Мирослав Лајчак си поднесе оставка по објавената преписка со Епштајн - Канал 5

Мирослав Лајчак си поднесе оставка по објавената преписка со Епштајн

Поранешниот словачки министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак, објави дека, по објавувањето на неговите комуникации со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн, ја напушта својата позиција како советник на словачкиот премиер Роберт Фицо.

Мирослав Лајчак си поднесе оставка по објавената преписка со Епштајн

Премиерот Фицо објави дека ќе ја прифати оставката на Лајчак, но рече дека долго време не видел „толку лицемерие“ од критичарите на Лајчак, објавува порталот „Дневник Н“.

„Миро повторно се докажа како одличен дипломат и ја прифаќам неговата понуда да ја прекинеме нашата соработка, иако сите, не само јас, губиме неверојатен извор на искуство во дипломатијата и надворешната политика. Чудно е што слична симбиоза на медиумите, опозицијата и владините партии не го таргетираше лидерот на опозицијата Шимечек, кој претставува значително поголем ризик за угледот на нашата земја отколку советникот на премиерот Мирослав Лајчак со измама со грантови на словачко и европско ниво“, се вели во соопштението на Фицо.

Лајчак во последните 20 години беше вклучен како претставник на ЕУ за решавање на споровите на земјите од Западен Балкан како за БиХ, потоа за дијалогот Белград- приштина , а од 2020 до 2025 година беше назначен за специјален преставник на ЕУ за Западен Балкан.

Во петокот во САД беа објавени нови документи за Џефри Епштајн, вклучувајќи ги и комуникациите меѓу Мирослав Лајчак и осудениот сексуален престапник.

Најголемата серија судски документи за Епштајн беше објавена во петокот, вклучувајќи три милиони страници, 180.000 фотографии и 2.000 видеа.

Епштајн, милионер познат по својата поврзаност со бројни познати личности, почина во затвор во 2019 година додека чекаше федерални обвиненија за трговија со луѓе, а њујоршкиот патолог ја процени неговата смрт како самоубиство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска нови цени на нафтените деривати

Регуалаторната комисија за енергетика денеска треба да донесе нова одлука за малопродажните цени на горивата.

Денеска нови цени на нафтените деривати

Со претходната одлука бензините поскапеа за 4,5 денари, а дизелот поскапи за 6,5 денари по литар. Во последната пресметка на регулаторна продолжена беше и примената на намелените акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ги добија своите противници на Ју-Ес Опен

Најтрофејниот свтески тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ и најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка ќе се соочат со Френсис Тиафо и Лејла Фернандез во осминафиналето на Грен слемот во Њујорк,  УС Опен во конкуренција на мешани двојки.

Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ги добија своите противници на Ју-Ес Опен

Ќе видиме како домашната публика ќе реагира на мечот против северноамериканскиот пар и кого ќе го поддржува, а според моменталната ситуација, натпреварот е закажан за утре, 25 август.

Во евентуалното четвртфинале, ги очекуваат победниците од дуелот меѓу брачниот пар Гаел Монфис и Елина Свитолина, односно Алекс Ил и Феликс Оже-Алијасим.

И Александра Круниќ би можела да се најде во главната ждрепка доколку таа и Мате Павиќ ги победат Пејтон Стернс и Кристијан Харисон.

Меѓу поинтересните парови во главната ждрепка се Карлос Алкараз и Серена Вилијамс, кои ги очекуваат своите противници од квалификациите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВРЕДИ: Груби пред правдата, „пеењето“ на Бујар даде резултат…

Денес „пеењето“ на Бујар Османи добива поинакво значење: Артан Груби е пред правдата, а Бујар сè уште го чека моментот да направи чекор кон лидерската позиција во ДУИ.

ВРЕДИ: Груби пред правдата, „пеењето“ на Бујар даде резултат…

Со месеци Бујар молчи за Груби, иако некогаш двајцата беа на врвот на ДУИ. Денес се однесува како никогаш да немале заедничка политичка историја.

Наместо мандатот како министер за надворешни работи да го користи во интерес на државата, Бујар го искористи и за своите внатрепартиски пресметки во ДУИ, „пеејќи“ де ваму де таму и правејќи сметки за преземање на раководството на ДУИ.

Денес сценариото станува сè појасно: Груби пред судот, Али Ахмети под притисок, а Бујар ја чека фотелјата на претседателот на ДУИ.

Но, прашањето е едноставно: зошто Бујар молчеше за Груби кога беа заедно на врвот на ДУИ? Што знае тој за оваа приказна и зошто денес се однесува како Груби никогаш да не постоел?

Зашто во политиката, понекогаш не е важно само кој зборува, туку и зошто досега молчел.

Ако „пеењето“ на Бујар било за правда, нека го каже тоа отворено. Ако било за власт и за фотелјата на Али Ахмети, тоа веќе сите го разбираат.

Груби нека одговара пред правдата. Бујар нека им одговори на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер