МакедонијаМисајловски и Калас ги посетија Балканските медицински наменски силиКалас посочи дека Македонија е доверлив партнер, целосно усогласен со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.Министерот Владо Мисајловски и високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас денеска (23 мај) ги посетија Балканските медицински наменски сили (Balkan Medical Task Force) каде извршија увид во опремата со која Европската Унија го поддржа развојот на оваа регионална организација. Министерот Мисајловски истакна дека поддршка од Европската Унија, но и од сојузниците во градење на македонските одбранбени капацитети се должи на искрената посветеност, подготвеност и професионалност во зачувувањето на мирот, стабилноста и безбедноста на регионот и пошироко. „Европската Унија ја препозна нашата искрена заложба за зајакнување на безбедноста вклучувајќи го и придонесот во мировните мисии и операции и одговори позитивно на барањата за зајакнување на македонската Армија со помош во опрема во висина од 40 милиони евра“, рече министерот. Тој додаде дека европската помош се однесува на „ опрема за потребите на инженерија, за воено медицинскиот центар, за Лесната пешадиска баталјонска група, за логистиката, технологии поврзани со разузнавање, набљудување и извидување, електронско војување, комуникациско - информациски системи, системи за команда и контрола, заштитна опрема“ и посочи дека со оваа помош е опфатена и обука на персонал. Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Калас за Балканските медицински наменски сили рече дека се силен пример за регионална соработка што дава резултати. „Европската Унија ја поддржува оваа иницијатива и политички и финансиски, бидејќи таа точно го одразува она за што се залагаме во Западен Балкан: доверба, партнерство и постигнување видливи резултати за луѓето. Оваа иницијатива е уште поважна бидејќи се однесува на спасување животи“, рече Калас. Калас посочи дека Македонија е доверлив партнер, целосно усогласен со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, придонесувајќи во операциите на ЕУ, особено во ЕУФОР АЛТЕА во Босна и Херцеговина и истакна дека јасноста и конзистентноста во геостратешката ориентација на нашата држава „се клуч што би можел да отклучи подлабока одбранбена соработка со ЕУ“. Балканските медицински наменски сили се меѓународна организација со седиште во Скопје, формирана со цел да обезбеди брз и координиран одговор при катастрофи предизвикани од природни непогоди или човечки фактори. Земји членки на БМНС се Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Словенија и Црна Гора.Тагови: Владо Мисајловски Каја Калас Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МакедонијаСДСМ: Политиката на изолација на Мицкоски најдобро се гледа на граничниот преминДодека Христијан Мицкоски со државниот авион (што веќе го третира како приватен) оди на своите екскурзии, македонските граѓани со децата, стојат со саати под жешкото сонце на граничните премини.Колони од повеќе километри. Чекање од 4, 6, понекогаш и 10 часа. Луѓе што сакаат само да стигнат до море. Ова е реалната слика на политиката што ја спроведува организираната криминална група ВМРО-ОКГ. Половина од Владата и голем дел од функционерите на ВМРО имаат бугарски пасоши. Нивните семејства имаат бугарски пасоши. Имаат фирми во Бугарија. Имаат европски документи. Тие и нивните најблиски минуваат преку посебен - ЕУ премин. Тие си обезбедија Европа за себе. За граѓаните на Македонија не им е гајле. Единствената нивна грижа е што во буџетот сѐ помалку има пари за нови криминални тендери. Тоа е најголемата грижа на „тендер-патриотите“. Додека народот стои во колона, тие летаат. Додека децата седат во прегреани автомобили, тие уживаат во привилегиите што си ги обезбедија преку бугарските пасоши. Ова е нивна политика - изолација за народот, Европа за себе. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин", инвестиција од 5,99 милиони денариОпштина Центар информира дека во кругот на градинката „Кочо Рацин" се отстранува стариот потпорен ѕид и на негово место се гради нов со должина од 37,26 метри и висина од 3,6 метри.Станува збор за ѕид кој беше стар 25 години, кој сега ќе биде заменет со конструкција од армиран бетон, со темели пошироки од претходните. „И ова лето вложуваме во воспитно-образовната инфраструктура. Во моментов се работи и на поставување нова енергетски ефикасна фасада на училиштето „Кирил и Методиј", следно е спортската сала во училиштето „Коле Неделковски" и „Гоце Делчев“, а во тек се и санации во ООУ „Димитар Миладинов", рече градоначалникот Герасимовски. Изградбата на ѕидот се изведува по сите важечки стандарди, со посебно внимание на квалитетот на материјалот и техничката изведба. Проектот е вреден 5.992.394,00 денари и ќе биде целосно завршен во рок од еден месец. Со оваа инвестиција, Општина Центар продолжува со континуираниот процес на подобрување на инфраструктурата во училишните и предучилишни установи на својата територија. Со почит, Одделение за односи со јавност Општина Центар - СкопјеТагови: Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија - исто како и неговиот шеф!Орце Ѓорѓиевски, еден од најблиските соработници на Мицкоски, исто така е на екскурзија.Како што шефот ја води државата, како на екскурзија, така и Орце го води Скопје - место каде што главна активност се тендерите. Сѐ уште нема одговор: • Колку чинеше AI-решението за билбордот? (Веруваме дека е поскапо од вообичаено, бидејќи коњот на билбордот има пет нозе). • Која фирма го работеше? • Дали таа фирма има врска со Орце? • Како е можно билборд што треба да го промовира Скопје повеќе да го промовира Белград и Храмот Свети Сава? Нема одговор ни за водата. Не знаеме што покажа дронот што од воздух ги испитуваше Лепенец и Вардар - кој ги загади реките? Единствено што добија граѓаните од Орце е апел да си го чистат градот од ѓубре, затоа што тој не е способен да го направи тоа. Тоа е сѐ што доби Скопје од Орце Ѓорѓиевски: екскурзии, скапи AI-билборди со петножни коњи, промоција на Белград и апел граѓаните сами да си го чистат градот. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter