СветМинистри за надворешни работи на ЕУ ќе се сретнат со иранскиот колега во ЖеневаЕвропските министри за надворешни работи денеска ќе се сретнат со својот ирански колега, со цел да го отворат патот за дипломатија околу спорната нуклеарна програма . Европските министри за надворешни работи денеска ќе се сретнат со својот ирански колега, со цел да го отворат патот за дипломатија околу спорната нуклеарна програма и покрај тоа што САД активно размислуваат да се приклучат кон израелските напади врз Иран. Министрите на Велика Британија, Франција и Германија, познати како Е3, како и шефот за надворешна политика на ЕУ, разговараа со иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, претходно оваа недела и се координираа со американскиот државен секретар Марко Рубио. Во повик до Арагчи, тие инсистираа на потребата тој да се врати на преговарачката маса и да избегне понатамошна ескалација. На предлог на Иран, двете страни се согласија да се сретнат лице в лице. Разговорите ќе се одржат во Женева, каде што во 2013 година беше постигнат почетен договор меѓу Иран и светските сили за ограничување на неговата нуклеарна програма во замена за укинување на санкциите, пред сеопфатен договор во 2015 година. Разговорите меѓу Иран и САД пропаднаа кога Израел ја започна она што го нарече операција „Рајзинг лав“ на 12 јуни против нуклеарните објекти и капацитетите на балистичките ракети на Иран. „Иранците не можат да седнат со Американците додека ние можеме“, рече еден европски дипломат. -Ќе им кажеме да се вратат на маса за да разговараат за нуклеарното прашање пред најлошото сценарио, а во исто време да ја изразиме нашата загриженост за балистичките ракети на Иран, неговата поддршка за Русија и притворањето на нашите граѓани, додаде тој. Европските сили, кои не беа дел од нуклеарните разговори на Иран со САД, се повеќе се фрустрирани од преговарачката стратегија на САД во разговорите. Тие сметаа дека некои барања се нереални, плашејќи се од можноста слабата почетна политичка рамка да доведе до отворени преговори. Двајца дипломати рекоа дека нема големи очекувања за напредок во Женева, но оти е клучно да се работи со Иран бидејќи по војната, нуклеарната програма на Иран сè уште ќе остане нерешена, со оглед на тоа дека би било невозможно да се искорени стекнатото знаење, што потенцијално би овозможило тајно обновување на програмата. Ирански функционер изјави дека Техеран отсекогаш ја поздравувал дипломатијата, но ја повикал Е3 да ги искористи сите расположливи средства за да изврши притисок врз Израел да ги запре нападите врз Иран. „Иран останува посветен на дипломатијата како единствен начин за решавање на споровите, но дипломатијата е нападната“, рече функционерот. Европејците се единствените што можат да го активираат механизмот за повторно воведување на санкциите, а дипломатите велат дека трите земји се обидоа да постават краен рок до крајот на август за негово активирање. „Иран постојано изјавуваше дека активирањето на тој механизам ќе има сериозни последици“, рече иранскиот функционер.Тагови: ЕУ Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
МакедонијаЃорѓиевски: 130 години постоење на храмот ,,Свети Великомаченик Димитриј”, благодарам на честа!Вчеравечер беше одбележана 130 годишнината од постоењето на црквата Свети Великомаченик Димитриј во Скопје. „Вечерва одбележуваме 130 години од изградбата на некогашниот Соборен храм. Дом на верата во кој скопјани наоѓале утеха во тешките мигови, благодареле за радоста и се молеле за здравјето и мирот на своите најблиски. Свето место што ја чува православната традиција и сведочи за духовната истрајност на нашиот народ. Признанието кое вечерва го примив, како благодарност за помошта во реконструкцијата на придружните објекти на храмот, има посебно место во моето срце. Ќе стои на почесно место на мојата полица, како едно од најдрагите признанија и како потсетник на обврската да го чуваме она што ни го оставиле нашите предци. За мене, да се помогне е чест, но и одговорност пред генерациите што допрва ќе го пречекорат прагот на овој храм. Им благодарам од срце на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, на отец Жарко и на свештенството на Македонската православна црква, за укажаната чест и за нивната посветеност во зачувувањето на верата, духовноста и заедништвото меѓу нашиот народ. Нека уште многу векови овој храм биде полн со верници, со детски гласови и со искрени молитви. Нека неговите камбани повикуваат на мир, љубов и добрина, а секој што ќе влезе во него нека пронајде утеха, надеж и сила. Нека ни е вековит храмот „Свети великомаченик Димитриј“! За многу години!“, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
Македонија„На кавга со Иван“ - Слаѓана ТасеваУтре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана ТасеваКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
МакедонијаСДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања СДСМ целосно ги поддржува барањата на професионалните војници за еднакви права и достоинствени услови за работа и пензионирање. Дискриминацијата со која што денес се соочуваат припадниците на Армијата е недозволива. Неправедно е поранешните припадници на Армијата кои заминале во пензија пред 14 февруари 2024 година да имаат значително помали отпремнини од оние кои се пензионирале по овој датум. По кој основ луѓето кои со години и служеле на државата и ја извршувале истата должност да бидат различно вреднувани? Сите војници заслужуваат еднакви права и правичен третман од државата. Луѓето кои ја чуваат безбедноста на државата заслужуваат сигурност и достоинствени плати. Го поддржуваме барањето на професионалните војници за трансформирање на работниот однос на неопределено време после петта година како што предвидува Законот за работни односи и за зголемување на платите. Откако е Мицкоски на власт, две години нема зголемување на платите во Армијата. Во мандатот на владата на СДСМ значително се подобрија условите за сите припадници на Армијата, како и за вработените во одбраната. Платите на воениот персонал - офицерите, подофицерите и професионалните војници, но и на цивилните лица на служба во Армијата, етапно беа зголемени за 15 проценти. СДСМ го обезбеди членството во НАТО во 2020 година. Треба условите да се подобруваат постојано а не да се влошуваат. Со ВМРО парите завршуваат во криминални тендери. Владата на Мицкоски нема пари за поголеми плати во Армијата – нема за работниците, нема за земјоделците, едноставно нема пари за граѓаните. Државната каса ја киднапираа за свои бизнис интереси. СДСМ ќе поднесе законско решение во Собранието согласно барањата на професионалните војници - за обезбедување сигурност и достоинство на сите војници. Армијата е чувар на безбедноста на државата, како членка на НАТО мора да имаме силна одбрана, задоволни и мотивирани војници, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter