Остра изјава на Марта Кос за Србија: Јасно е дека нема ништо од ЕУ без санкции против Русија – „Тоа нема да биде можно“
СДСМ: По падот на Вучиќ Алта банка префрла пари во Македонија – Обвинителството веднаш да отвори истрага
1Остра изјава на Марта Кос за Србија: Јасно е дека нема ништо од ЕУ без санкции против Русија – „Тоа нема да биде можно“
2СДСМ: По падот на Вучиќ Алта банка префрла пари во Македонија – Обвинителството веднаш да отвори истрага
Министерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: Средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО
2Министерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: Средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО
3Наставничка во Германија 17 години била на боледување а земала цела плата, и се заканува затворска казна
МакедонијаМисајловски на првата сесија на Стратешкиот дијалог со САД: Повеќе од три декади заеднички ги развиваме одбранбените капацитетиВо рамки на Стратешкиот дијалог со САД кој се реализира во Вашингтон, министерот за одбрана Владо Мисајловски ја предводеше првата сесија од разговорите посветена на одбранбените и безбедносни прашања .Во рамки на Стратешкиот дијалог со САД кој се реализира во Вашингтон, министерот за одбрана Владо Мисајловски ја предводеше првата сесија од разговорите посветена на одбранбените и безбедносни прашања при што укажа на долготрајното партнерство помеѓу двете сојузнички земји кое „ги зајакнува одбранбените капацитети и ги зацврстува мирот и безбедноста.“ Пред претставниците на американскиот Стејт Департмент, Мисајловски истакна дека одбранбената соработка меѓу двете држави е на исклучително високо ниво, додавајќи дека постои потенцијал за уште посилна и посеопфатна соработка на полето на одбраната и безбедноста. Министерот Мисајловски упати благодарност за сета досегашна поддршка од страна на САД и посочи дека ова стратешко партнерство е клучен фактор во процесот на трансформација, подобрување, развој и модернизација на нашите одбранбени капацитети и способности. „Континуираната поддршка од САД и останатите сојузници, преку дополнителни заеднички активности овозможува стабилен и одржлив безбедносен развој, усогласување со стандардите на НАТО и исполнување на НАТО целите на способност“, рече тој. Во сите овие изминати 30 години, Мисајловски нагласи дека преку клучните програми за безбедносна соработка на САД кои опфаќаат активности меѓу кои и грантови, заеми, набавки и др. за сојузничките земји, се имплементирани 67 (околу 70) аквизициски проекти за потребите на македонската Армија. Дополнително, реализирани се голем број на заеднички вежбовни активности, обука, тренинг и едукација за персоналот во Министерството за одбрана и Армијата. „Во моментов во процес на набавка се 16 договори со САД кои вклучуваат опрема за различни видови одбранбени капацитети и согласно стратешките документи и Долгорочниот план за развој на одбранбени способности, разгледуваме дополнителни можности за континуиран и значаен развој на соработка со САД“. За време на денешната прва сесија, Мисајловски се осврна и на одбранбениот буџет и плановите на раст, модернизација и опремување во текот на наредните 10 години, со цел достигнување на целите договорени на последниот Самит во Хаг односно инвестирање на 3,5% од БДП во одбранбениот буџет и дополнителни 1,5% од БДП за активности и проекти поврзани со безбедноста до 2035 година и посочи дека македонската Влада е сериозно посветена во остварување на договореното. „Инвестициите во одбраната се стратешки фокусирани во делот на модернизација, зајакнување на интероперативноста, подготвеноста и отпорноста. Остануваме целосно посветени реализацијата на НАТО – целите на способности“, подвлече Мисајловски. Во рамки на стратешкиот дијалог со САД, чиј фокус е продлабочување на стратешкото партнерство и долгорочна соработка на високо ниво, владината делегација ќе оствари повеќе средби со високи претставници од Стејт Департментот на кои покрај разговорите за одбраната и безбедноста ќе се разговара и за економската и енергетската соработка, се наведува во соопштението од МО.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаОстра изјава на Марта Кос за Србија: Јасно е дека нема ништо од ЕУ без санкции против Русија – „Тоа нема да биде можно“ Марта Кос, европски комесар за проширување, изјави дека Србија нема да може да напредува на европскиот пат доколку не воведе санкции кон Русија.Вака Марта Кос одговори на прашањето дали за Србија ќе биде можно да влезе во ЕУ доколку не воведе санкции кон Русија. „Нема да биде можно да напредува земја која не се усогласува со нас во однос на стратешките интереси – а тоа се, се разбира, надворешната и безбедносната политика, односно заедничката борба против Русија, особено во контекст на руската војна во Украина. Ќе биде многу, многу тешко“, рече Кос. Сепак, како што вели таа, ЕУ сè уште нема започнато разговори со новата Влада на Србија. „Значи, прво тие треба да формираат нова влада, а потоа ќе видиме како и дали ќе можеме да продолжиме во оваа област“, изјави Кос. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
МакедонијаСДСМ: По падот на Вучиќ Алта банка префрла пари во Македонија – Обвинителството веднаш да отвори истрагаПоследните информации од медиумите во Србија говорат дека Алта банка, која се смета за сопствеништво на Вучиќ и сестринската партија на ВМРО – СНС, започнала забрзано и интензивно да префрла големи пари во Македонија и во Русија.Се потврдува сè што го говоревме. Последните информации од медиумите во Србија говорат дека Алта банка, која се смета за сопствеништво на Вучиќ и сестринската партија на ВМРО – СНС, започнала забрзано и интензивно да префрла големи пари во Македонија и во Русија. Процесот, според овие информации е започнат од 26.10, по изборите и паѓањето на шефот на Мицкоски - Александар Вучиќ. Нова.рс пренесува информации од познатиот адвокат Ниниќ дека интензивно се префрлаат големи пари на сметки на правни лица лоцирани во Москва и во Скопје. Ниниќ, е член на независната граѓанска Анкетна комисија која беше формирана од универзитетски професори и стручни лица од различни области за истражување на одговорност за падот на настрешницата во Нови Сад. Дали ова значи дека црните пари, криминалните пари, на соборениот режим на Вучиќ и СНС, сестринската партија на ВМРО во Србија, се префрлаат во Македонија? Јавното обвинителство мора веднаш да постапи, да отвори истрага, да се утврди потеклото на парите и да се спречат сите можни злоупотреби во Македонија. Предупредувавме, еве почнува. Сè што кажавме се потврдува. Затоа Мицкоски и Трајко Славевски дозволија Алта банка да влезе во Македонија. Банкарот на Вучиќ стана банкар и на Мицкоски во Македонија. Иако Европската централна банка ѝ забрани преземање акции од австриска банка. Иако е под истрага за сомнително потекло на капитал. Во Европа е запрена, во Црна Гора има забрана, а кај нас купи банки и осигурителна куќа. За сопственикот на Алта банка, Давор Мацура, близок до СНС и многу близок до Александар Вучиќ, се предложени и санкции во американскиот Конгрес. Од менувачница во Земун до милијарди за неколку години и влез во Македонија. Како што рековме, падот на Вучиќ ќе донесе разврска на сите криминални соработки со Мицкоски. Го повикуваме гувернерот на НБМ, Трајко Славевски, веднаш да излезе пред македонските граѓани и да одговори што ќе преземе. А јавниот обвинител да не чека повик по телефон, туку да постапи веднаш. Истрага. Одговорност. Доаѓа време на вистина и правда. Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор Скопје, 28.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сосВо среда (21.10.2026) во емисијата гостин ни бeше д-р Сашко Николов.Состојки за денешниот рецепт: 500 гр. шпагети 1 кг. домати 2 благи пиперки 2 лути пиперки 3 - 4 чешниња лук 3 моркови 300 гр. сирење 1 пакување пармезан масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39