Мисајловски учествува на средба на министрите за одбрана на НАТО во Брисел

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во Брисел учествува на средба со неговите колеги од земјите членки на НАТО, на која главни теми се подготовките за Самитот на Алијансата во Хаг во јуни, зголемувањето на трошоците за одбраната...

Мисајловски учествува на средба на министрите за одбрана на НАТО во Брисел

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во Брисел учествува на средба со неговите колеги од земјите членки на НАТО, на која главни теми се подготовките за Самитот на Алијансата во Хаг во јуни, зголемувањето на трошоците за одбраната, зајакнувањето на трансатлантскиот одбранбен индустриски капацитет, состојбата во Украина и руската кампања за дестабилизирачки активности.

Средбата ќе започне со заседание на Северноатлантскиот совет на ниво на министри за одбрана, по што ќе следи церемонија на потпишување на Писма за намери и Меморандуми за разбирање за мултинационална соработка.

Работниот ручек на министерската средба ќе биде во форма на неформално заседание на Советот НАТО-Украина, на кој ќе присуствуваат и украински министер за одбрана Рустем Умеров и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и одбранбена политика Каја Калас.

Вчера во пресрет на денешната министерска средба се одржа и состанок на Контакт групата за одбрана на Украина, чиј домаќин беше британскиот државен секретар за одбрана Џон Хили и на кој присуствуваа министри и високи претставници на 50-тина земји, меѓу кои и Мисајловски, како и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте и високата претставничка на ЕУ, Калас.

Руте вчера на прес-конференција пред денешниот состанок, порача дека Алијансата има јасни планови како да ги заштити своите една милијарда жители, но немаме се што и е потребно за нивно целосно спроведување доколку тоа биде неопходно, па затоа треба да се постават нови амбициозни цели за зајакнување на одбраните капацитети што ќе овозможат одвраќање и одбрана.

Руте нагласи дека лани членките на НАТО од Европа и Канада инвестирале 485 милијарди американски долари во одбраната, што е за речиси 20 отсто зголемување во споредба со 2023 година, како и дека очекува уште поголеми одбранбени трошоци оваа година и дополнителни инвестиции за правична прераспределба на товарот за одбраната на Алијансата.

Според Руте, на заседание на Северноатлантскиот совет министрите ќе се фокусираат и на зајакнување на одбранбениот индустриски капацитет, вклучително и преку преку ажуриран Акциски план за одбранбено производство.

- Треба да отидеме подалеку и побрзо, рече Руте, нагласувајќи ја итната потреба од зголемување на производствени капацитети ширум Алијансата.

Тој најави дека дополнително на состанокот ќе се разговара за дестабилизирачките активности на Русија против сојузниците на НАТО, вклучително и преку саботажи, обиди за атентат и напади врз критична инфраструктура.

Клучна точка на агендата на неформално заседание на Советот НАТО-Украина, ќе биде поддршката на Алијансата и нејзините земји членки за Киев.

- Сојузниците не само што ги исполнија своите ветувања. Тие и значително ги надминаа, рече Руте, потенцирајќи на дека ланскиот Самит на НАТО во Вашингтон, сојузниците ветија дека во 2024 година на Украина ќе и дадат 40 милијарди евра одбранбена помош, а досега обезбедија над 50 милијарди евра, од кои над половина доаѓаат од европските земји и од Канада.

Инаку, од започнувањето на руската агресија врз Украина, земјава има донесено 15 одлуки за хуманитарна и воено-техничка помош и поддршка на Украина во одбраната на нејзината независност и територијален суверенитет.

Бугарија од САД ќе купи „убијци на тенкови“ во вредност од над 80 милиони долари

Бугарскиот парламент денеска го одобри купувањето на противтенковски наведувани ракети „Џавелин“ од САД, вредни 82,7 милиони долари, за модернизација на армијата на земјата и заштита на територијалниот интегритет на Бугарија.

Бугарија од САД ќе купи „убијци на тенкови“ во вредност од над 80 милиони долари

Во септември, американскиот Стејт департмент ја одобри можната продажба на ракетите ФГМ-148Ф Џавелин, познати и како „убијци на тенкови“, и поврзаната опрема на Бугарија за 114 милиони долари.

Набавката ќе обезбеди проектили неопходни за борбените возила „Страјкер“, кои Бугарија се согласи да ги купи од Соединетите држави за 1,5 милијарди долари во 2023 година, рекоа пратениците.

БТА јави дека 164 пратеници гласале за договорот во 240-члениот парламент.

Бугарија, членка на НАТО и на Европската унија, ги засили напорите да ги замени застарените системи за оружје од советската ера со модерни по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година. Земјата, исто така, планира да го зголеми производството на оружје како дел од планот на ЕУ за зголемување на средствата за одбрана за земјите-членки, пренесе Ројтерс.

Шефицата на ЕУ дипломатија на удар на критики: Како да сме во војна со Русија

Новиот почеток на Каја Калас на чело на дипломатијата на Европската унија беше сè само не мирен.

Шефицата на ЕУ дипломатија на удар на критики: Како да сме во војна со Русија

На првиот ден од нејзиниот мандат, за време на посетата на Киев, Калас објави: „Европската унија сака Украина да победи во оваа војна“.

Оваа изјава, иако е во согласност со политиката на многу земји-членки, предизвика немир во Брисел. На некои европски дипломати им пречеше фактот што новиот шеф на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), според нивното мислење, ја премина границата на вообичаената дипломатска реторика на првиот ден.

„Таа се однесува како да е премиер“, изјави еден европски дипломат за Политико, барајќи анонимност, како и девет други функционери кои ја критикуваа Калас за, како што рекоа, серија непромислени потези во нејзините први месеци на функцијата.

Без консултации и со преголема амбиција

Официјалните лица ја критикуваат дека дејствувала без претходни консултации, наметнува амбициозни предлози без поддршка од главните членки и зазема исклучително остар став кон Русија, што не го делат сите земји-членки, вклучително Шпанија и Италија, како и Унгарија и Словачка. „Кога го слушате, звучи како да сме во војна со Русија, а тоа не е официјалната линија на ЕУ“, рече еден висок функционер.

По враќањето од Минхенската безбедносна конференција во февруари, Калас на членовите им испрати документ од два и пол часа во кој предлага ЕУ итно да собере милијарди евра за воена помош за Украина, особено откако американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ја минимизира Русија како закана.

Без предупредување, документот пристигна во неделата навечер, непосредно пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ. Калас побара секоја земја да учествува во согласност со големината на нејзината економија, што беше обид да се принудат поголемите земји, како што е Франција, да го зголемат својот придонес. Но, многумина тоа го доживеаја како принуда. Поради силно противење, Калас беше принуден да го намали тонот на предлогот, а првиот чекор сега бара само 5 милијарди евра за артилериска муниција.

„Дојде со празни раце“

Иако е погодена од критики, Калас сè уште има поддршка од некои северни и источни членови. Данската премиерка Мете Фредериксен, на пример, продолжува да ја поддржува.

Официјален претставник на ЕЕАС го бранеше нејзиниот стил, велејќи: „Тие ја ангажираа поранешната премиерка со причина - не за тивко да се умерени, туку за да ги туркаат работите напред. Ако самите лидери велат дека на Украина ѝ треба повеќе помош, тогаш е време за акција, а не само за зборови“.

На крајот на февруари, нејзината закажана средба со американскиот државен секретар Марко Рубио беше откажана, наводно затоа што Калас однапред не дефинирала јасно што носи на маса.

„Таа само дојде со празни раце“, рече поранешен висок функционер на ЕУ, додека нејзиниот портпарол тврди дека средбата била потврдена и добро подготвена.

Тензии со Вашингтон

Тензиите дополнително се зголемија откако Калас, коментирајќи ја непријатната средба на претседателот Зеленски со Трамп и Џеј-Ди Венс, рече дека „на слободниот свет му треба нов лидер“. Таа изјава наиде на одобрување од делови од Европа, но и неодобрување од оние кои се обидуваат да го одржат мостот до Белата куќа под Трамп.

„Повеќето земји не сакаат дополнително да ги заоструваат односите со Америка. Таа реченица не е пораката што повеќето лидери би сакале да ја испратат“, рече еден дипломат.

И покрај критиките, многумина признаваат дека се уште е рано да се донесе конечна пресуда. „Поротата е надвор“, рече еден висок функционер на ЕУ. Во Брисел работите брзо се менуваат.

Патник пали запалка за време на лет- авионот принудно слетал во Денвер (ВИДЕО)

Авион на „Фронтиер ерлајнс“ на домашна линија меѓу Канзас Сити и Феникс бил пренасочен кон Денвер поради необичен инцидент во кабината.

Патник пали запалка за време на лет- авионот принудно слетал во Денвер (ВИДЕО)

Имено, еден од патниците упорно палел запалка за време на летот и покрај постојаното предупредување од кабинскиот екипаж да престане и да ја предаде запалката, објави Aviation24.

На видеото кое брзо се појави на социјалните мрежи, може да се види како патникот ги игнорира барањата на екипажот, што предизвика загриженост за безбедноста на другите патници и персоналот. Капетанот, по последното предупредување кое исто така не вродило со плод, донел одлука да го пренасочи авионот до најблискиот аеродром - во овој случај, Денвер.

При слетувањето, патникот бил приведен од органите на редот, по што, според пишувањата на медиумите, бил префрлен во блиската болница на медицинска евалуација.

Членовите на кабинскиот екипаж секојдневно се соочуваат со предизвици во одржувањето на редот и безбедноста во авионот, особено кога станува збор за непредвидливи испади на патници. Авионот подоцна продолжил до првобитната дестинација.

притисни ентер