Мис на Јапонија, родена Украинка се откажа од титулата по откривање на афера (ВИДЕО) - Канал 5

Мис на Јапонија, родена Украинка се откажа од титулата по откривање на афера (ВИДЕО)

Манекенка родена во Украина се откажа од титулата Мис на Јапонија две недели откако беше крунисана на изборот во Токио, откако таблоид ја разоткри нејзината афера со оженет маж.

Мис на Јапонија, родена Украинка се откажа од титулата по откривање на афера (ВИДЕО)

Во една статија во магазинот „Шукан Буншун“ се наведува дека Каролина Шино била во врска со оженет инфлуенсер и доктор.

Таа се извини за „заблуда на јавноста“, а организаторите го прифатија нејзиното откажување од круната, соопшти организацијата Мис Јапонија. „Навистина ми е жал за големата неволја што ја направив и што ги изневерив оние кои ме поддржуваа“, изјави манекенката по бурните реакции на јавноста.

Победата на Каролина и претходно предизвика јавна дебата поради нејзиното потекло. Додека некои го пофалија крунисувањето на жена со странско потекло, други сметаа дека таа не ги претставува традиционалните јапонски идеали за убавина.

26-годишната девојка, која се преселила во Јапонија кога имала пет години, вели дека се соочила со „расни бариери“ додека ја прифаќала нејзината награда за Мис на Јапонија. „Беше предизвик да се биде прифатена како Јапонка“, изјави Шино.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Златко Далиќ си заминува од Хрватска: Веќе се појави името на новиот селектор

На денот кога хрватската репрезентација ќе се врати од Светското првенство, сосема е извесно дека Златко Далиќ ќе ја напушти селекторската позиција. 

Златко Далиќ си заминува од Хрватска: Веќе се појави името на новиот селектор

Најголем фаворит да го наследи е Славен Билиќ, објави порталот „24sata.hr“. Легендарниот хрватски дефанзивец, кој како играч освои бронзен медал на Светското првенство во 1998 година, веќе ги има предводено „Коцкестите“.

Во 2006 година, тој во првиот тим ги вклучи Лука Модриќ, Ведран Чорлука и Едуардо, со кои претходно соработуваше во младата селекција до 21 година.

Квалитетот, искуството и карактерот се издвојуваат како најголеми одлики на Билиќ, па се смета дека тој го поседува „целосниот пакет“ за да го преземе тимот што беше светски вицешампион во 2018 година и освојувач на бронза во Катар во 2022 година.

„Не помалку важно е тоа што Билиќ ја има поддршката од претседателот на Хрватскиот фудбалски сојуз, Маријан Кустиќ, и од директорот на репрезентацијата, Стипе Плетикоса“, се наведува во текстот.

Под водство на Билиќ, Хрватска двапати ја победи Англија во квалификациите на патот до ЕУРО 2008, а драматично загуби во продолжението од Турција на завршниот турнир.

Тој ја водеше репрезентацијата шест години, а потоа беше тренер на Локомотив Москва, Бешикташ, Вест Хем, каде што беше и играч и успешен менаџер, бидејќи го освои седмото место во Премиер лигата, победувајќи ги Ливерпул и Манчестер Сити.

Во претходните години, Билиќ се занимаваше и со новинарство и ја водеше популарната емисија „Неуспехот на шампионите“, во која ги беше домаќин на најголемите спортисти од регионот, пред сè Новак Ѓоковиќ, Златан Ибраховиќ, Жељко Обрадовиќ и Лука Модриќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ивана Крол во „вратоврска и боди повторно ги „запали“ трибините,

На Светското првенство, најпознатата хрватска навивачка Ивана Кнол ги запали трибините со својот атрактивен изглед и минијатурна вратоврска. 

Фото: Ивана Крол во „вратоврска и боди повторно ги „запали“ трибините,

Хрватската фудбалска репрезентација со години ниже големи успеси, а на трибините секогаш ја следи најпознатата навивачка Ивана Кнол, која „освојуваше“ со својот стајлинг- вратоврска над намачканите бујни гради.

Но, вчера атрактивната Ивана не успеа да им помогне на своите соработници на зелениот терен да остварат успех во контроверзниот дуел во Португалија.

Хрватите доживеаја елиминација уште во осминафиналето на Светското првенство во САД, Мексико и Канада – и тоа на крајно болен начин – а на тој натпревар присуствуваше Ивана Кнол.

Фоторепортерите ја следеа уште од моментот кога пристигна на стадионот во Торонто, неколку часа пред почетокот на натпреварот, а таа, како и секогаш, со задоволство позираше пред нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џастин Бибер би можел да настапи на шоуто за време на полувремето на финалето на Светското првенство

Мегапопуларниот пејач Џастин Бибер би можел да настапи на полувремето од финалето на Светското првенство, преговорите меѓу претставниците на ФИФА и пејачот се во тек, објави денес TMZ. 

Џастин Бибер би можел да настапи на шоуто за време на полувремето на финалето на Светското првенство

Бибер би се придружил на низата ѕвезди кои учествуваат во големото финале на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси на 19 јули, вклучувајќи ги Мадона, Шакира и поп-групата BTS.

Џастин и Хејли Бибер, исто така, беа во центарот на вниманието на церемонијата на отворањето на Светското првенство во Инглвуд, Калифорнија, каде што пејачот дури и ги изненади ВИП гостите со изведба зад сцената на неговиот хит „Јукон“.

Потенцијалното појавување на Бибер на финалето на Светското првенство следи по неговото неодамнешно враќање на настапите во живо по четиригодишна пауза направена за да се фокусира на неговото здравје, објави TMZ.

Се очекува спектаклот на финалето на Светското првенство да се продолжи надвор од стандардниот интервал од 15 минути на полувремето и да го поддржи Глобалниот фонд за граѓанско образование на ФИФА - иницијатива чија цел е да се соберат 100 милиони долари за образование и пристап до фудбал за децата ширум светот, објави Танјуг.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер