МакедонијаМисајловски: Ќе продолжи да се спроведува набавката на хеликоптерите од ИталијаМисајловски денеска потврди дека ќе продолжи да се спроведува Договорот за набавката на осум хеликопетри. Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска потврди дека ќе продолжи да се спроведува Договорот за набавката на осум хеликопетри од италијанскиот производител Леонардо, склучен на ниво на држава со држава од поранешната Влада и ја повика Антикорупциската комисија да се произнесе поскоро за поднесената претставка по однос набавката. -Денеска официјално ќе имаме управна група каде што ќе има две точки за разгледување - новиот буџет за наредната година каде треба да ги испланираме сите средства и исто така да ги видиме програмските цели за наредната година. Тука се сите оние цели што НАТО ги задава како нашата обврска, но и да ги разгледаме сите потребни наши чекори како да обезбедивме средства за дополнителни финансии. Имаме потпишан договор кој чини навистина премногу со Леонардо за пристигнување осум хеликоптери. Вчера имавме состанок со амбасадорот и со новото аташе и со старото кое замина. Разговаравме за повеќе работи. Сега треба да се формираат дополнителни тимови каде што ќе започне оваа постапка за да се почитува договорот, рече Мисајловски на новинарско прашање останува ли договореното хеликоптерите Леонардо да почнат да пристигнуваат во 2026 година. Иако имаше и една претставка од ДКСК за овој предмет, рече дека се уште немаат добиени информации. - Ја користам оваа прилика да повикам да се разгледа повторно таа преставка и да стигне до нас, бидејќи сакаме да знаеме што се случувало во минатото. Но она што е склучено по договор ние мора да продолжиме да го работиме, а тоа е една огромна набавка од преку 300 милиони евра за нови осум хеликопетри. Се очекува првиот во 2026 година, а низ годините да пристигнат останатите хеликопетри, рече Мисајловски. Тој нагласи дека Министерството за одбрана ќе информира за сите детали околу реализацијата на оваа набавка. -Мене ми е навистина жал што во овој момент ги немаме хеликоптерите бидејќи знаете што се случува во Македонија, и навистина ни се потребни, но така одат овие набавки склучени држава со држава. И за се она што ќе се случува транспарентно максимално ќе биде објавено, за нивното пристигнување. Тие ќе имаат дополнителна инсталација за потреба во случај на пожари, рече Мисајловски по примопредавањето на опрема од Република Турција за Армијата во касарната „Илинден“. Договори држава со држава земјата, посочи, има склучено и со Франција и со САД за страјкерите, и се она што е веќе потпишано ќе се реализира и ќе се исплаќа. -Тоа се огромни средства за МО, но ние ќе правиме се од себе за да се зголемува буџетот, оваа година ќе програмираме да биде над 2,15 проценти согласно БДП. Денеска еве го имаме тој состанок, програмираме над 2,30 проценти да биде буџетот зголемен. Да видиме што ќе се случува, а последниот збор ќе го има Министерството за финансии, изјави Мисајловски, по примопредавањето на донација во опрема од Турција за нашата Армија. Договорот за набавка на нови осум транспортни хеликоптери од типот AW149 и AW169M за потребите на Армијата, вреден 249,5 милиони евра, во име на владите на двете земји беше потпишан во март, годинава, од страна на министрите за одбрана Славјанка Петровска и Гуидо Кросето. Со потпишувањето на овој договор покрај набавката на осум хеликоптери кои треба да бидат испорачани во периодот од 2026 година до крајот на 2028 година, вклучен е и пакет за логистичка поддршка односно опрема, резервни делови, тренажер, комплетна обука на летечкиот и техничкиот персонал и изградба на модерен инфраструктурен објект. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПроменливо облачно, претпладне ќе има повремен локален дождСпоред Управата за хидрометеорлошки работи времето денес ќе биде променливо облачно, претпладне ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен, повремено силен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 20 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, следува период на променливо облачно време наместа со повремени врнежи, кои на повисоките планини ќе бидат од снег. Од утре до почетокот на викендот ќе дува засилен северозападен ветер, кој повремено наместа ќе биде силен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Се соблече најубавата водителкаЕлеонора Инкардона, заштитното лице на спортската платформа „DAZN“ – која публиката често има можност да ја види за време на преносите на натпреварите од Серија А – сподели неколку фотографии од својот одмор на социјалните мрежи.Атрактивната водителка покажа делови од своето секојдневие надвор од телевизиското студио – од времето поминато покрај базенот и шетањето на кучето, до тренинзите, дружењето и уживањето во локалните специјалитети. „Мало бегство, токму она што ми требаше“, напиша Елеонора Инкардона покрај секси фотографии во бикини. Најголемата популарност ја стекна токму преку ангажманот на „DAZN“, каде што ги следи натпреварите од Серија А и големите фудбалски настани. Паралелно со телевизиската работа, таа изгради и голема публика на социјалните мрежи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Меган Фокс непрепознатливаЕдна од најубавите актерки во Холивуд, атрактивната Меган Фокс веќе неколку месеци изненадува со својот изглед. Видео на филмската платформа Letterboxd, во кое актерката Меган Фокс и режисерката Кери Кусама ги препорачуваат своите омилени филмови, предизвика низа реакции на социјалните мрежи. Многу од нив се однесуваа на физичкиот изглед на 40-годишната актерка. Иако снимката беше објавена во почетокот на октомври 2026 година, средбата била снимена уште во октомври 2025 година, за време на специјална проекција на филмот „Jennifer's Body“ во Музејот на филмската уметност на Академијата во Лос Анџелес. Во видеото, Фокс издвојува наслови како „Braveheart“, „The Lion King“ и „Ninja Turtles II“, како и филмскиот серијал за Хари Потер. ''Megan Fox'': Por la caripa que le quedó despues de tantas operaciones https://t.co/TceVR3CSNe — Es tendencia en 𝕏 (@EsTendenciaEnX) October 8, 2026 Сепак, откако некои корисници во коментарите заклучија дека актерката е непрепознатлива и почнаа да шпекулираат за можни естетски зафати, платформата Letterboxd ја оневозможи опцијата за коментирање на објавите на својот официјален профил на Инстаграм. „Што се случи со Меган Фокс што сите ја знаевме? Боже, таа се уништи себеси...“, „Меган Фокс како Џигсо за Ноќта на вештерките“, „Изгледа како член на семејството Адамс“, „Целосно си го уништи лицето. Каква штета“ – беа само дел од коментарите. Дел од јавноста застана во одбрана на актерката, истакнувајќи дека видеото е снимено осум месеци откако таа го родила своето четврто дете, како и дека периодот по породувањето носи природни промени во изгледот. Некои укажаа и на можното влијание на осветлувањето и шминката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook