3Завршена е железничката обиколница околу Скопје по релација Драчево-Илинден ќе се пренасочуваат товарните возови
„Новак, ова е чисто лудило“: Моника Селеш го гледаше Ѓоковиќ во живо, а потоа ѝ се обрати на неговата ќерка Тара
1„Новак, ова е чисто лудило“: Моника Селеш го гледаше Ѓоковиќ во живо, а потоа ѝ се обрати на неговата ќерка Тара
3Што јадат познатите фудбалери? Меси и Роналдо се хранат слично, а Халанд јаде „срце“ за да биде ѕвер
РакометМиркуловски ја обнови повредата и го пропушта реваншот со ШпанијаНа вчерашниот натпревар против Шпанија, Филип Миркуловски ја обнови старата повреда поради која паузираше две недели во тимот на Металург и сигурно е дека нема да игра на реваншот в недела во Гвадалхара. Лоши вести за Металург и за македонската ракометна репрезентација по добиените резултати за повредата на Филип Миркуловски. На вчерашниот натпревар против Шпанија, нашиот среден бек Филип Миркуловски ја обнови старата повреда поради која паузираше две недели во тимот на Металург и сигурно е дека нема да игра на реваншот в недела во Гвадалхара. - Пукнат ми е адукторот на левата нога. Се работи за стара повреда, која сега ја обновив. Во моментот чувствувам силна болка. Ме очекува пауза во траење од две до три недели. Повредата дојде во многу непријатен момент, пред важни натпревари на нашата репрезентација и на мојот клуб, Металург. Најверојатно не ќе бидам во состојба да патувам во Шпанија, за што навистина жалам, изјави Миркуловски за веб-страната на Металург. Освен Миркуловски на вчерашниот дуел во македонскиот состав на повреди се пожалија и капитенот Кирил Лазаров, Велко Маркоски и Владо Недановски, но за тежината на повредите на овие играчи се уште нема информации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГолем меѓународен успех на ученичка од МакедонијаСофија Ѓорчева од Кавадарци оствари меѓународен успех.На меѓународниот турнир „Математика без граници“, кој се одржа во Несебар, Бугарија таа освои златен пехар во најтешката категорија „Ludovico Ferrari“; златен медал на тимскиот натпревар, сребрен медал на финалниот индивидуален натпревар. До финалето стигна по четири квалификациски круга, во кои освои златен медал во секој круг. Освен тоа, Ѓорчева е и добитник на сребрен медал на „International Youth Math Challenge (IYMC)“, каде што го постигна највисокиот резултат меѓу учесниците од Македонија.Тагови: меѓународен успех Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈП Лајка започнува кампања за вдомување на кучињата кои со години чекаат дом„Толку долго чекаат што речиси сите ги знаат по име. Освен нивните семејства.“ - ЈП Лајка започнува кампања за вдомување на кучињата кои со години чекаат домЗапочнуваме нова кампања за вдомување посветена на кучињата кои најдолго престојуваат во прифатилиштето и со години чекаат некој да им даде шанса за нов живот. Во рамки на кампањата, за реализиравме фотосесија на кучињата кои со години остануваат незабележани, иако станува збор за здрави, социјализирани и подготвени за вдомување миленици. Во наредниот период, јавноста ќе има можност да се запознае со секое од нив преку серија објави во кои, покрај фотографии, ќе бидат раскажани и нивните животни приказни колку долго чекаат, каков карактер имаат, што сакаат, што научиле и зошто сè уште немаат свој дом. Зад секое куче што со години е во Лајка се крие приказна која заслужува да биде слушната. Тие не се бројки, туку живи суштества кои секој ден го чекаат истиот момент - некој да дојде токму по нив. Со оваа кампања сакаме да им дадеме видливост на оние кои најдолго чекаат и да покажеме дека времето поминато во прифатилиште не ја намалува нивната вредност како идни домашни миленици. Кучињата кои се дел од кампањата со години се под грижа на ЈП Лајка. Тие се хумано третирани, социјализирани и секојдневно работат со вработените и волонтерите. Голем дел од нив учествуваа во бројни прошетки и активности, каде покажаа дека се одлични придружници и подготвени за живот во семејство. Ги повикуваме граѓаните да ги следат објавите, да ги споделуваат нивните приказни и да размислат за вдомување. Понекогаш е потребно само едно споделување за едно куче, по години чекање, конечно да го пронајде својот дом. За повеќе информации и интерес за вдомување, граѓаните можат да се обратат преку нашите официјални канали за комуникација.Тагови: ЈП Лајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба Кос – Мицкоски во Владата15:14Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Тенис„Новак, ова е чисто лудило“: Моника Селеш го гледаше Ѓоковиќ во живо, а потоа ѝ се обрати на неговата ќерка ТараЛегендата на светскиот тенис, големата шампионка од екс Југославија, Моника Селеш му честиташе на Новак Ѓоковиќ за победата на Вимблдон, а имаше и совет за неговата ќерка Тара.Најтрофејниот свтески тенисер Новак Ѓоковиќ уште еднаш му покажа на целиот свет зошто е најголемиот на сите времиња. Иако има 39 години, тој успеа да победи во најдолгиот четвртфинален меч во историјата на Вимблдон и да го скрши отпорот на Феликс Оже-Алијасим по пет часа и 15 минути игра со 3-2 по сетови – 7:6 (12:10), 3:6, 6:3, 6:7 (4:7), 7:6 (10:4). Неговата игра воодушеви многумина, меѓу кои и легендарната Моника Селеш. Поранешната југословенска тенисерка го следеше мечот од трибините и објави видео со интересна порака за српскиот ас. „Конечно ги гледав мечевите на Вимблдон. Две возбудливи четвртфиналиња во женска конкуренција, а потоа – што да кажам за Новак? Продолжуваш да нè инспирираш со својата игра, физичка подготвеност и ментален фокус. Оној поен во петтиот сет, супер тај-брејкот при резултат 4:3 по пет часа тенис, беше апсолутно неверојатен. Легендо“, напиша Моника. На самиот крај, познатиот мал Мо имаше порака за ќерката на Ноле, Тара. Моника тврди дека Новак треба да поработи на своето танцување за време на прославата. „П.С. Тара, продолжи да вежбаш танцови чекори со тато. Има уште многу простор за напредок“, напишала во шега славната тенисерка..Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter