Николоски пред претставници на Јапонската надоврешна трговска организација: Македонија нуди најдобри услови за инвестирање од целиот регион
2Николоски пред претставници на Јапонската надоврешна трговска организација: Македонија нуди најдобри услови за инвестирање од целиот регион
Фото: Позната водителка во супер воровокативен фустан зрачи со сексапил и во шестата деценија од животот
1Фото: Позната водителка во супер воровокативен фустан зрачи со сексапил и во шестата деценија од животот
МакедонијаМирослав Лабудовиќ: Пензионерите се чувари на традицијата на Центар - ќе ги поддржиме со почит, грижа и достоинствоЕднократна финансиска поддршка од 7.000 денари за сите пензионери во Центар чија пензија не е повисока од просечната пензија како и 12.000 денари за сите нови корисници на пензија во општината. Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, ја претстави една од најемотивните и најчовечките мерки во својата програма - финансиска и социјална поддршка за пензионерите како симбол на благодарност, почит и грижа кон генерацијата која со својот труд и знаење го изгради градот каков што го познаваме денес. „Секој пензионер чија пензија не го достинува износот на просечната пензија во државата ќе добие од Општина Центар финансиска поддршка од 7.000 денари, почнувајќи од наредната година. А, секој нов пензионер во Општина Центар ќе добие финансиска поддршка во износ од 12.000 денари. Тоа не е само помош - тоа е порака дека ги цениме луѓето кои целиот свој живот го посветиле на работа, семејство и заедница. Пензионерите се нашите чувари на традицијата, нашата гордост, нашата меморија и нашиот компас за иднината,“ изјави Лабудовиќ. Во своето обраќање тој потенцираше дека грижата за повозрасните граѓани ќе биде системски пристап, а не еднократен потег. Планот предвидува воспоставување програма за активно и достоинствено стареење со најширок опфат, во рамки на која пензионерите ќе бидат вклучени во општинскиот живот, со најразлични активности и културни настани. „Нашата визија е Центар да стане општина што го вреднува искуството и придонесот на секој човек. Затоа, освен финансиската поддршка, подготвивме низа конкретни мерки што ќе го олеснат секојдневието и ќе го збогатат животот на пензионерите,“ додаде Лабудовиќ. Во рамки на програмата се предвидуваат следните активности и услуги: Формирање на Здравствен хаб - модерен простор каде секој пензионер ќе може да добие бесплатна здравствена нега, совет, мерење на притисок, шеќер, или разговор со стручно лице. Организирани патувања, излети и дружења, со цел поттикнување на социјализацијата и заедништвото меѓу пензионерите. Бесплатни обуки за компјутери, странски јазици и креативни вештини, за да останат активни, дигитално писмени и поврзани со своите најблиски. Општинска картичка за попусти во аптеки, маркети и културни институции – за да им се олесни секојдневието и да се зголеми пристапот до основни потреби и културен живот. Со оваа иницијатива, Општина Центар се насочува кон создавање вистинска општина за сите генерации, во која младите имаат можност за развој, семејствата живеат квалитетно, а повозрасните се чувствуваат сигурно, почитувано и вклучено. Со овој проект, Лабудовиќ испраќа силна порака дека човечноста и солидарноста се темел на вистинското управување. Пензионерите не се бројка - тие се генерацијата што го изгради општеството, а сега е време општеството да возврати со почит, грижа и конкретни дела.Тагови: Движењето ЗНАМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
БалканУкраден сеф со 100.000 евра на 76 годишник од Белград Белградската полиција трага по непознати сторители кои провалиле во куќа во централниот дел на градот и однеле метален сеф во кој, според пријавата на сопственикот, имало околу 100.000 евра во готовина и неколку рачни часовници.Кражбата била пријавена вчера околу 15 часот, откако 76-годишниот сопственик на објектот забележал дека неговиот дом бил ограбен и дека металниот сеф што го чувал во куќата исчезнал. Според неофицијалните информации, при полицискиот увид биле забележани оштетувања на вратата во ходникот, која води кон дворот, како и на самиот влез во објектот...