна контрола на реакцијата на стрес. Заедно, овие промени можат дополнително да помогнат во одржувањето на здрави нивоа на LDL холестерол и намалувањето на кардиоваскуларниот ризик. Колку и каков вид вежбање? За оптимални резултати, експертите препорачуваат комбинација од различни активности, и аеробните вежби – како што се брзо одење, возење велосипед, пливање или трчање, и тренингот за сила се корисни. Се препорачува неделно да практикувате најмалку 150 минути аеробна активност со умерен до висок интензитет, како и два дена тренинг за сила. Доколку имате какви било здравствени проблеми, консултирајте се со лекар пред да започнете нова програма за вежбање. Што друго помага во намалувањето на „лошиот“ холестерол? Покрај редовното вежбање, исхраната со ниска содржина на заситени масти и богата со растителни влакна, овошје, зеленчук - е клучна за намалување на холестеролот. Одржувањето здрава тежина, избегнување на тутунот и никотинските производи, редовната контрола на крвниот притисок и дијабетесот дополнително го намалуваат кардиоваскуларниот ризик. Квалитетот на сонот влијае на метаболизмот на холестеролот, па погрижете се да спиете седум до девет часа ноќе. Доколку промените во животниот стил не се доволни, лекарот може да ви помогне да ги следите вашите резултати и да препорача третман доколку е потребно. Извор: index.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
НаукаШто гледаат луѓето пред смртта- научниците споредиле искуства на 50 лица Од сите искуства поврзани со искуства блиску до смртта (NDEs), ниту едно не е толку познато како светлината на крајот од тунелот.Луѓето кои биле на работ на смртта, па дури и оние кои биле мртви неколку моменти, понекогаш опишуваат движење низ темнина, како тунел, кон портал на светлина, премин во друг свет, објавува ScienceAlert. Сликата станала толку вкоренета во популарната култура што станала моќен симбол на крајот на животот. Сепак, не сите преживеани блиску до смртта виделе тунел. Некои опишале огромен, осветлен простор, закривен хоризонт или чувство дека се опкружени со светлина, според студија на 50 преживеани блиску до смртта. Истражувачот за неврофеноменологија Франс Лернер од Универзитетот во Хаифа во Израел и нејзините колеги сакале визуелно да пристапат кон прашањето, верувајќи дека тоа ќе открие обрасци што зборовите не можат, објави веб-страницата. На учесниците им било кажано да нацртаат облик на простор што го паметат дека го доживеале и да опишат каде се доживуваат себеси во него, како се движат низ него и какви бои се сеќаваат. Потоа научниците составиле база на податоци од овие реконструкции и ги споредиле, барајќи сличности во геометријата на просторите. Откриле дека конусните простори, кои го вклучувале познатиот тунел, се повторувале често, како и широките, закривени простори како лакови. Учесниците исто така често цртале простори кои изгледале како целосно да го опкружуваат набљудувачот, како што е внатрешноста на сфера или овал. Од 28-те конусни простори што ги реконструирале учесниците, 22 биле црни, бели или сиви, или во светлина без препознатлива нијанса. Од друга страна, 27 од 31 широки, закривени простори биле перцепирани во боја. Според Лернер и нејзините колеги, истражувањата за невронауката и перцепцијата веќе документирале некои слични визуелни односи. Еден пример е тунелскиот вид, кој може да се појави кога е нарушено снабдувањето со кислород до мрежницата или мозокот, стеснувајќи го видното поле. Според неа, доминацијата на црната, белата и сивата боја во простори слични на тунел има научно објаснување поврзано со човечкиот вид. Во услови на слаба осветленост, нашите очи стануваат помалку чувствителни на бои бидејќи клетките чувствителни на светлина одговорни за гледање во темнина преземаат контрола. Иако истражувачите претходно идентификуваа повторливи карактеристики кај луѓе кои доживеале искуства близу до смртта, како што се тунели и светла, малку внимание е посветено на просторната структура на овие искуства или на тоа како луѓето се перцепираат себеси додека се движат низ нив. Студијата е објавена во списанието „Frontiers in Psychology“.Тагови: научниците смртта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаКарикатурист е осуден на четири години затвор- нацртал карикатура на кралот на Мароко Мароканскиот карикатурист Јасер Мунбир е осуден на четири години затвор за „навреда на кралот“ по објавувањето на карикатура од Мухамед VI, објави денес неговиот адвокат.Судот во Казабланка, исто така, му наложи на карикатуристот да плати казна од 40.000 дирхами, или 3.600 евра. Неговиот адвокат, Фарук Мехдауи, објави дека ќе поднесе жалба на пресудата. Член 179 од мароканскиот кривичен законик забранува „клевета, навреда или нарушување на приватноста на кралот“, а таквите дела се казнуваат со затвор од шест месеци до две години. Во случајот на 22-годишниот Јасер Мунбир, казната е двојно зголемена бидејќи цртежот е објавен онлајн, објави „Ле Фигаро“. Мунбир беше уапсен во јуни откако цртал и објавил карикатура од кралот на Мароко на својот Инстаграм профил. Мароканското здружение за човекови права (AMDH) побара негово ослободување. Активистите за човекови права во Мароко побараа укинување на законите за кои велат дека ја ограничуваат слободата на изразување, како и помилување на осудените за објави на социјалните мрежи, пишува Фигаро.Тагови: карикатура Мароко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook