Унгарија и Украина постигнаа договор за правата на унгарското малцинство, се отвора патот на Киев за влез во ЕУ
1Унгарија и Украина постигнаа договор за правата на унгарското малцинство, се отвора патот на Киев за влез во ЕУ
МакедонијаМисајловски на одбележувањето на 25 годишнината од Резолуцијата 1325: Одбраната е предводник во политиките за родова еднаквостМинистерот Мисајловски информираше за напредокот во Министерството за одбрана и Армијата.Денеска (31 октомври), министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со претседателката Гордана Сиљановска – Давкова се обратија на одбележувањето на 25 – годишнината од усвојување на Резолуцијата на 1325 на Обединетите Нации – Жени, мир и безбедност. На настанот во организација на Министерството за одбрана и Канцеларијата на UN Women се обратија и амбасадорот на Европската Унија, Маихалис Рокас и раководителката на канцеларијата на UN Women, Весна Ивановиќ – Кастаред. Претседателката Гордана Силјановска Давкова истакна дека Резолуција 1325 утврди два темелни принципи – прво, заштита на жените и на девојчињата од родово заснованото насилство и второ, нивно рамноправно учество со мажите во борбата за мирот и безбедноста. „Така, Советот за безбедност застана зад разумот и дијалогот, а не зад силата и зад војната. Денес, кога ја одбележуваме 25-годишнината од Агендата за жени, мир и безбедност и од Резолуцијата 1325, околу седумстотини милиони жени и девојчиња живеат во радиус од педесет километри од зоните на конфликтите, што е највисока бројка во последните три децении!“, рече претседателката. Министерот Мисајловски информираше за напредокот во Министерството за одбрана и Армијата, при интегрирање на родовата компонента и родовите аспекти во законските, подзаконските акти и стратешките документи, особено осврнувајќи се на фактот дека во континуитет бројот на припаднички во Армијата се зголемува. „Особено сакам да го истакнам процентот на офицерки кој достигна околу 23 проценти, бројка која постојано расте и е најголема досега. Овде би сакал да додадам дека забележителен успех можеме да видиме и во Министерството за одбрана, каде денеска процентот на жени кои се на раководни позиции изнесува над 50 проценти“, рече Мисајловски. Тој додаде дека сето ова е постигнато со придонес од вработените во Министерството за одбрана, Армијата, Канцеларијата на UN Women и останати претставници од граѓанскиот сектор, кои постојано даваат придонес во промовирање на родовата еднаквост и имплементација на родовата перспектива во одбранбениот сектор. „Правичната родова застапеност и создавање на еднакви услови за развој во кариера на жените и мажите е една од препознатливите политики и стратешки приоритети во Министерството за одбрана и во Армијата. Врвната професионалност и посветеност кон родовата рамноправност резултираа денес сите позиции да бидат отворени, односно да бидат достапни и за жените и за мажите. А во континуитет работиме и на зголемувањето на застапеноста на жените на раководни и командни позиции“, заклучи министерот. Мисајловски порача дека во периодот што следува Министерството и Армијата ќе продолжат активно да се залагаат за спроведување на политиките за родова еднаквост, подигнување на свеста за еднакви можности и унапредување на позициите на жените како во Министерството, така и во Армијата. На денешниот настан се реализираа и две панел дискусии посветени на националните искуства и лидерството на жените во безбедносните институции и мировните мисии.Тагови: Владо Мисајловски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести30 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20Побаран притвор за четворицата приведени за злоупoтреба на тендери во Царина15:00ОЈО ГОК : Отворена истрага за злоупотреби во постапки за јавни набавки во Царинската управа14:03
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
ЕвропаУнгарија и Украина постигнаа договор за правата на унгарското малцинство, се отвора патот на Киев за влез во ЕУУнгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека Унгарија и Украина постигнале договор за правата на унгарското малцинство во Украина, што би можело да овозможи отворање на првиот кластер.Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека Унгарија и Украина постигнале договор за правата на унгарското малцинство во Украина, што би можело да овозможи отворање на првиот кластер, односно група преговарачки поглавја за пристапување на Украина во Европската унија. Договорот претставува потенцијален пробив во долготрајниот спор околу правата на малцинствата, кој ги затегна односите меѓу Будимпешта и Киев и ја комплицира поддршката за пристапувањето на Украина во ЕУ. „Постигнавме напредок во разговорите со Украина за јазичните, културните и образовните права на етничкото унгарско малцинство“, напиша Маѓар на фејсбук. Во вторникот тој рече дека е подготвен да се сретне со украинскиот претседател Зеленски следната недела за да отвори ново поглавје во односите, доколку се постигне договор за правата на малцинствата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАНБА финале: „Брејк“ на Њујорк во Тексас-ВидеоСеријата победи на Њујорк Никс продолжува, а тимот од „Големото јаболко“ го направи првиот чекор кон шампионската титула.Џејлен Бренсон постигна 30 поени во своето деби во НБА финалето, Карл-Ентони Таунс додаде 18 поени и 12 скока, а Никсите се вратија од минус од 14 поени во второто полувреме и ги победија Сан Антонио Спарс со 105-95 во првиот натпревар од големото финале во НБА. О-Џеј Ануноби постигна 17 поени за Њујорк, кој го доби својот 12-ти натпревар по ред во плејофот. Со тоа, Никсите станаа само седмиот тим во историјата на НБА со таква серија, и само третиот што го сторил тоа во една сезона. Бренсон постигна 13 поени во последната четвртина, само шест помалку од оние што Спарс ги постигнаа како тим во тој период. Тој практично ја запечати победата со спектакуларен шут од вртење додека паѓаше на подот, 38 секунди пред крајот на натпреварот. „Тој е играч за големи натпревари. Кога е најпотребно, тој испорачува. Така играат кандидатите за MVP“, рече тренерот на Никс, Мајк Браун. Њујорк го заврши натпреварот со серија од 11:0 и напиша нова страница во историјата. Никс станаа првиот тим што ги победи Спарс во првиот натпревар од финалето на НБА, бидејќи франшизата од Тексас претходно имаше резултат од 6-0 во такви натпревари. Ова е исто така прв пат Спарс да заостануваат во серија од финалето пред нејзиниот крај.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалАнгличаните составија тим на фудбалери од екс-ју за СП 2026: Во него има двајца Македонци! Портал „GiveMeSport“ од Англија го состави хипотетички список од 26 фудбалери кои потекнуваат од поранешна Југославија кои, според нив, би патувале на Светскиот шампионатво 2026 во Канада, САД и Мексико.На списокот меѓу 26 фудбалери, се и двајца Македонци, голманот на Валенсија, Столе Димитриевски и фудбалерот од средниот ред на Наполи, Елиф Елмас. Хипотетички состав на југословенската репрезентација за Светското првенство 2026: Голмани: Јан Облак (Словенија, Атлетико Мадрид), Вања Милинковиќ-Савиќ (Србија, Торино), Столе Димитриевски (Македонија, Валенсија) Одбрана: Јошко Гвардиол (Хрватска, Манчестер Сити), Јосип Станишиќ (Хрватска, Баерн), Страхиња Павловиќ (Србија, Милан), Никола Миленковиќ (Србија, Нотингем Форест), Сеад Колашинац (БиХ, Аталанта), Јака Бијол (Словенија, Лидс), Марин Понграчиќ (Хрватска, Фиорентина), Амар Дедиќ (БиХ, Бенфика). Среден ред: Лука Модриќ (Хрватска, Милан), Матео Ковачиќ (Хрватска, Манчестер Сити), Марио Пашалиќ (Хрватска, Аталанта), Никола Влашиќ (Хрватска, Торино), Сергеј Милинковиќ-Савиќ (Србија, Ал Хилал), Немања Гудељ (Србија, Севилја), Саша Лукиќ ( Србија, Аталанта), Елиф Елмас (Македонија, Лајпциг) Напад: Бенјамин Шешко (Словенија, Манчестер јунајтед), Един Џеко (БиХ, Шалке), Душан Влаховиќ (Србија, Јувентус), Ведат Муриќи (Косово, Мајорка), Анте Будимир (Хрватска, Осасуна), Андреј Крамариќ (Хрватска, Хофенфајм) Иван Перишиќ (Хрватска, ПСВ).Тагови: Фудбал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook