Мира Фурлан член на жирито на фестивалот „Киненова Скопје“ - Канал 5

Мира Фурлан член на жирито на фестивалот „Киненова Скопје“

Хрватската актерка Мира Фурлан ќе биде меѓу главните гости и почесни членови на главното меѓународно жири на новиот филмски фестивал „Киненова Скопје“, што ќе се одржи од 5 до 9 октомври, на повеќе локации во Скопје.

Мира Фурлан член на жирито на фестивалот „Киненова Скопје“


Како што соопштуваат организаторите на фестивалот, српскиот актер Сергеј Трифуновиќ и неговиот брат и колега Бане Трифуновиќ ќе бидат гости по повод македонската премиера на филмот „Бурек“, кој е работен во српско-американско-грчка копродукција. Дел од програмата на фестивалот е и филмот „Смрт во Сарајево“, во режија на оскаровецот Данис Тановиќ, кој оваа година беше прикажан како дел од главната програма на Берлиналето. На кино премиерата пред скопската публика ќе гостува младиот актер во подем Мухамед Хавзовиќ, кој игра двојна главна улога во филмот, односно ликот на Гаврило Принцип и роднина на Гаврило Принцип.

- Чест ни е што во рамките на првото издание на „Киненова“ можеме да се пофалиме со навистина звучни имиња од областа на филмската уметност. Сакавме на целиот настан да му дадеме тежина со тоа што ќе поканиме еминентни имиња кои ќе бидат дел од жирито, како и наши гости за време на кино проекциите. Се надеваме на успешни фестивалски денови и незаборавно дружење со скопската публика, а оваа пригода ја користам да ги повикам сите љубители на седмата уметност да ни се придружат од 5-9 октомври и да уживаме во авторските филмови кои многу внимателно беа селектирани за првото издание на Киненова, изјави Небојша Јовановиќ, директор на фестивалот.

Главната програма на фестивалот е натпреварувачка и е составена од дебитантски и втори филмови. Предвидени се кино проекции на филмови на млади режисери од Аргентина, Германија, Иран, Америка, Грција, Србија, Бугарија и од Романија. Во текот на фестивалот, ќе се одржи и филмска работилница за развој на краткометражни сценарија под менторство на американскиот скрипт доктор Џон Стивенс.

Инаку, член на меѓународното жири за главната програма на фестивалот (Официјална селекција на долгометражни филмови, први или втори филмови на режисери) покрај Мира Фурлан е и Галина Тонева, а Разван Радулеску ќе биде претседател.

Жирито за официјална селекција на кусометражни филмови е во состав Дејан Дабиќ како претседател и Мануела Цернат и Вардан Тозија членови.

Програмата на Киненова ќе биде дисперзирана низ неколку локации и тоа: Кино Култура, Дом на АРМ, Кинотека на Македонија. Билетите ќе чинат по 100 денари, со повеќе опции и попусти за блок набавка, а ќе бидат пуштени во продажба веќе во почетокот на наредната недела. Повеќе информации во врска со фестивалот и програмата има на веб страницата: http://www.kinenova.com/.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дури ни градоначалникот на Њујорк не може да си дозволи влезница за Никси?!

Градоначалникот на Њујорк и голем навивач на  НБА тимот „Никс“, Зохран Мамдани, нема да присуствува на историскиот натпревар поради високите цени на билетите. 

Дури ни градоначалникот на Њујорк не може да си дозволи влезница за Никси?!

Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, нема да биде на трибините во „Медисон Сквер Гарден“ на 20 октомври, кога „Њујорк Никс“ ќе го подигнат шампионскиот банер по повеќе од половина век чекање.

Причината? Цената на билетите!

На Мамдани, кој е голем навивач на „Никс“, му беше поставено прашање дали ќе присуствува на натпреварот против „Филаделфија 76ерс“, но неговиот одговор беше краток и многу директен.

„Брат, немам подготвено 2.000 долари за таа влезница“, рече Мамдани во интервју за „NBC New York“.

Кога новинарот потоа му предложи дека може да седне на една од највисоките трибини, градоначалникот со насмевка одговори: „Па, токму за тоа зборувам!“

Претходно, Мамдани се осврна на прашањето дали „Никс“ можат да ја одбранат титулата. Тој ги вкрсти прстите и рече: „Ајде де, се надевам – но со поевтини влезници.“

А цените навистина предизвикаа бура меѓу навивачите. Според податоците објавени од „Ројтерс“, цената на најевтината влезница за отворањето на сезоната достигнала 1.251 долар, додека во еден момент изнесувала дури 1.408 долари.

„TicketData“ забележала и претходен скок на 1.962 долари.

Сепак, подоцна се случил целосен пресврт.

Компанијата „Madison Square Garden Sports“ соопшти дека дошло до грешка во одредувањето на цените, поради што продажбата на поединечни влезници била привремено стопирана.

Компанијата најави враќање на минатогодишните цени со просечно зголемување од 12 отсто, а на навивачите што веќе купиле влезници по повисока цена ќе им биде вратена разликата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дедо Мраз гласаше на изборите за Руската дума

Во Нижни Новгород – Дедо Мраз „Јушто Кугиза“ пристигна да гласа на изборите за Руската државна дума во својот роден крај во руската Република Мари, соопшти регионалната изборна комисија.

Дедо Мраз гласаше на изборите за Руската дума

„Својот избор го направија претставници на најнеочекувани професии. На пример, марискиот Дедо Мраз, Јушто Кугиза – име што на мариски јазик се преведува како ‚Ладен Дедо“.

Тој не ја чекаше зимата и дојде лично да гласа“, изјавија од Изборната комисија на Република Мари, како што пренесе агенцијата РИА Новости.

Резиденцијата на марискиот Дедо Мраз се наоѓа во селото Кукнур во областа Сернур – најсеверната точка на републиката – каде што тој живее со својата внука, Лумудир.

„Јас, Јушто Кугиза, марискиот Дедо Мраз, денес лично дојдов на избирачкото место. Гласањето од далечина е добра работа, но личното присуство е нашиот начин – марискиот начин.

Ве повикувам да ни се придружите, било лично или од далечина. Најважно е да го направите својот избор“, рече тој вчера во обраќањето до жителите на републиката. Заклучно со 1 јули 2026 година, бројот на гласачи во оваа руска република изнесува 520.714, а низ регионот се отворени 495 избирачки места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тренерот на Севиља: Како Равиња не е меѓу номинираните за „Златната топка“?

Капитенот на шпанскиот фудбалски шампион Барселона, Бразилецот, Рафиња е во неверојатна форма, но сепак неговото име изостана од списокот со 30 номинирани за „Златната топка“ (Ballon d'Or).

Тренерот на Севиља: Како Равиња не е меѓу номинираните за „Златната топка“?

Бразилецот во последно време е еден од најважните фудбалери на Барселона, што го потврди и со брилијантниот настап во победата од 3–1 над Севиља.

Капитенот на Барселона постигна хет-трик, продолжувајќи ја сезоната во која речиси сè што ќе допре го претвора во гол.

По натпреварот, тренерот на Севиља, Луис Гарсија, не го криеше своето чудење што Рафиња не е номиниран за оваа престижна награда.

„Постојат работи во фудбалот што не ги разбирам. Конкретно, како е можно Рафиња да не е меѓу 30-те номинирани за ’Златната топка‘? Тоа ми изгледа апсурдно.“

Рафиња постигна 12 гола на своите први седум првенствени натпревари оваа сезона, а додаде уште два во Лигата на шампионите.

Вкупно, тој запиша 14 гола и три асистенции на осум натпревари. Веќе одигра три натпревари со најмалку два постигнати гола, а против Севиља го оствари својот втор последователен хет-трик. Интересно е што Бразилецот не се најде ниту на потесниот список од 30 кандидати за „Златната топка“, кој беше објавен на почетокот на септември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер