Министерството за здравство даде наредба за проверка на сите вакцинални картони од бебињата - Канал 5

Министерството за здравство даде наредба за проверка на сите вакцинални картони од бебињата

Министерството за здравство даде наредба за проверка на сите вакцинални картони од бебињата низ земјава, со цел да бидат повикани сите родители чии деца не се имунизирани со задолжителните дози од вакциналниот календар.

Министерството за здравство даде наредба за проверка на сите вакцинални картони од бебињата

Министерството за здравство даде наредба за проверка на сите вакцинални картони од бебињата низ земјава, со цел да бидат повикани сите родители чии деца не се имунизирани со задолжителните дози од вакциналниот календар, вклучувајки ја и ДТПР вакцината која штити од големата или магарешка кашлица. Министерот за здравство Фатмир Меџити уверува дека располагаме со доволен број на вакцини и апелира родителите да ги имунизираат своите деца.

- Веќе од вчера дадовме наредба да се расчистат сите што со овие вакцинални картони на бебиња за да може да се повикаат сите граѓани што досега не биле повикани да бидат повикани. Да се смени тој ментален склоп зошто нашата иднина на нашата држава се нашите деца и со секое вакцинирање на секое дете значи спас на живот или утре тоа дете да не добие некоја болест. Имаме доволен број на вакцини и повеќе од тоа што треба, спремни сме во тој правец , во тој поглед.- Фатмир Меџити.

Меџити заедно со премиерот Димитар Ковачевски ја посетија Клиниката за ортопедски болести, каде од денеска е пуштена во употреба реновирана операциона сала. Додека премиерот Ковачевски подолг временски период одговараше на новинарски прашања од областа на економијата, министерот Меџити го прекина и на хумористичен начин кажа дека вакви прашања и одговори би можеле да траат цел ден.

Меџити: Се извинувам премиере, вакви предавања стручни економски вие можете цел ден да одговарате..

Ковачевски: Такво беше прашањето, едно прашање имаше 5 подпрашања внатре.

Операционата сала на Клиниката за ортопедски болести е реновирана со средства над 240 илјади евра обезбедени од Фондот за здрасвство и од донации. Министерот Меџити нагласи дека оваа сала не била во употреба од 2017 година, а со нејзиното реновирање и пуштање во употреба се зајанкнуваат капацитетите на установата, со тоа што ако на Клиниката годишно се изведувале околу 1600 операции, сега бројката се очекува да се зголеми на 2000 оперативни зафати на годишно ниво.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 19. октомври 2026 година

Дневен хороскоп за понеделник, 19. октомври 2026 година. 

Дневен хороскоп за 19. октомври 2026 година

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе дојде до преоден немир во вашите лични односи. Вие ќе бидете премногу револуционерни , а партнерот чувствителен.

Кариера

За да ги исполните своите нови идеи , прво ќе довршите една работа што сте го оставиле на страна.

Здравје и совет

Поминете некое време во тишина.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Уште малку ќе се натегате во личните односи , но не толкави за да ги загрозите.

Кариера

Денот е одличен за да се посветите на домот, семејството, својот семеен живот. Работата ќе ја извршувате автоматски.

Здравје и совет

Почнете со поправки по дома.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе успеете да ги надминете несогласувањата и незадоволството во врската и повторно ќе постигнете завидна рамнотежа во односите.

Кариера

Она што порано ви пречеше , сега ќе се сврти во ваша корист. Затоа денеска ќе работите полесно , побрзо и поквалитено.

Здравје и совет

Подобрување.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

И натаму ќе се усогласувате со партнерот , но очигледно е дека има многу добра волја од двете страни , па ќе се среди.

Кариера

Ќе најдете заеднички јазик со оние со кои работите. Оние кои не работат, ќе уживаат без поголеми проблеми.

Здравје и совет

Можете малку да се опуштите.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Повеќето од вас ќе почувствуваат денеска потреба за домашен живот со саканата личност. Останувате дома.

Кариера

Во деловните контакти не ги презентирајте новите идеи , зашто ќе се покаже дека сте пред времето. Засега зачувајте ги.

Здравје и совет

Не брзајте.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ќе ги оставите зад себе љубовните грижи и ќе се обидете да се свртите кон поведрата страна. Ќе успеете да го активирате потенцијалот на својот хумор.

Кариера

Не сте свесни колку сте напредни. Тоа денеска ќе ви стане целосно јасно преку соработка со другите.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

вашиот партнер ќес е согласи на некои компромиси , но и натаму ќе треба да вложувате доста напор во меѓусебната комуникација.

Кариера

На работното место сте популарни , но тоа не значи дека ќе ви прогледаат низ прсти. Треба да се работи.

Здравје и совет

Заинтересирајте се за растителни чаеви.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Не приговарајте доколку тоа не е сосема оправдано . И натаму треба да го тестирате секој збор , за да не дојде до недоразбирање.

Кариера

Весело ќе сонувате за викендот пред вас , па малку ќе ја занемарите работата. Внимавајте да не ви се поткрадне грешка.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Денеска би можеле да се покажете како многу пријатен домаќин на своите драги гости , било да живеете во двојка или да сте сами.

Кариера

Ќе се ослободите од секоја мисла за работата , за која знаете дека добро ви оди. Денот е како создаден за уживање.

Здравје и совет

Нема грижи , ниту напори.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Во својот стил за заведување ќе воведете повеќе фантазија и сензуалност. На многумина тоа ќе им се допадне.

Кариера

Оние кои денеска мора да одат на работа , ќе настојуваат на работното место да донесат свежина , уметност и убавина.

Здравје и совет

Имате добри идеи.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ако се обидувате да доминирате во врската , нема да успеете. рамноправна соработка и договарање се подобра опција.

Кариера

Вашите надредени и колегите ќе постигнат договор , но вие нема најдобро да го прифатите , зашто има детали кои не ви одат во прилог.

Здравје и совет

Ќе најдете компромис.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Можеби денеска ќе бидете поскромни во љубовните барања , а не треба. Имате право на љубов.

Кариера

Најдобро ќе се чувствуваат оние кои работат самостојно , зашто им пречи влијанието на надредени.

Здравје и совет

Денот е добар за опуштање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Марјан Ѓорчев и Абдулади Вејсели во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Марјан Ѓорчев и Абдулади Вејсели.

Марјан Ѓорчев и Абдулади Вејсели во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јон Фрчкоски на „Кавга со Иван“

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Јон Фрчкоски

Јон Фрчкоски на „Кавга со Иван“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер