Мисајловски: Македонија обоена во црвено, историска победа и обединување на народот - Канал 5

Мисајловски: Македонија обоена во црвено, историска победа и обединување на народот

Македонија обоена во црвено, историска победа и обединување на народот, следува многу работа и испорачување на резултати.

Мисајловски: Македонија обоена во црвено, историска победа и обединување на народот

Македонија е обоена во црвено.

Од Кичево до Кочани. Од Брвеница до Валандово. Граѓаните го направија вистинскиот избор. Со освоени 54 општини и градот Скопје ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие локални избори. А Владината коалиција, на овие избори, докажа дека е повеќе од стабилна и легитимна, со вкупно освоени 66 општини од вкупно 81.

Оваа голема победа е и голема одговорност и обврска за работа и испорачување на резултати. Благодариме на секој граѓанин кој го даде гласот за ВМРО-ДПМНЕ и нашата коалиција. Ветуваме дека нема да ве разочараме и обезличиме. Нашиот образ мора да биде чист, а тоа ќе го направиме со работа и со проекти.

Историска победа и обединувањето на народот на Кичево поради што падна и Фатмир Дехари и ДУИ е благодарност до секој еден Албанец, Ром, Турчин, Влав, Србин, Бошњак, и сите останати кои го дадоа гласот за Александар Јовановски. Обединувањето во Кичево е пример како ќе се гради Македонија.

Огромна победа во Брвеница на Јовица и покрај сите дејствија кои ги презема неговиот противкандидат, Јовица и жителите на Брвеница издвоија голема победа. И во Брвеница, Албанците, Ромите, Турците, Србите, Бошњаците, и сите останати, покажаа дека националните и етничките приказни на одредени структури, паѓаат во вода.

Сотир Лукровски е новиот градоначалник на општина Карпош. Огромна и важна победа во Карпош.

Исто така, победа издвојувавме и во градот Скопје, каде Орце Ѓорѓиевски е новиот градоначалник на градот Скопје. И тука имаме навистина многу работа.

Граѓаните одбраа и промени во Валандово, во Дојран, во Дебарца, во Демир Капија, во Крушево, во Пробиштип, во Росоман, во Чучер Сандево, таму локалната власт ќе биде раководена од нови кадри, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Победивме и во Аеродром, Виница, Конче, Неготино, Лозово, Македонски Брод, Могила, Ранковце, Чешиново-Облешево.

Опозицијата на овие избори е длабоко поразена. СДС и ДУИ, мора да се реформираат. Нивните политики граѓаните ги имаат прочитано и повеќе не поминуваат. На Македонија и е потребна конструктивна опозиција, која ќе дава аргументирана критика и поддршка на реформите. Кадровските промени на неколку луѓе во СДС, не е реформата која им е потребна. Проблемот во СДСМ е Филипче, затоа што е продолжена рака на Заев и се додека е така, СДСМ ќе тоне.

Ги слушаме и граѓаните кои не излегоа на изборите и оние кои излегоа и ги направија своите гласачки ливчиња неважечки. Ние ќе работиме да го промениме нивното мислење со работа и со проекти.

Доста е веќе Македонија да биде апатична. Време е работите да ги промениме и да покажеме дека народот заслужува повеќе. Нашите граѓани заслужуваат повеќе. И веќе сега во Брисел, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски активно се бори за нашите заложби за членство во ЕУ. Мора да бидеме горди, достоинствени и со интегритет.

Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Напаѓачот во Краков е полски државјанин, луѓето се собраа околу него- уби 6 минувачи и рани 15 (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави ново морничаво видео од масакрот во Краков, каде што неидентификуван вооружен човек убил шест лица и ранил уште 15 од автомобил во движење пред да биде неутрализиран од полицијата.

Напаѓачот во Краков е полски државјанин, луѓето се собраа околу него- уби 6 минувачи и рани 15 (ВИДЕО)

На видеото се гледа вооружениот човек како лежи на земја кратко откако бил застрелан од полицијата, додека сѐ повеќе луѓе се собираат околу него. Се гледа и автомобилот од кој наводно отворил оган, а во кој полицијата пронашла голема количина оружје и муниција.

На видеото се гледа и лицето на вооружениот човек, облечен во камуфлажа, како лежи на тротоарот. За потсетување, полицијата потврди дека вооружениот човек е полски државјанин, но неговиот идентитет сè уште не е објавен.

Полските медиуми претходно објавија дека кај него е пронајдена автоматска пушка што ја користат локалните безбедносни служби.

„Можам да потврдам дека сторителот е полски државјанин“, изјави за „Онет“ Катаржина Цисло, портпаролка на полицијата на Малополското војводство, давајќи нови детали за нападот што ја шокираше јавноста низ целата земја и низ цела Европа.

„Мажот немал никакви документи со себе. Полицијата успеала да го утврди неговиот идентитет преку оперативна работа“, додаде таа.

Онет неофицијално дознава дека напаѓачот од Краков има 24 години. Тој моментално е на операција откако бил застрелан од полицијата. Според полските портали, неговата состојба е критична.

Претходно имаше одредена конфузија кога Одделот за полиција на градот Краков ѝ соопшти на Полската новинска агенција дека, според прелиминарните информации, во пукањето учествувале двајца сторители, од кои едниот бил ранет од истрел.

Нападот бил извршен од автомобил во движење, при што загинале 6 минувачи, а ранети се 15. Мотивот за нападот и идентитетот на сторителот не се прецизирани.

Полските медиуми, исто така, објавија дека напаѓачот имал автоматска пушка од типот што го користат полските безбедносни служби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали е ова следната претседателка на Германија?

Следниот претседател на Германија најверојатно ќе биде сегашната претседателка на баварскиот покраински парламент, Илзе Ајгнер, објави синоќа „Билд“.

Дали е ова следната претседателка на Германија?

Следниот претседател на Германија најверојатно ќе биде сегашната претседателка на баварскиот покраински парламент, Илзе Ајгнер, објави синоќа „Билд“, повикувајќи се на двајца високи функционери од конзервативната германска партија Христијанско-демократска унија (CDU).

Ајгнер ќе биде номинирана за позицијата од страна на CDU и централно-левичарската Социјалдемократска партија (SPD), а одлуката официјално ќе биде објавена во понеделник.

Баварскиот премиер и лидер на CSU, Маркус Зедер, ја предложи Ајгнер за кандидат уште во април.

Премиерот на СПД во Бранденбург, Дитмар Војтке, ја опиша Ајгнер како „совршен кандидат“ кој ја познава германската политика „како прстите на раката“.

Ајгнер е членка на Христијанско-социјалната унија (CSU), баварската сестринска партија на CDU, предводена од канцеларот Фридрих Мерц.

Таа беше министерка за земјоделство помеѓу 2008 и 2013 година.

CDU и CSU формираат заеднички парламентарен блок во Бундестагот, а во Европскиот парламент се дел од Европската народна партија.

Иако ЦСУ долго време доминираше во баварската политика, ниту еден германски канцелар или претседател никогаш не дошол од нејзините редови.

Позицијата претседател на Германија е во голема мера церемонијална, додека политичката програма на владата ја одредува канцеларот.

Германија никогаш немала жена претседател (федерален претседател/бундеспрезидент), бидејќи сите 12 претседатели во 77-годишната историја на Сојузна Република Германија биле мажи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мамуте до неодамна имаше 310 килограми и не можеше да оди, сега ќе трча маратон (ВИДЕО)

Хулио Мамуте некогаш тежел 310 килограми. 

Мамуте до неодамна имаше 310 килограми и не можеше да оди, сега ќе трча маратон (ВИДЕО)

Поминал две години во кревет, зависен од апарат за кислород. „Не беше живот, туку само преживување. Станав заложник на сопственото тело и зависен од храна“, рече Бразилецот. Оваа недела тој се натпреварува на трката „Курса Бомберс“ во Барселона.

Во неговото семејство немало дебелина, а тој се сеќава на своето детство како активен период на улиците на Ресифе и на часови по пливање. Проблемите со тежината започнале во раната адолесценција, на 11 или 12 години, пишува Марка. „Добив повеќе слобода, доцна си легнував, јадев што сакав... Оваа навика се развила кај мене. Како возрасен, наизменично губев и добивав килограми со години“, објаснува Хулио.

Тој изгубил 120 килограми

Најтешкиот период бил за време на пандемијата. „Ја прекинав врската во месецот кога започна карантинот. Се заклучив во куќата и нарачував храна преку апликации. За две години се здебелив повеќе од 100 килограми и надминав 310. Едвај можев да станам од кревет и спиев со апарат за дишење. Туширањето ме заморуваше повеќе од трката денес“, се сеќава тој.

До денес, тој изгубил повеќе од 120 килограми природно, преку комбинација од вежбање и диета. „По 25 години компулсивно прејадување, пробав сè, дури и гастричен балон. Сепак, желбата за јадење беше толку силна што балонот ми пукна во стомакот, па завршив во болница на операција. Во тој најтежок момент, заклучен во темна соба каде што не се помрднував со години, сфатив едно, нема надворешно решение за внатрешните проблеми“, истакнува Хулио.

Пливањето му го спаси животот

Пресвртот се случи пред три години, на неговиот роденден на 13 ноември. Тој беше заклучен во куќата и не сакаше да види никого освен мајка му. Само три недели претходно, се роди неговиот внук, на истиот ден и во исто време како и него. „Го сфатив тоа како јасна порака дека животот има смисла. Плачев како никогаш досега.“

Неколку дена подоцна, тој отиде да ја посети сестра си за да ѝ подари подарок, но не можеше да излезе од автомобилот. „Почувствував лутина и длабока болка. Се чувствував како ѓубре, како ништо да нема смисла. Во тој момент, болката од таков живот стана поголема од која било жртва потребна за губење тежина“, вели Хулио.

Истиот ден, тој се запиша на пливање. Одењето тогаш не доаѓаше предвид, па затоа му требаше активност без влијание на гравитацијата. „Пливањето ми го спаси животот. Од 120 килограми што ги изгубив, изгубив најмалку 100 во вода. Трчањето дојде подоцна, кога моето тело ми дозволи. Тешко е да се опише со зборови што чувствувам кога поминувам долги растојанија. Ќе кажам само ова, луѓето се најсоодветни за долги растојанија, а дебелината ми ја одзеде способноста да направам неколку чекори. Затоа сум емотивен во секоја трка и затоа мојата цел е да учествувам на натпревари низ целиот свет“, додава тој.

Должината на патеката и времето не му се важни. „Мојот маратон е личен: започна со 310 килограми во кревет, а ќе заврши кога ќе паднам под 100. Мојата цел е да ги истрчам оригиналните 42 километри од маратон до Атина, Грција“, открива тој.

Тој почна да ја споделува својата приказна на социјалните мрежи за да ги охрабри другите, а денес го следат повеќе од пет милиони луѓе. „Често се шегувам дека ова е патувањето на последниот жив мамут кој не го прифаќа истребувањето како опција“, вели 35-годишникот.

За секој изгубен килограм, тој донира храна

Неговата прва трка беше Сан Силвестре во Сао Паоло минатата година. Тој ја помина патеката од 15,8 километри, со тежина од 220 килограми, за нешто повеќе од шест часа. Својата прва трка надвор од Бразил ја истрча во Португалија, по што следеа маратони во Аргентина, Уругвај и неодамна на Кинескиот ѕид.

Оваа недела, тој трча за прв пат во Шпанија, во трка од 10 километри во Барселона.

За секој изгубен килограм, Хулио донира храна, а досега донирал два тона во Бразил и во странство. „Она што порано ме убиваше затоа што имав премногу, сега оди кај оние на кои им е најпотребно. Тоа е мојот начин да му вратам на светот за сите добри работи што ми се случуваат“, заклучува тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер