Мисајловски: Триесет и трети роденден на Армијата - 33 години напредок, 33 години безбедност на татковината и сигурност на граѓаните - Канал 5

Мисајловски: Триесет и трети роденден на Армијата - 33 години напредок, 33 години безбедност на татковината и сигурност на граѓаните

-Денес, можам да потврдам дека столбовите на кои ја градиме Армијата и одбранбените сили стојат цврсто. 

Мисајловски: Триесет и трети роденден на Армијата - 33 години напредок, 33 години безбедност на татковината и сигурност на граѓаните

Македонската Армија денеска го слави својот 33-ти роденден, а тоа се 33 години напредок, 33 години безбедност на татковината и сигурност на граѓаните, истакна во свое обраќање на централната свеченост по повод одбележувањето на Денот на Армијата - 18 Август во Касарната „Јане Сандански“министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

-Денес, можам да потврдам дека столбовите на кои ја градиме Армијата и одбранбените сили стојат цврсто. Буџетирањето на одбраната е на високо ниво, а така и ќе продолжиме: Силно сме посветени да ја зајакнеме нашата одбрана со исполнување на заложбите за инвестиции во одбранбените ресурси согласно одлуките на Самитот на НАТО во Хаг, и сакам да се заблагодарам на Премиерот и на Владата за целата поддршка. Инвестициите во одбраната ги гледаме на дело. Средствата кои граѓаните ги вложуваат во нашата одбрана ги инвестираме плански и домаќински. А, резултатот го гледаме пред нас – во новите лесни оклопни и инженериски возила, во новите артилериски орудија „Боран“ кои неодамна ги промовиравме, во нова и напредна опрема која ни овозможува да кажеме: македонската Армија е НАТО Армија, вели Мисајловски.

Тој додаде дека минатата недела пристигнаа уште 29 нови лесни оклопни возила од американско производство со што бројот на овој тип возила наменети за македонската Армија се искачи на 67 од вкупно 96 кои се предмет на набавка. Министерот Мисајловски најави и дека годинава, арсеналот на возила ќе се зајакне и со пристигнување на дел од оклопните возила Stryker.

-Набавуваме и опрема за пешадија како вооружување со мал калибар – автоматски пушки, митралези, фрлачи на гранати, униформи, чизми и се што е потребно за нашите припадници беспрекорно да ги извршуваат своите задачи. Тука е и АБХО опремата, како и инженерските машини и опрема. Споменатите артилериски системи „Боран“ набавени од сојузничка Турција се веќе дел од армискиот арсенал. Набавуваме и напредна комуникациско – информатичка опрема и опрема за сајбер – одбрана и криптозаштита, која е дел од седумте договори кои ги потпишавме со САД од декември минатата година. Во овие договори се вклучени набавки за беспилотни системи, опрема за извидувачките и разузнавачките единици, опрема за специјални сили, лесно пешадиско вооружување, средства за лична заштита и Комплет за контрола на здружен оган. А покрај овие договори тука е набавката на системот за против оклопна борба JAVELIN кој ќе биде вграден во дел од оклопните возила JLTV и STRYKER, рече Мисајловски.

Тој истакна и дека во тек е и проектот за набавка на ,,Специјални возила за посебни намени“ со кој ќе се обезбеди опремување со товарни и специјални моторни возила кои ќе ја засилат мобилноста и снабдувањето на единиците на Армијата. Продолжува и набавката на нови хеликоптери кои значително ќе ни помогнат, вели, во овие периоди кога се справуваме со пожарите на целата територија.

-Армијата ја градиме и преку одличните билатерални односи со нашите сојузници. Посебно со Соединетите Американски Држави кои нè поддржуваат во континуитет со сериозни финансиски средства. Обединетото Кралство нè поддржи со индивидуална опрема, а со Турција склучивме договори за набавка на околу 4.000 комплети борбени униформи кои очекуваме да пристигнат веќе во септември, а во дополнителна постапка и во процес сме за околу 3400 пара чизми и 1800 комплети борбена униформа. Со поддршка од околу 38 милиони евра од Европскиот мировен фонд склучивме договори за набавка на медицински возила, инженериски машини, дозери, наторувачи, симулатори за пациенти, одела за деминери, робот за уништување на неексплодирани средства, влечни возови, генератори и друга опрема, изјави Мисајловски.

Меѓу инвестициите е и што во Министерството за одбрана функционира и единствениот НАТО – акредитиран центар во нашата држава – Регионален центар за односи со јавноста кој е уникатен во сојузничката мрежа на центри за обука по тоа што е единствениот кој е целосно посветен на развој на оваа значајна област. Министерот Мисајловски во своето обраќање истакна дека и во финална фаза е и приемот на 300 нови професионални војници.

-Особено ми е драго што денеска со нас се нашите нови лидери, дваесет и шест нови потпоручници кои по четиригодишно школување на Воената академија, веќе го започнаа својот пат во редовите на Армијата како офицери. Тие се нашата иднина! Со нас се и дел од новите 149 подофицери кои се одзваа на повикот и кои ќе го зацврстат суштинскиот сегмент на Армијата, подофицерскиот кор, рече Мисајловски.

Министерот за одбрана, Мисајловски на припадниците на Армијата им порача дека грижата за човечките капацитет е основата на секоја добро организирана Армија.

На свеченоста во Касарната во Штип, се обрати и претседателката на државата и врховен командант на вооружените сили, Сиљановска-Давкова која денеска, со орден за воени заслуги го одликуваше Центарот за обука на питомци и офицери којшто едуцира и создава генерации посветени и професионални офицери и подофицери. Воедно им оддаде признание и на прворангираните питомци и слушатели на основниот курс за подофицери и на новопроизведените и промовирани офицери и подофицери.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, на своите Фејсбук профили упатија честитки за Денот на Армијата, порачувајќи дека е столб на одбраната и сигурноста на нашата држава, којашто гордо го дава својот придонес во рамките на членството во НАТО, активно учествувајќи во мисиите за регионален и глобален мир и стабилност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Јасно е зошто Фатмир Бесими ја поднел точката за деловни односи со Алта банка, сватот на Али акционер, а СДС денес спотер

​Кредитот од 5 милиони евра од Алта банка Белград за компанија на сватот на Али Ахмети, ја потврдува заинтересираноста за влезот на Алта банка во Македонија од страна на поранешната власт на СДС и ДУИ.

Манасиевски: Јасно е зошто Фатмир Бесими ја поднел точката за деловни односи со Алта банка, сватот на Али акционер, а СДС денес спотер

Сега е јасно зошто токму Фатмир Бесими, министерот за финансии во Владата на СДС и ДУИ, на владината седница од 24 октомври 2023 година ја отворил темата за Алта банка.

Имено, фирмата “АС Сењак” во сопственост на сватот на Ахмети, е фирмата која добива 5 милиони евра кредит од Алта банка Србија, а инаку оваа фирма е исто така позната во Македонија по тоа што е партнерска фирма на Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, во купувањето на Соравија. Во целиот овој процес СДС делува како спотер.

Филипче и СДС јасно да кажат, дали тогаш кога ја отворале точката на седница на Влада, Давор Мацура бил криминалец? Дали тогаш Алта банка имала сомнителен капитал? Зошто молчеле за соработката на ДУИ со Мацура и Алта банка? Нам ни е јасно, само за ден повеќе власт, СДС се спремни на се!

Сега е јасно на јавноста зошто СДС и Филипче беа толку гласни за Алта банка. Се потврди дека работи Фројд, и дека одработуваат за свои интереси.

YouTube video

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рубио: „Ќе беше полесно ако Трамп ги игнорираше Иранците“

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, денес изјави дека понатамошните воени дејствија на Соединетите Американски Држави (САД) против Иран не се неопходни, бидејќи економските последици што Вашингтон ги нанесе на земјата се веќе доволно сериозни.

Рубио: „Ќе беше полесно ако Трамп ги игнорираше Иранците“

Во говорот пред Федералистичкото друштво, Рубио ја поддржа претходната проценка на американскиот претседател Доналд Трамп дека војната е ефикасно завршена во воена смисла, објави АП.

„Искрено, економската болка што му ја нанесуваме на тој режим во моментов е толку голема што нема потреба од воена акција, бидејќи веќе толку многу ги ослабнавме. Но, мислам дека вистинската победа е да се осигураме дека никогаш нема да добијат нуклеарно оружје“, рече Рубио.

Државниот секретар на САД призна дека граѓаните на САД, исто така, ги почувствувале економските последици од овој конфликт, што доведе до зголемување на цените на горивата и ја погоди глобалната економија.

Тој оцени дека за Трамп ќе беше полесно да ја игнорира заканата што ја претставува нуклеарната програма на Иран, да избегне непопуларна војна и „да му го остави тој проблем на следниот претседател“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По неколку часа укината забраната за летови во САД: „хаосот ќе продолжи“

Федералната администрација за воздухопловство на САД (FAA) соопшти дека авиокомпаниите можат да ги продолжат летовите по прекинот на системот за контрола на летот низ целата земја што траеше неколку часа.

По неколку часа укината забраната за летови во САД: „хаосот ќе продолжи“

Сепак, предупреди дека доцнењата и откажувањата ќе продолжат.

Забраната за летови, која влијаеше на милиони Американци, беше укината во 20:15 часот по локално време, изјави американскиот министер за транспорт Шон Дафи.

Сепак, Дафи им рече на новинарите дека прекинот имал влијание и дека проблемите ќе траат со денови.

„FAA“ соопшти дека „темелно ги тестирала“ своите системи за да потврди дека се стабилни и дека операциите остануваат сигурни пред да одобри продолжување на летовите.

Сепак, околу 2.000 полетувања закажани за денес беа откажани, објави „CNN“.

Повеќе од 7.700 летови во Соединетите Држави беа откажани вчера, додека повеќе од 8.000 беа одложени.

Преетставници од администрацијата ја обвинија застарената технологија за прекинот и предупредија дека слични инциденти ќе се случат повторно додека системот не се модернизира.

Домашните летови во Соединетите Американски Држави повторно добија дозвола за полетување откако федералните власти вчера воведоа неколкучасовна забрана за безбедност, предизвикана од прекин на телекомуникациите.

На прес-конференција рано утрово, министерот за транспорт Шон Дафи предупреди дека се можни понатамошни прекини доколку системот не се надгради итно.

Тој апелираше до Конгресот да го одобри потребното финансирање за модернизацијата и додаде дека враќањето во нормален сообраќај ќе биде бавно.

Дафи рече дека ќе биде потребно време за да се смири хаосот во патувањето, бидејќи многу патници остануваат заглавени на аеродромите.

Проблемот е застарен систем

Министерот за внатрешна безбедност Марквејн Малин претходно прецизираше дека прекинот е предизвикан од ажурирања на застарените системи извршени од „FAA“ и дека проблемот е предизвикан од „прекин на телекомуникациите“ и дека нема докази дека станува збор за кибернапад.

Тој нагласи дека прекинот на летовите не е резултат на безбедносна закана за Соединетите Американски Држави.

Некои патници седеле во авиони и чекале со часови на пистата бидејќи аеродромите немаат простор на портите за да им дозволат да се симнат.

Ова е втор пат таква забрана за летови да се воведе во Соединетите Американски Држави, првата беше прогласена по терористичките напади од 11 септември 2001 година.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер