3Познато е што имало на менито на свечената вечера во чест на Трамп и Путин- десертот е особено егзотичен
По 10 години брак, го оставила сопругот и избрала прасе за домашно милениче: Едната свиња ја заменив со друга
2По 10 години брак, го оставила сопругот и избрала прасе за домашно милениче: Едната свиња ја заменив со друга
МакедонијаМинистрите на ЕУ ги усвоија заклучоците, нема датум за Скопје и Тирана Нема добри вести од Брисел.. По целодневен состанок, Советот за општи работи на Европската Унија ги усвои заклучоците за проширувањето, но датум за преговори за Македонија нема.. Очекувано, Бугарија го потврди ветото на Советот за општи работи. Иако на вечерашната прес-конференција зборот блокада воопшто не беше споменат, претседатавачот со ЕУ Гашпар Довжан оцени дека се надева оти процесот ќе продолжи понатаму со новата бугарската Влада, но не прецизира кога. Првите меѓувладини конференции со Македонија и Албанија се очекуваат што е можно поскоро, стои во заклучоците. “Советот со нетрпение го очекува одржувањето на првите меѓувладини конференции со Македонија и со Албанија што е можно поскоро по одобрувањето на преговарачките рамки од страна на Советот” . Ова се наведува во денешните заклучоци за проширувањето кои ги усвоија министрите и претставниците на земјите членки на Европската унија на состанокот. Прашан зошто нема временска рамка во заклучоците за прва меѓувладина конференција како досега, Довжан одговори дека не е невообичаено да има измени во предложениот текст . „ Некои чекори кои првично беа предвидени, не се остварливи оваа година. Она што начелно предвидовме да го постигнеме не беше изводливо оваа година и ова е фактичката причина зашто „оваа година“ не се појавува повеќе во заклучоците. Треба да ја усвоиме преговарачката рамка, ова е друг процес што треба да отпочне што е можно поскоро. И бидејќи имаме нова Влада во Бугарија, оптимисти сме дека ќе се тргне по одамна поставениот пат што е можно побрзо, изјави Довжан.“ Во дел од заклучоците објавени на сајтот на Европскиот совет за добрососедството и регионалната соработка Советот потсетува на важноста на постигнување опипливи резултати и спроведување со добра волја билатералните договори, вклучително Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедски односи со Бугарија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
ТенисСерена Вилијамс почнува нов бизнис, тежок 200 милиони долари Поранешната тенисерка број еден во светот, Серена Вилијамс, продолжува да гради бизнис империја надвор од теренот. Овој пат, таа ги здружи силите со искусната инвеститорка Бет Фереира за да лансира нова инвестициска компанија, која има за цел да собере дури 200 милиони долари. Според „Форбс Монтенегро“, новата компанија, наречена „Старфајр Венчрс“, има седиште во Њујорк и планира да инвестира во перспективни стартапи, првенствено во областите на здравството, финансиските услуги и вештачката интелигенција. Ова не е прв обид на Серена Вилијамс во светот на инвестициите. Таа почна да инвестира во млади компании во 2014 година, а подоцна ја основа „Серина Венчрс“, преку која поддржа повеќе од 100 компании. Сепак, сега таа сака да направи многу поголем чекор. Милиони долари за компании кои штотуку почнуваат Планот на новата инвестициска компанија е да финансира помеѓу 20 и 25 стартапи кои се во рана фаза на развој. Поединечните инвестиции ќе се движат од 1 милион до 10 милиони долари, а просечната инвестиција се очекува да биде околу 5 милиони долари. Тоа е значително повеќе од она што Серена претходно го издвои преку нејзиниот прв фонд, каде што инвестициите честопати вредеа неколку стотици илјади долари. Сепак, Вилијамс и Фереира не открија колку пари се собрани досега, ниту колку лично ќе инвестираат. Новата компанија веќе ги направи своите први деловни чекори. Во октомври, таа учествуваше во финансирањето на стартапот Town, кој развива асистент базиран на вештачка интелигенција. Таа инвестициска рунда собра 108 милиони долари, со што стартапот се проценува на 1 милијарда долари. Богатство од 400 милиони долари Деловните успеси на Серена Вилијамс доаѓаат по една од најуспешните кариери во историјата на тенисот. Победничката на 23 титули во поединечна конкуренција на Гренд слем и четири златни олимписки медали во текот на нејзината кариера заработи повеќе од 600 милиони долари пред даноци. Според Форбс, нејзиното лично богатство достигна 400 милиони долари, што ја става на врвот на листата на жени кои го стекнале своето богатство првенствено преку спорт. Само во изминатите 12 месеци, нејзината заработка беше проценета на 40,1 милиони долари, што ѝ го донесе третото место на листата на Форбс на најплатени тенисерки за 2026 година. Сепак, Серена одамна се откажа од тоа да биде признаена само за нејзините перформанси на теренот и договорите за спонзорство. Нејзиниот прв инвестициски фонд собра 111 милиони долари во 2022 година, а меѓу компаниите што ги поддржала има 13 кои се проценети на најмалку 1 милијарда долари. Таа сака да ги промени правилата на инвестициската индустрија Покрај нејзините финансиски цели, Серена Вилијамс и нејзиниот деловен партнер сакаат да отворат повеќе простор за жените во светот на инвестициите. Според PitchBook, само еден процент од инвестициите во американски ризичен капитал минатата година завршиле во компании кои немале мажи меѓу нивните основачи. Серена верува дека се потребни повеќе жени за да одлучуваат за распределбата на инвестицискиот капитал, но нагласува дека нејзината компанија нема да инвестира исклучиво во компании предводени од жени. Таа покажува особен интерес за здравствената заштита на жените, како и за компаниите што користат вештачка интелигенција за развој на нови производи и услуги. Во ова ќе ѝ помага Бет Фереира, инвеститор со долгогодишно искуство, која претходно работеше во FirstMark Capital и WME Ventures, а е генерален партнер во Serena Ventures од 2024 година. Нивната амбиција е да изградат инвестициска компанија која ќе има долгорочна вредност и која нема да зависи само од признанието на познатата тенисерка. За Серена Вилијамс, која ги помести границите за време на својата спортска кариера, новиот предизвик сега е да постигне сличен импакт во светот на големиот капитал.Тагови: Серена Вилијамс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Зијадин Села во „Само Интервју“„Само Интервју“ утре со Зијадин СелаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЕК предлага нов заем за Украина од 45 милијарди евраПретседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предложи нов заем од 45 милијарди евра за украина за 2027 година, обезбеден преку заедничко задолжување на ЕУ со гаранција од европскиот буџет.. Од пакетот, 25 милијарди евра би биле наменети за воени потреби, а 20 милијарди за буџетска поддршка. Средствата треба да покријат приближно две третини од очекуваниот финансиски недостиг на Киев од 70 милијарди евра следната година. Според предлогот, Украина би го враќала заемот откако Русија ќе плати воени репарации. За одобрување е потребна едногласна поддршка од сите 27 членки, а противењето на Унгарија, Словачка, Чешка и Бугарија може да го забави договорот пред европскиот самит следната недела.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45