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаНиколоски пред претставници на Јапонската надоврешна трговска организација: Македонија нуди најдобри услови за инвестирање од целиот регионМакедонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи имаме најниски даноци во регионот со што ја прави земјава атрактивна за инвестирање, се обрати заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, на средбата со претставници од Јапонската владина организација за унапредување на надворешната трговија-ЈЕТРО. “Во однос на глобалната криза, се обидуваме да ги задржиме добрите економски показатели и со гордост можеме да кажеме дека во целиот реигон на Југоисточна Европа имаме најниска инфлација која се движи во просек од околу 3 %, она што е во европски просек. Во однос на бруто домашниот производ, многу ми е драго што релавантни финансиски институции како што се ММФ и Светска банка, два пати ги корегираа своите предвидувања и очекувам годинава да ја завршиме со раст од 3,8 % на БДП. Две години имаме стабилен раст на бруто домашниот производ, исто така, растот во индустриското производство бележи позитивни движења, а во градежништвото имаме раст веќе 11 последователни квартали. Во таа насока решивме да инвестираме и со буџетски средства и со приватни средства и тоа може да се види на терен” – исaтка Николоски Тој додаде дека Македонија има убедливо најниска даночна политика во регионот. Земјата има потпишано Договор за стабилизација и асоцијација со ЕУ, кандидатски статус и почеток за преговори со ЕУ, а врз основа на тоа и олеснување на трговијата со земјите членки на ЕУ. “ Зeмјата е членка ЦЕФТА и ЕФТА договорот за слободна трговија Имаме потпишано Договори за слободна трговија и со ЕУ, така што може да се извезува без дополнителни давачки. Исто така имаме потпишано Договори за стратешко партнерство со Велика Британија, Труција, Унгарија и САД. Она што сакам да го кажам е дека Македонија има убедливо најниски стапки на даноци во регионот. Персоналениот данок на доход изнесува 10 %, данокот на добивка е исто 10 % која што добивка не се оданочува ако се реинвестира. Имаме добро обучена работна сила, во земјата се употребува дуално образование” – додаде вицепремиерот Николоски. На средбата истакна дека очекува продлабочување на односите меѓу двете земји, како во поглед на трговската размена, така и во поглед на инвестициите и другите форми на економска соработка. ЈЕТРО е владина организација за надворешна трговија која поттикнува меѓународна трговија, инвестиции и деловна соработка помеѓу Јапонија и остатокот од светот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
ЗабаваФото: Позната водителка во супер воровокативен фустан зрачи со сексапил и во шестата деценија од живототПознатата ТВ водителка и членка на жири на познато светско шоу, Аманда Холден повторно ги воодушеви фановите со своето секси издание на хуманитарен настан. Да, Аманда се појави речиси гола на црвениот тепих и ги засени сите .Во шестата деценија од животот, атрактивната водителка е позната по тоа што секогаш привлекува погледи со своите модни изданија на црвениот тепих. Аманда Холден го привлече вниманието на сите присутни на хуманитарниот настан „Make Some Noise“, организиран од медиумската компанија „Global“, кој се одржа во Лондон. Иако во текот на летото редовно нè „честеше“ со провокативни изданија во бикини, таа сега покажа дека може да биде исто толку провокативна и во елегантни креации. Водителката (55) се појави во исклучително смел црн фустан изработен од проѕирен материјал, со детали од тантела и прекрасни ракави украсени со пердуви. Креацијата ја откриваше нејзината фигура, но и облеката што ја носеше под неа, со што Аманда уште еднаш покажа дека нема проблем со модните ризици и дека не се плаши да ги помести границите на добриот вкус. Во провокативен фустан, кој истовремено носеше шарм на холивудски гламур, таа зрачеше со самодоверба и ја покажа својата затегната фигура. Во шестата деценија од животот, таа изгледа подобро од кога било, а се чини дека, кога станува збор за модните избори, годините за неа се само бројка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter