Мисајловски од тетовската касарна: Подобрување на условите за работа за секој припадник - Канал 5

Мисајловски од тетовската касарна: Подобрување на условите за работа за секој припадник

Подобрување на условите за работа за секој припадник се приоритет на Министерството и на Армијата.

Мисајловски од тетовската касарна: Подобрување на условите за работа за секој припадник

Министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски денеска ги посетија припадниците на 3.пешадиски баталјон во касарната „Кузман Јосифовски – Питу“ во Тетово.

За време на посетата од страна на новиот командант на 3. пешадиски баталјон, потполковник Миле Станоевски беше извршен брифинг за ангажманот на припадниците од составот на овој баталјон во мисиите ALTHEA, KFOR, како и мултинационалните сили на НАТО во Романија и Бугарија. Потполковникот Станоевски брифираше и за придонесот на припадниците на баталјонот во поддршка на Министерството за внатрешни работи за обезбедување на јужната граница и во спречувањето на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на Казнено-поправната установа – Идризово.

За време на посетата министерот Мисајловски посети и дел од објектите за кои е предвидено да се изврши нивна реконструкција со цел да се подобрат условите за работа на припадниците на Армијата.

Министерот Мисајловски при посетата нагласи дека грижата за секој припадник на Армијата е приоритет за Министерството, особено овозможувањето соодветни услови за работа, затоа што секој од нив дава свој значаен придонес за заштитата и безбедноста на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ

Средбата беше оценета како потврда на блиските и пријателски односи меѓу двете држави.

Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ

За време на официјалната посета на Република Хрватска, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Африм Гаши, во придружба на претседателката на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Хрватска, Благица Ласовска, и членовите на Групата, Димитар Ковачевски, Каљтрина Беќири и Сали Мурати, се сретна со претседателот на Владата на Република Хрватска, г. Андреј Пленковиќ.

Средбата беше оценета како потврда на блиските и пријателски односи меѓу двете држави, при што беше истакнато дека Република Хрватска претставува значаен партнер со кој се споделуваат заеднички европски вредности и заложби за европската иднина на регионот.

Претседателот Гаши информираше дека Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Република Хрватска за стратешка соработка беше разгледан и усвоен од Комисијата за надворешна политика на 10 ноември, а веќе е предвиден на дневниот ред на пленарната седница закажана за 1 декември, кога се очекува негово донесување.

Во тој контекст, беше оценето дека Договорот претставува основа за унапредување на билатералните односи и продлабочување на партнерството меѓу двете држави, преку воспоставување конкретни форми на соработка во областите на транспортот, енергетиката, економијата, дигитализацијата, здравството, образованието и безбедноста. Исто така, беше истакнато дека Договорот отвора можности за размена на искуства и знаења, при што особено значење беше дадено на користењето на хрватското искуство во областа на европската интеграција и институционалните реформи, како и на можностите за унапредување на економската соработка.

Претседателот Гаши изрази благодарност за континуираната и принципиелна поддршка од Република Хрватска за европската перспектива на Република Северна Македонија. Притоа, беше посочено дека хрватското искуство во спроведувањето на реформите и во процесот на пристапување кон Европската Унија претставува значаен извор на знаење и искуства, од особена важност за натамошниот напредок на државата во европската интеграција.

Соговорниците ги поздравија и активностите на двете на амбасади насочени кон унапредување на билатералната соработка и тоа на амбасадата на Република Македонија во Загреб предводена од амабасадорот Драган Ѓурчевски како и на амбасадата на Република Хрватска во Скопје на чело со амбасадорката Нивес Тигањ. Двајцата амбасадори беа во постојана придружба во текот на официјалната посета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хакерски напад врз ЦИА и Американската разузнавачка служба, се сомнева на кинеско потекло

ЦИА и канцеларијата на Директорот на националното разузнавање на САД биле цел на хакерски напад во кој биле засегнати некласифицирани информации,пренесува Си Ен Ен. 

Хакерски напад врз ЦИА и Американската разузнавачка служба, се сомнева на кинеско потекло

Нападот погодил систем што агенциите го користат за анализа на разузнавачки информации од отворени извори.Првичните индикации упатуваат дека нападот можеби потекнува од Кина, но не е утврдено дали е вмешана кинеската влада.

Американските власти потврдија дека класифицираните информации и критичните системи не биле засегнати.Засега не е познато кога се случил нападот, ниту дали безбедносниот проблем е целосно решен. Инцидентот не е поврзан со неодамнешниот хакерски напад врз националната база на податоци на ФБИ.

Ова се случува во период на низа сајбер-инциденти и технички прекини во американските институции.Минатата недела повеќе денови била во прекин и високо доверливата комуникациска мрежа на националната агенција за безбедност .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Развоен Буџет за 2027 со фокус на капиталните инвестиции, инфраструктурниот развој и економскиот раст

За капитални инвестиции се предвидени 40,8 милијарди денари, односно околу 663 милиони евра, со што се создава финансиска основа за реализација на значајни инфраструктурни проекти и подобрување на условите за живот и работа на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ: Развоен Буџет за 2027 со фокус на капиталните инвестиции, инфраструктурниот развој и економскиот раст

Значаен дел од планираните средства се насочени кон изградба и модернизација на патната инфраструктура. Преку Јавното претпријатие за државни патишта, се планирани дополнителни 18 милијарди денари инвестиции, од кои над 12 милијарди денари се наменети за изградба на автопатските делници Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани и Прилеп – Битола, во рамки на стратешките коридори 8 и 10д.

Паралелно, ќе продолжи реализацијата и на автопатските делници Кичево – Охрид, Кичево – Букојчани и Скопје – Блаце, кои се од особено значење за подобрување на регионалната поврзаност, зголемување на безбедноста во сообраќајот и олеснување на транспортот на стоки и услуги.

Дополнителен приоритет во Буџетот за 2027 година е развојот на железничката инфраструктура, за што се предвидени 6,2 милијарди денари, што е раст од скоро 54% во однос на претходната година со што ќе продолжи изградбата на железничката делница Бељаковце – Крива Паланка, а планирани се и активности за делницата Крива Паланка – границата со Бугарија.

Покрај транспортната инфраструктура, значајни средства се насочуваат и кон подобрување на комуналната инфраструктура и заштитата на животната средина, при што продолжуваат активностите за реализација на пречистителните станици во Скопје, Тетово и Битола, а планирани се и проекти во Велес, Штип и Виница.

Поддршката на економскиот развој останува еден од клучните приоритети, при што за владината програма „Економски развој“ во 2027 година се предвидени 9,7 милијарди денари, што е зголемување од 30,5% во споредба со 2026 година кои ќе бидат насочени кон поттикнување на инвестициската активност, привлекување нови инвеститори и создавање подобри услови за раст и развој на домашните компании.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со одговорно управување со јавните финансии, зајакнување на економската стабилност и создавање поволна клима за нови инвестиции, развој на домашното стопанство и отворање нови работни места.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер