Министрите Јаневска и Андоновски на средба со Британски совет за развој на дигитални вештини

Министрите Јаневска и Андоновски на средба со Британски совет за развој на дигитални вештини кај учениците.

Британскиот совет ќе продолжи да ги поддржува заложбите на Владата за унапредување на квалитетот на националниот образовен систем, особено во делот на обезбедување квалитетна едукација на учениците за стекнување дигитални вештини и развој на дигиталната писменост.

Како што информира Министерството за образование и наука, ова било потврдено на денешната средба на министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски со директорката на Британскиот совет за Западен Балкан, Клер Сиарс, и Олга Бороданкова од Делегацијата на Европската Унија, на која биле презентирани и резултатите од досегашното спроведување на програмата „Училишта на 21 век“ со финансиска поддршка од Британската влада.

-Двете страни се согласуваат дека младите мора да бидат подготвени за добро управување со новите дигитални технологии, да размислуваат креативно и критички, а токму програмата „Училишта на 21 век“ дава значаен придонес кон постигнувањето на оваа цел. Јаневска и Андоновски соопштија дека политиките на новата Влада се усогласени со Дигиталниот акциски план на ЕУ, а меѓу клучните приоритети во следниот период ќе биде подобрување на дигиталните вештини кај младите. Во таа насока, Министерството за образование и наука ќе се заложи за надградување на наставните програми со содржини кои ја поттикнуваат дигиталната писменост и способностите на младите да применуваат современа технологија за креирање решенија за лични или општествени предизвици, информира МОН.

Портпаролот на Зеленски демантира дека имало договор за интервју со новинарот Такер Карлсон

Портпаролот на украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска негираше дека е договорено интервју со Зеленски од американскиот новинар Такер Карлсон.

Американскиот новинар, кој го привлече вниманието на светската јавност кога во февруари го интервјуираше рускиот претседател Владимир Путин во Москва, претходно најави интервју со украинскиот претседател.

„Господин Такер Карлсон треба повнимателно да ги провери своите извори од ФСБ. Претседателот на Украина има сосема поинаков распоред, а Такер Карлсон не е во него“, изјави портпаролот на претседателот на Украина, Серхи Никифоров, а пренесува Укринформ.

Карлсон на социјалните мрежи објави дека „очигледно“ добил интервју со Зеленски.

„Изгледа дека добивме интервју со Зеленски. Се обидуваме две години, а особено интензивно по интервјуто со Путин во февруари. Поентата е да им ги дадеме на Американците многу потребните информации за конфликтот што целосно ја преобликува нивната земја и позиција во светот. Се надеваме дека (интервјуто) доаѓа наскоро“, напиша Карлсон на X.

Карлсон е првиот западен новинар кој го интервјуирал рускиот претседател од почетокот на руската воена операција во Украина во февруари 2022 година.

За време на двочасовното интервју објавено ноќта на 9 февруари, кое имаше повеќе од 170 милиони прегледи на социјалната мрежа X и повеќе од 10 милиони на YouTube, Путин, меѓу другото, рече дека Русија нема да го нападне НАТО, особено Полска, Латвија и другите балтички земји.

Ѓоковиќ по победата на Вимблдон: Нема да барам какви било изговори

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во 3. коло на Вимблдон откако го совлада Џејкоб Финли со 3:1 во сетови.

Новак по натпреварот му честиташе на противникот за одличната игра.

- Пред сѐ, големи честитки до Џејк за ваквиот натпревар. Играше извонреден тенис и заслужи аплауз. До пред два дена имав шанса да го видам како игра. Секогаш има елемент на изненадување, а тој немаше што да загуби. Играше на Вимблдон, тој е британски тенисер кој израснал на вакви терени. Многу ветровит ден, беше тешко. Ме натера да работам. Веројатно бев малку среќен во четвртиот сет. Сè на сè, овој меч потенцијално требаше да заврши во петтиот сет како што игравме двајцата - рече тој.

- Но, многу сум среќен што тоа не се случи.

Потоа, Новак беше замолен да коментира:

- Не знам, не се чувствував толку добро, особено во третиот сет. Но, имате тешки денови кога не се чувствувате најдобро. Многу зависи и од противникот. Денес Џејкоб одигра добро и ме натера да работам напорно за победа.

Потоа, Новак беше замолен да ја коментира повредата и како се чувствува.

- Не знам, не се чувствував толку добро, особено во третиот сет. Но, имате тешки денови кога не се чувствувате најдобро. Многу зависи од противникот. Денес Џејкоб одигра добро и ме натера да работам напорно за победа.

- Јас се чуствувам добро. Нема да барам изговори за денешната игра. Што се однесува до мене, мислам дека некои работи почнав да ги правам подобро. Се движам подобро, се надевам дека од ден на ден и натпревар по натпревар ќе бидам подобар. Ќе видиме утре што ќе се случи.

Австриските власти му ја исполнија желбата на монструмот Фрицл- го префрлија во нова келија

Најпознатиот криминалец во Австрија долго чекаше да биде префрлен во затворска ќелија која ќе му го овозможи најважното нешто што го посакуваше дотогаш – туш.

Јозеф Фрицл, озлогласениот силувач кој ѝ направи седум деца на својата ќерка Елизабет, бил прилично несреќен во претходната ќелија бидејќи немало неколку работи.

„Туширањето му беше особено важно“, изјави неговата адвокатка Астрид Вагнер.

Фрицл, кој ја држел својата ќерка затворена во подрумот 24 години, пред десет дена се преселил во нова ќелија, каде што можел да се освежи во туш кабина.

„Оттогаш му оди многу подобро, навистина оживеа“, вели адвокатката.

Адвокатката истакна дека ова „можеби е подобро од ослободување“ иако таа ќе продолжи да се бори нејзиниот клиент да излезе од затворот што го одлежува и да го помине остатокот од животот како слободен човек.

Таа истакна дека Јозеф моментално е многу задоволен од тушот и другите удобности и дека добро се согласува со затворениците.

„Добро се сложува со другите, главно помлади затвореници, а исто така повторно одгледува пиперки и домати“, додал Вагнер, пишува ОЕ24.

Да потсетиме дека Фрицл ја чувал Елизабета како сексуална робинка во куќата уште од нејзината 18-та година. Неговите грозоморни злосторства биле откриени кога едно дете, родено како последица на инцест, било однесено во болница бидејќи животот му бил во опасност. Инаку, тој боледува од деменција, а форензичарот Аделхајде Кастнер кон крајот на 2023 година заклучи дека Фрицл повеќе не е опасен.

Австриецот ја силувал својата ќерка илјада пати во текот на 24 години и станал татко на нејзините седум деца.

Монструозниот, невиден случај во Австрија беше откриен во 2008 година.

притисни ентер