Мисајловски: Како идна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го помагаме спортот со 50 милиони

Денеска сме повторно во Бутел, навистина ми е драго кога доаѓам да видам што се работи во општината Бутел. Дарко е познат по спортски терени, по нови проекти и навистина ми е чест и задоволство.

Денеска да сум заедно со кандидатите за пратеници тука од Бутел и можеме да видиме уште еден увид на активностите, а тоа е нов спортски комплекс тука во Љуботенски пат. Дарко тоа го вети и тоа го исполнува, но освен овој комплекс, Дарко има веќе преку десет комплекси, спортски сали, терени насекаде во Бутел.

Како што можев да слушнам, подготвува уште нови вакви позитивни работи за Бутел. Во наредниот период, за еден месец ќе започне уште два три нови спортски терени. Навистина, вака се сака Бутел, вака се сака Македонија со многу работа, со многу труд.

И затоа ние како ВМРО-ДПМНЕ во нашата програма ставивме дека директно ќе го помагаме спортот и тоа во наредните четири години 50 милиони евра директно ќе одвоиме од буџетот за да помагаме за спортот, за инфраструктурата во спортот, се разбира и за се она што значи да го кренеме спортот на едно повисоко ниво.

Но, исто така, многу важен проект е што Дарко во општината Бутел ова го прави од сопствените средства, а ние како нова влада ќе се потрудиме 250 милиони евра годишно да даваме на сите општини, буквално на сите општини во Македонија. И огромен број на средства ќе завршат тука во Бутел каде што Дарко ќе може да прави многу проекти и во следниот мандат, се разбира, каде што ќе гледаме многу нови улици, нови паркови. Ќе гледаме нови вакви игралишта и се разбира многу покрупни проекти, затоа што навистина Бутел ги заслужува.

Честитки до Дарко и до неговиот тим, се разбира и до сите останати што помагаат за вакви убави комплекси.

И сакам да ги поканам сите граѓани за позитивни промени во Република Македонија да го дадат гласот за бројот два, да гласаат за Гордана Силјановска Давкова уште на 24, а се разбира на 8 мај сплотено, заеднички да ја направиме најголемата победа за ВМРО-ДПМНЕ и за коалицијата, рече Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер