Мисајловски: МНР треба да ги штити македонските национални интереси

„Гледаме дека целата влада е скриена , скриени се и не коментираат за овие прашања зошто е оставено се на Зоран Заев да распродава“.

Миистерството за надворешни работи (МНР) треба да ги штити македонските национални интереси каде едно време јас работев, а сега гледаме дека неколку дена се скриени и немаат одговор за главните прашања за Македонецот, немаат договор за македонскиот идентитет, за македонската историја токму така како што кажавте изгледа кичмата ја наведнаа, рече денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски на протестот пред МНР организиран од таа партија под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот".

– Дали гледате дека некоја бугарска телевизија и медиум треба да дојде за да сфатиме сите што Зоран Заев преговара зошто македонските медиуми не може да дознаат. Гледаме дека целата влада е скриена , скриени се и не коментираат за овие прашања зошто е оставено се на Зоран Заев да распродава, рече Мисајловски во своето обраќање.

Иван Јорданов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање на протестот пред МНР побара оставка од Зоран Заев и масовно блокирање на улиците и институциите низ земјава.

– Порачуваме оставка за оваа ненародна власт, оставка за оваа патлиџан надворешна политика, оставка за сите предавства коишто се правеа и коишто се на ум да ги направат, нагласи Јорданов.

Протестот продолжи пред Владата, од каде пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија" Гордана Силјановска Давкова порача дека граѓаните денес излегле на протест бидејќи на земјава, како што рече, и се заканува смртоносен вирус.

– Граѓаните денес излегоа на протест бидејќи сега во моментов се заканува смртоносен вирус на Република Македонија. Вирус кој се заканува дека ќе го загрози идентитетот, јазикот и историјата на Република Македонија. Тој вирус се нарекува Зоран Заев, рече Силјановска Давкова, додавајќи дека е срамота тоа што го говори владата и Заев.

Уапсени 21 лице во акција на Европол за измама на кол-центри

Затворени се 12 кол-центри осомничени за измама.

Најмалку 21 лице се приведени во Германија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и во Либан, во полициската акција „Пандора“, која беше спроведена со поддршка на Европол, во текот на разбивање мрежа на 12 кол-центри осомничени за измама на илјадници луѓе, соопшти денеска Европол.

Во соопштението се наведува дека во акцијата „Пандора“, спроведена на 18 април, затворени се 12 кол-центри осомничени за измама, а одземени им се документите и имотот.

Како што се посочува, измамите опфаќале лажни полициски повици, инвестициски измами и „љубовни“ измами, а работата на кол-центрите ја организирале 39 лица. /МИА

Стојчевски: ЗНАМ не прави разлика ниту етнички ниту политички основи кај гласачите

„Денеска во СДСМ има многу чесни, искрени и исплашени социјалдемократи од се што се случува, но не по нивна вина“

На граѓаните им е преку глава од меѓусебните напаѓања, особено од двете најголеми политички партии. Ние како нова партија нема да се служиме со напади. Во врска со прекинатото гласање во една од кумановските општини, кога беше прекинато гласање, иако имаме прочистен избирачки список, одговорноста за спроведување најмногу е на е на ДИК. Движењето ЗНАМ не прави разлика ниту етнички ниту политички основи кај гласачите. Најголема поддршка очекуваме од левичарските гласачи поради што ние потекнуваме од таква партија. Денеска во СДСМ има многу чесни, искрени и исплашени социјалдемократи од се што се случува, но не по нивна вина. Дајте изјава од носителите или коносителите од сегашниот парламентарен состав на СДСМ, да не биде само декларативно дека сте се откажале. Од раководството ја одбија подадената рака, поради ароганцијата, рече Даниел Стојчевски во Само Вистина.

од раководството

Раст на берзите во САД по изјавата на Фед за зачувување на каматните стапки

Американските берзански индекси покажаа уверен раст на почетокот на тргувањето денеска откако Федералните резерви (американската Централна банка) ги зачува досегашните каматни стапки и притоа ја намали загриженоста од нивно покачување.

Инвеститорите очекуваат уште податоци од извештаите на крупните компании денеска и од официјалната статистика за невработеноста утре. Во меѓувреме пораснаа и фјучерсите.

- Инфлацијата сè уште е многу висока. Не можеме да гарантираме прогрес во нејзино снижување, а понатамошните перспективи се неодредени, изјави претседателот на Фед Џером Пауел.

И покрај неодреденоста во тековната економска ситуација истакна дека е малку веројатно покачувањето на каматите.

Следен извештај на регулаторите што го очекуваат инвеститорите е клучната статистика на трудот во САД што ќе биде објавена утре, а која може да даде појасна претстава за состојбата со пазарот на трудот и понатамошната траекторија на каматните стапки.

Фјучерсите на Dow до 15 часот централноевропско време пораснаа за 0,53 отсто, на S&P на 0,72 отсто, на Nasdaq 100 дојдоа до 0,9 отсто. /МИА

притисни ентер