Мисајловски: Владејачкото мнозинство со европско знаменце, сака да го протнеЗаконот за учебници

Револтот кон новата концепција за реформи во основното образование достигнува кулминација откако се слушна најавата дека ќе се заменуваат печатените учебници со дигитални учебници. 

На денешната Собраниска седница за Законот за учебници пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски посочи дека владејачкото мнозинство манипулира и го злоупотребува европското знаменце. Не може ваков битен закон да се носи во Собранието, па да се повлекува, без дебати, без дискусии, за да на крајот се усвои со ЕУ знаменце.

-Револтот кон новата концепција за реформи во основното образование достигнува кулминација откако се слушна најавата дека ќе се заменуваат печатените учебници со дигитални учебници. Не слушнавме од Министерството за образование ниту една издржана, убедлива анализа, ниту еден стратешки документ што планираат.

Како планирате сето ова да го изведете. Некои брзоплети закони стигаат во Собранието, но нема јавна расправа. Гледате колку гнев, колку револтирани наставници, родители, студенти и ученици ги слушаме секој ден. Дали има образовна и темелна стратегија за се ова што го правите. Еве јас не само како пратеник, туку како и родител на две дечиња сакам да слушнам од вас детална анализа што подготвувате и зошто го повлековте законот, а сега го очекуваме со ЕУ знаменце, рече од собраниската говорница Мисајловски.

Не знам дали знаете дека се собира петиција, продолжи тој за укинување на сите овие реформи, особено за Законот за учебници.

-Додека јас зборам тука, ученици се гасат од онлајн наставата и повикуваат на бојкот, се најавуваат пресови пред вашето Министерство за да покажат револт кон се она што се случува. А од ваша страна гледаме само една ароганција и сила за да донесете закон со европско знаменце. Законот што стигна во Собрание требаше сите јавно да го расправаме. Да дебатираме, да поднесеме амандмани и нешто да прифатевте. Со ова повлекување што го направивте сакате да покажете дека ќе го донесете овој закон со сила. Ова чист пример на манипулација и злоупотреба на европското знаменце, истакна Мисајловски.

И во нај развиените земји во светот не планираат целосно да преминат во дигитализација на образовниот систем.

Затоа рече тој, печатени учебници ќе има, сакале вие тоа или не.

-Ние како родители ќе обезбедиме учебници. Ве убедувам во тоа. Дали за тоа казни ќе препишете, не е важно, учебници повторно ќе има. Околу 25 до 40 илјади дечиња во основното образование не можат технички помагала да имаат за следење на наставата. А Уставот предвидува сите граѓани треба да бидат еднакви. Вака на сила, со ароганција само ќе удрите во ѕид. Се собираат групи на социјалните мрежи од околу 70 илјади граѓани, каде што има револт, а гледам во тие групи и пратеници од СДСМ пишуваат и граѓаните им возвраќаат со гнев. А на крајот од денот кој ќе трпи, ќе трпат учениците, посочи Мисајловски.

Избран е најдобриот фудбалер во Бундеслигата

Флоријан Вирц (21) од шампионот Баер Леверкузен е избран за играч на сезоната во Бундеслигата, откако играчот од средниот ред му помогна на својот клуб да ја освои титулата, објави Германскиот фудбалски сојуз.

За наградата одлучуваат гласовите на навивачите (40 проценти), клубовите (30 проценти) и експертите (30 проценти).

Леверкузен е првиот тим што ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз и се уште е непоразен во сите натпреварувања оваа сезона, односно на 51 натпревар. Виртц, кој игра на позицијата офанзивен играч за врска, имаше 11 гола и 12 асистенции во Бундеслигата или 18 гола и 20 асистенции на 47 натпревари во сите натпреварувања.

Меѓу другото, тој дојде од клупата за да постигне хет-трик во победата од 5-0 над Вердер Бремен во април, со што Баер ја освои титулата во Бундеслигата на пет кола до крајот. Тимот од Леверкузен на чело со тренерот Чаби Алонсо сезонава може да ја освои тројната круна бидејќи ги очекува финалето во Лига Европа против Аталанта и финалето од Купот на Германија против Кајзерслаутерн.

Настапите му донесоа на 21-годишниот Вирц три награди за играч на месецот оваа сезона. Тој исто така беше именуван во прелиминарниот тим на Германија за Евро 2024, постигнувајќи го единствениот гол во победата на Германија со 1-0 над Франција на пријателскиот натпревар во март.

Според Трансфермаркт, сајт специјализиран за проценка на вредноста на фудбалерите, Виртц вреди 110 милиони евра. Како што се наближува трансфер рокот, светските медиуми пишуваат како најголемите европски клубови сакаат да го доведат. Тој има договор со Баер до летото 2027 година.

Избори во Индија: Комисијата патувала 7 часа за да може да гласа семејство, помогнала војската

Пет луѓе од исто семејство во зафрлено хималајско село денеска гласаа на изборите во Индија на сопствено избирачко место, откако официјалните лица патувале седум часа за да им дозволат да го дадат својот глас, позајмувајќи ја струјата од војската.

Вчера, официјалните лица ја подигнале опремата за гласање во Лех, главниот град на хималајската федерална територија Ладах, и се качија во автобус за 180-километарското патување до Варша, каде единствените гласачи беа 23-годишната Ринчен и нејзините родители и баба и дедо. .

Лоциран на околу 20 километри од глечерот Сијачен, бојното поле на највисока височина во светот каде Пакистан и Индија се судираат со децении, Варши е достапен по пат, но нема струја, нема интернет и нема амбуланта.

Кога генераторот што го носеле се расипал, службениците се обратиле до индиската армија за помош.

„Оваа област е единствена. Владата отвори избирачко место само за една куќа“, рече претставникот на изборната комисија Фончок Стобдан.

Ринхен, која сега првпат гласа, се надева дека нејзиниот глас ќе помогне и да се реши проблемот со недостигот на инфраструктура.

Индија гласа во седум фази на изборите кои започнаа на 19 април, а треба да завршат на 1 јуни.

Денеска штотуку започна петтата фаза од гласањето.

Во Тексас се собрале 706 мажи со име Кајл, но недоволно - рекордот останува во Босна (ВИДЕО)

Уште еден обид на градот Кајл во Тексас да го собори светскиот рекорд за најголем собир на луѓе со исто име не успеа и покрај тоа што 706 мажи по име Кајл од сите возрасти се појавија во парк во предградието на Остин.

Рекордот го држи градот Купрес во Босна, кој собра 2.325 Ивани во 2017 година, според Гинисовата книга на рекорди, пренесе АП.

Ова не е прв пат мажите по име Кајл да се обидат да го победат Иван.

Минатата година, во градот кој се наоѓа на околу 90 километри јужно од Остин, главниот град на американската сојузна држава Тексас, се собраа 1.490 мажи по име Кајл.

Кајл не е едно од најпопуларните имиња во САД, според Администрацијата за социјално осигурување, која годишно ги следи имињата што им се даваат на девојчињата и момчињата во секоја американска држава.

Најновите податоци покажуваат дека Кајл бил рангиран на 416-то место меѓу машките имиња во 2023 година, додека Иван, за споредба, бил рангиран на 153-то место.

притисни ентер