Мис Бумбум се бори за живот поради компликации по пластична операција - Канал 5

Мис Бумбум се бори за живот поради компликации по пластична операција

27 годишната Андреса Урах која во 2012 го освои второто место на Мис Бумбумво Бразил, се бори за живот на интензивна нега откако по операцијата и се инфицирале раните.

Мис Бумбум се бори за живот поради компликации по пластична операција
Младата девојка отишла на операција да го отстрани гелот од бутините и горниот дел на нозете кој претходно го ставила мислејќи дека така ќе изгледа подобро.

Но, по втората операција, раните и се инфицирале.

Таа наводно при првата операција ставила двојно повеќе гел од што е безбедно, па сакала да го отстрани.



All personality:The 27-year-old's surgery wounds became infected following a second operation to drain her thighs and is currently being sedated,


Андреса и е позната на јавноста и по тоа што тврдеше дека имала афера со Кристијано Роналдо.

Нејзината мајка преку Фејсбук ги повика фановите на Андреса да се молат за нејзиниот живот.

Во октомври 39 годишната Мариа Брандао почина откако и бил вбризган хидрогел.

Минатиот месец болница во Богота, Колумбија, прогласи алармантна состојба откако 43 годишна пациентка почина од откажување на бубрезите , што се случило по операцијата со која го зголемила својот задник./ извор: Дејли меил

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заедничко соопштение на Си, Трамп и Путин по трилатералната средба - четири точки се клучни

Заедничка изјава на Си, Трамп и Путин од трилатералната средба во Шенжен .

Заедничко соопштение на Си, Трамп и Путин по трилатералната средба - четири точки се клучни

Кинескиот претседател Си Џинпинг, американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин издадоа заедничка изјава по нивниот историски трилатерален самит.

Тројцата лидери наведуваат дека се посветени на залагањето за реформа на Обединетите нации, со цел организацијата „поефективно да одговори на глобалните предизвици и да ја исполни својата основна мисија – зачувување на меѓународниот мир и безбедност“.

Тие, исто така, се договорија да го зголемат производството на преработени нафтени деривати „за добробит на сите нации“, и покрај меѓународните санкции насочени против продажбата на руска нафта.

Дополнително, во изјавата се потврдува „почитувањето на имунитетот на државните функционери“ и се упатува повик до Меѓународниот кривичен суд да не ја „злоупотребува“ својата надлежност.

Ова меѓународно тело издаде налог за апсење на Владимир Путин поради неговата наводна одговорност за воени злосторства во руската војна во Украина.

Лидерите, исто така, потврдија дека „не смее да се води нуклеарна војна“ и ветија дека ќе „воспостават дијалог“ за нуклеарните ризици и пролиферацијата, откако Трамп се залагаше за денуклеаризација во своето воведно обраќање и коментари пред самитот.

Општи заклучоци:

Трите земји планираат да го зголемат производството и снабдувањето со рафинирани нафтени производи во корист на сите нации. Тие уште еднаш ја потврдија важноста на стабилните енергетски текови.

Како постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации, Кина, Русија и Соединетите Американски Држави се посветени на промовирање на реформата на Обединетите нации за да можат поефикасно да одговорат на глобалните предизвици и да ја исполнат својата основна мисија за зачувување на меѓународниот мир и безбедност.

Тројцата шефови на држави оценија дека принципот на национална согласност и почитувањето на имунитетот на државните функционери се од најголема важност, и се согласија дека Меѓународниот кривичен суд и други слични тела не смеат да ја злоупотребуваат својата надлежност.

Трамп, Путин и Си повторија дека нуклеарна војна не може да се добие и не смее да се води. Трите земји ќе започнат дијалог за намалување на нуклеарните ризици и спречување на ширењето на нуклеарното оружје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Социјални пакети за 50 пензионери во социјален ризик, Центар продолжува грижата за повозрасните граѓани

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со Црвениот крст, подели социјални пакети со прехранбени производи на 50 пензионери со минимални пензии.

Герасимовски: Социјални пакети за 50 пензионери во социјален ризик, Центар продолжува грижата за повозрасните граѓани

„Солидарноста и грижата за повозрасните граѓани треба да бидат наша секојдневна обврска. Во време кога изостанува потребната социјална грижа од државата, ние како локална самоуправа сме тука да помогнеме.

Годинава ја зголемивме еднократната финансиска помош за пензионерите на 5.000 денари, како што и ветивме. Со овие пакети сакаме да им дадеме дополнителна поддршка на нашите пензионери, особено во пресрет на новогодишните празници. Ова е дел од низата хуманитарни активности што ги подготвуваме во овој период“, порача Герасимовски.

Со оваа акција Општина Центар ја потврдува посветеноста на социјална поддршка за најранливите категории граѓани. Преку соработката со Црвениот крст, општината продолжува да ја поттикнува солидарноста и хуманоста, затоа што и малата помош може да значи многу за оние на кои им е најпотребна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Здравко Чолиќ купил луксузен стан во близина на Пула, откриена е цената за метар квадратен

Најголемата балканска музичка ѕвезда Здравко Чолиќ купил луксузен стан во близина на Пула, но се уште не може да се всели во него. Сега е отркиена и сумата која популарниот Чола ја „искеширал“.

Здравко Чолиќ купил луксузен стан во близина на Пула, откриена е цената за метар квадратен

Пред три години, Здравко Чолиќ купил луксузен стан во близина на Пула, иако сè уште не се вселил во него. Изградбата на комплексот, кој гледа кон морето и марината, е во тек; се очекува првите две згради да бидат завршени во пролетта 2027 година.

Популарниот Чола, го купил имотот во 2023 година, кога становите во комплексот се продавале по цена од приближно 5.500 евра за квадратен метар. Проектот, лоциран на возвишено место над брегот, опфаќа пет планирани згради со вкупно 150 станови.

Агенцијата за недвижности задолжена за продажбата соопшти дека становите во првите две згради се речиси целосно распродадени.

Сè уште се достапни станови во приземјето со површина од 50 квадратни метри, по цена од 5.800 евра за квадратен метар. За преостанатите три згради, постапката за добивање градежни дозволи е сè уште во тек.

Дополнително, во соработка со „Хрватске шуме“ (Hrvatske šume), се подготвува решение за уредување на зелената падина под комплексот. Според проценките на агенцијата, сите пет згради би требало да бидат завршени до 2028 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер