Мисајловски: Нема да има македонски војници во Украина - Канал 5

Мисајловски: Нема да има македонски војници во Украина

Нема да има македонски војници на украинско тло, тоа досега никој не го побарал од нас како држава, изјави денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Мисајловски: Нема да има македонски војници во Украина

Нема да има македонски војници на украинско тло, тоа досега никој не го побарал од нас како држава, изјави денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски по посетата на припадниците на Првиот пешадиски баталјон на Армијата во касарната „Чеде Филиповски - Даме“ во Кичево.

- Како земја-членка на НАТО сме четврта по ред земја во доделена помош за различна опрема за Украина. Она што оваа Влада го направи во изминатиот период е тоа што додели уште еден пакет, но сега во овој период се смени наративот во геополитиката во светот и она што можеше да се слушне е дека на масата е предлог за мир и ние сме држава која е насочена кон мирот, рече Мисајловски во одговор на новинарски прашања.

Мисајловски рече дека во мирното решавање треба да се гледа најголемата шанса, бидејќи тоа ја опфаќа и колективната безбедност.

- Најпрво има потреба за мир, а потоа ќе има потреба за дополнителна помош кон Украина особено за обновата на земјата во инфраструктура, во капацитети, но првин да се дојде до мирно решение при што ние стопроцентно застануваме зад мирно решение, рече министерот.

Потврди дека началникот на Генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски вчера учествувал на состанокот во Париз, во рамки на парискиот oдбранбен и безбедносен форум во организација на началниците на Генералштабовите на Франција и Обединетото Кралство. На состанокот учествувале воени претставници на 30 земји од ЕУ и/или НАТО, меѓу кои Велика Британија и Турција, чиј домаќин бил францускиот претседател Емануел Макрон.

- Началникот беше на тој состанок вчера, имавме неколку разговори, меѓутоа има различни мислења на различни земји, се размислува за некои нови чекори, планови како да се воспостави мирот и како да се делува во иднина, но тоа се само големи разместувања на различни земји, но не е стриктно дадено како солуција што ќе се случува наредниот период. Добро е што сите имале свои мислења, ние ја кажуваме нашата позиција дека сме за мирно решавање, за мир, рече Мисајловски.

По еднодневните разговори меѓу Вашингтон и Киев во Џеда, Украина го прифати американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот. Високата претставничка на ЕУ за заедничка надворешна и безбедносна политика Каја Калас ја поздрави заедничката изјава на Украина и САД по нивниот состанок во Саудиска Арабија, вклучувајќи ги и предлозите за договор за прекин на огнот, хуманитарните напори и продолжувањето на размената на разузнавачки информации и безбедносната помош на САД. Таа нагласи дека ЕУ е подготвена целосно да ја одигра својата улога во поддршка на претстојните чекори, заедно со Украина, САД и другите партнери.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков не ја исклучи можноста за скорешен телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп по американско-украинските разговори во Џеда.

Земјите од ЕУ веќе дадоа зелено светло на планот кој има за цел да мобилизира до 800 милијарди евра во текот на четири години за зајакнување на одбраната на континентот и за помош на Украина.

Кошта на турнеја низ Западниот Балкан, в четврток ќе престојува во Скопје

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта од денеска до 16 мај ќе престојува во посета на земјите од Западниот Балкан, во чии рамки в четврток ќе допатува во Скопје, а в петок ќе учествува на самит на Европската политичка заедница во Тиран

Кошта на турнеја низ Западниот Балкан, в четврток ќе престојува во Скопје

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, целта на посетата на Кошта е да ја потврди посветеноста на ЕУ кон регионот и перспективата на земјите од Западниот Балкан за членство во Унијата.

- Зајакнувањето на соработката со Западен Балкан е врвен политички приоритет за ЕУ и за мене лично, порача Кошта во пресрет на неговата западнобалканска турнеја.

Тој нагласи дека заминува во посета на регионот за да разговара со лидерите на земјите од Западниот Балкан, кои „се соочуваат со постојани предизвици“ и за да покаже дека ЕУ е подготвена да им помогне.

- Постои јасен моментум за проширување, но моментумот бара посветеност, истакна Кошта.

Како што соопшти Европскиот совет, на средбите со политичките раководства на партнерите од Западниот Балкан, Кошта ќе ја нагласи „важноста на понатамошно градење на обновениот моментум во процесот на проширување и на односите меѓу ЕУ и регионот“.

Работниот дел од посетата на Кошта започнува утре во Белград, каде тој ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, со премиерот Ѓуро Мацут и со членови на Народното собрание на Србија.

Утре попладне, Кошта од Белград ќе отпатува за Сараево каде ќе се обрати пред припадниците на Силите на ЕУ во Босна и Херцеговина (ЕУФОР Алтеа), по што ќе се сретне со членовите на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, Денис Беќировиќ и Жељко Комшиќ.

В среда, Кошта ќе допатува во Подгорица на средби со црногорскиот претседателка Јаков Милатовиќ, со премиерот Милојко Спајиќ и со членови на Владата на Црна Гора, а попладнето ќе отпатува за Приштина на средба со косовската претседателка Вјоса Османи-Садриу.

Претседателот на Европскиот совет в четврток ќе престојува во Скопје, каде ќе се сретне претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и со премиерот Христијан Мицкоски.

Од Скопје, Кошта попладнето ќе замине за Тирана на средби со албанскиот претседател Бајрам Бегај и премиерот Еди Рама, а ќе разговара и со студенти на тиранскиот Колеџ на Европа.

В петок во Тирана, Кошта ќе биде кодомаќин на шестиот самит на Европската политичка заедница (ЕПЗ), чија тема е „Нова Европа во новиот свет: Единство - Соработка - Заедничко дејствување“.

Самитот ќе се фокусира на безбедноста, а лидерите учесници на собирот ќе ги споделат своите визии за иднината на Европа. Во рамки на Самитот ќе се одржат и три тематски тркалезни маси.

Целта на собирот е зближување земјите од европскиот континент и обезбедување платформа за подлабока политичка координација меѓу нив. /МИА

РобоМак 2025 - натпревар по роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција

Меѓународниот натпревар по роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција „RoboMac 2025” од денеска до 17 мај ќе се одржи во организација на Факултетот за електротехника и информациски технологии.

РобоМак 2025 - натпревар по роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција

Скопје 13. пат ќе биде домаќин на повеќе од 70 млади иноватори и експерти од земјата и странство.

Студентите, како што најавуваат организаторите, ќе имаат можност да се запознаат со последните технолошки иновации поврзани со роботиката, автоматиката, електрониката и вештачката интелигенција, преку богатата програма и практични работилници. Работејќи во тимови, студентите ќе имаат можност да ги употребат своите теоретски знаења и практични вештини, истите да ги надоградат и усовршат, да соработуваат со студенти од земјата и странство, со цел да го освојат првото место во својата категорија.

На отворањето, како што е најавено, ќе се обратат деканот на ФЕИТ, Владимир Атанасовски, Ректорот на УКИМ, Биљана Ангелова, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, и претседателот на македонската секција на IEEE Анастас Мишев.

РобоМак 2025 е во организација на Факултетот за електротехника и информациски технологии - ФЕИТ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, заедно со Македонската секција IEEE и Факултетското студентско собрание на ФЕИТ.

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

ВМРО-ДПМНЕ во целосна безидејност продолжува да лаже иако претседателот на СДСМ, Венко Филипче јасно кажа дека не поседува никакви инвестиции ниту имот во Обединетите Арапски Емирати.

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Филипче поседува виза која не е добиена на основ на никакви инвестиции или сопственост на имот.

ВМРО-ДПМНЕ наместо да лаже во континуитет и да се обидува да дефокусира, треба да почне да реализира нешто за граѓаните кои од оваа власт осврн неспособност, лаги и напади на опозицијата ништо друго не виде веќе цела година.

СДСМ

притисни ентер