3УЕФА ги потврди домаќините на финалните средби во Лигата на Шампионите и Лига Европа за сезоните 2028 и 2029
КошаркаМиротиќ со изненадувачки трансфер во ВаленсијаЕден од најдобрите европски кошаркари во последните неколку години, досегашниот член на Монако, Никола Миротиќ останова во Евролигата и следната сезона ќе игра во Валенсија, потврди шпанскиот клуб.Миротиќ беше без клуб ова лето откако го напушти Монако, но пред почетокот на новата сезона постигна договор со Валенсија. „Здраво, Валенсија. Слушнав дека барате играч на позиција четири, па еве ме мене“, изјави Миротиќ во објавата за неговото доаѓање на социјалните мрежи. Триесет и петгодишниот кошаркар минатата сезона настапуваше за Монако и остваруваше просек од 11 поени, 4,3 скока и 1,4 асистенции на 31 натпревар во Евролигата. Тој имаше одличен процент на шут за три поени од 39,3 отсто и минуваше по 19,1 минута на теренот по натпревар. Неговата иднина беше неизвесна по големите финансиски проблеми на Монако. Миротиќ на крајот го напушти клубот, кој потоа остана без место во Евролигата по само една сезона помината во елитното европско натпреварување со искусниот крилен центар во составот. Миротиќ ја започна својата сениорска кариера во Реал Мадрид, а во 2014 година се пресели во НБА. Во текот на шест сезони во најсилната лига во светот, тој настапуваше за Чикаго Булс, Њу Орлеанс Пеликанс и Милвоки Бакс. На 319 натпревари во регуларниот дел од сезоната во НБА, тој имаше просек од 12,3 поени и 5,9 скока. Тој се врати во европската кошарка во 2019 година, кога потпиша за Барселона. Токму во каталонскиот клуб ја одигра една од најдобрите сезони во кариерата, освојувајќи ја наградата за најкорисен играч (МВП) на Евролигата во сезоната 2021/22. По заминувањето од Барселона во 2023 година, Миротиќ помина две сезони во Олимпија Милано пред да се пресели во Монако минатото лето. И покрај големиот број индивидуални признанија и трофеи освоени на домашната сцена, на Миротиќ сè уште му недостасува највредната европска клупска титула – онаа на шампион во Евролигата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче од Тремник: Власта има 5,5 милиони евра за Дејвид Гета, за лозарите нема париПретседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во Неготинско Тремник, имаше средба со лозари, на која што се разговараше за проблемите со откупот и цените на грозјето. На средбата лозарите алармираа дека црното грозје од сортата Вранец не се откупува, им скапува, а белото грозје се откупува по понижувачка цена од 14 денари за килограм. Филипче посочи дека лозарите денес се соочуваат со ситуација во која вложениот труд, средства и целогодишната работа им пропаѓаат пред очи, а власта не носи никаква мерка за да им помогне на лозарите да ја пребродат кризата. Тој нагласи дека ова не е проблем само на лозарите од Неготинско, туку состојба со која се соочуваат лозарите во целата држава, додавајќи дека во услови кога власта има 5,5 милиони евра за Дејвид Гета, за лозарите нема пари. На средбата Филипче потсети дека во времето на владите на СДСМ трудот на лозарите беше ценет и вреднуван - се зголемија субвенциите и навреме се исплаќаа, секогаш кога лозарите се соочуваа со проблем владите на СДСМ носеа интервентни мерки, што не е сега случај со власта на ВМРО. Филипче најави дека согласно сегашната состојба на терен, кога големи количини грозје скапуваат, СДСМ повторно ќе предложи конкретни мерки за да им се помогне на лозарите. „Ќе направиме предлог мерка за поддршка на лозарите согласно состојбата на терен, колку од лозарите имаат предадено грозје за откуп, колку немаат, колку од грозјето скапува по нивите и од дождот, и според тоа во најкус рок ќе дадеме соодветен предлог во Собранието за помош на лозарите“, рече Филипче. Инаку, и претходно, уште на почетокот на откупот, СДСМ предложи да се зголеми откупната цена за 5 денари по килограм, да се укине 8-процентниот попуст што се бара за побрза исплата и интервентен откуп од страна на државата на црното грозје кое ќе остане непродадено, но Владата не ги прифати мерките. Лозарите се пред пропаст, а последиците од ваквата негрижа на власта за една од најважните извозно-ориентирани гранки допрва ќе се видат преку намалени површини и производство на грозје. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЕУ подготвува забрана за социјални мрежи за деца под 15 годиниЕвропската комисија подготвува нови правила со кои ќе се ограничи пристапот на децата до социјалните мрежи и до платформите за споделување видеа пред да наполнат 15 години.Новиот закон на ЕУ за децата, кој комисијата треба да го претстави в четврток, предвидува различни нивоа на пристап до социјалните мрежи во зависност од возраста, со поголема улога на родителскиот надзор. За децата под 13 години, родителите би можеле да отвораат профили кои целосно ќе ги контролираат, а платформите ќе мора да исполнуваат строги безбедносни стандарди. Предлогот предвидува и задолжителна технологија за проверка на возраста на корисниците на социјалните мрежи и на платформите за споделување видеа. Новите правила би се однесувале и на онлајн игрите и на четботовите. Компаниите би морале да обезбедат нивните производи да бидат безбедни уште при нивното создавање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Живот„Waymo“ го најави лансирањето на робо-такси во Токио„WAYMO“, одделот за автономно возење на „Alphabet“, јапонскиот оператор на апликација за такси-услуги GO и такси-компанијата „Nihon Kotsu“ планираат во 2027 година да ја лансираат првата целосно автономна комерцијална такси-услуга во Јапонија.„WAYMO“, одделот за автономно возење на „Alphabet“, јапонскиот оператор на апликација за такси-услуги GO и такси-компанијата „Nihon Kotsu“ планираат во 2027 година да ја лансираат првата целосно автономна комерцијална такси-услуга во Јапонија, соопштија денес овие компании. Услугата првично би требало да биде достапна со помал број возила, а потоа возниот парк би требало да се прошири на околу 100 автомобили во клучните населби во Токио, под услов да се добијат регулаторните одобренија и успешно да се потврдат технологијата и деловниот модел на Waymo. Откако ќе се добијат потребните дозволи и ќе се завршат проверките, такси-возилата ќе сообраќаат без возачи, а корисниците ќе можат да ги нарачаат преку апликациите на GO и Waymo, се наведува во заедничкото соопштение на компаниите. „Услугата со возила без возач ќе биде достапна за јавноста уште од првиот ден“, изјави Текедра Мавакана, ко-извршен директор на Waymo, на прес-конференција во Токио. „Одговорно ќе ја зголемуваме флотата и постепено ќе ги шириме операциите со текот на времето, сè додека секој во Токио не може да ја преземе апликацијата и да го користи нашето возило“, додаде таа. Оваа најава го означува најновиот чекор во влезот на Waymo на јапонскиот пазар. Компанијата започна со собирање податоци по улиците на Токио во 2025 година, користејќи возила „Jaguar I-PACE“ со човечки возачи. Ова беше првиот излез на Waymo на јавни патишта надвор од САД. Компаниите очекуваат дека услугата за автономни такси-возила би можела да помогне во ублажувањето на недостигот од возачи во Јапонија – земја која истовремено се соочува и со поширокиот проблем на опаѓање на бројот на населението. Одделно, јапонскиот производител на автомобили „Nissan“ соработува со британскиот стартап „Wayve“ и американската компанија „Uber“ на развојот на робо-такси возила.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook