Министерството за спорт за април најавува два големи спортски настани - Канал 5

Министерството за спорт за април најавува два големи спортски настани

Под покровителство на Министерството за спорт, во наредниот период во Македонија ќе се оджат два големи спортски настани .

Министерството за спорт за април најавува два големи спортски настани

Под покровителство на Министерството за спорт, во наредниот период во Македонија ќе се оджат два големи спортски настани – од 21 до 29 април, Скопје ќе биде домаќин на Светското училишно првенство во ракомет за средношколци, а на 27 април стартуваат и „Плазма спортските игри за млади“ што ќе се реализираат низ 11 градови во државата.

Овие два настани кои се особено значајни за развојот на младинскиот спорт, Министерството за спорт ги реализира во соработка со Федерацијата за училишен спорт на Македонија.

-Министерството за спорт како институција што стои посветено зад младите и нивниот развој има јасна цел – да создадеме безбедна, поддржувачка и мотивирачка средина во која секое дете и секој млад човек ќе може да напредува преку спортот. Ова се две масовни спортски манифестации кои значат шанса за младите и промоција на спортот, но и промоција на нашата земја, на нашата спортска култура и на младинскиот потенцијал кој го поседуваме – истакна Илија Ристески од Министерството за спорт, во најавата на настаните.

На Светското училишно првенство во ракомет се очекува да настапат околу 1000 млади ракометари и ракометарки - средношколци на возраст до 18 години од целиот свет. Организацијата на ова првенство претставува признание за заложбите на Министерството, спортот да биде во секојдневието на младите преку училишниот систем.

Македонија годинава официјално се приклучи на платформата „Спортски игри за млади“ со што се отвора ново поглавје во развојот на младинскиот спорт. Оваа најголема младинска спортска манифестација во Европа веќе 30 години организира спортски натпревари за деца од 6 до 18 години во кои досега учествувале над 3.440.000 учесници.

Натпреварувањето опфаќа десет спортски дисциплини (мал фудбал, одбојка, одбојка на песок, ракомет, кошарка 3х3, тенис, пинг-понг, шах, атлетика – трки на 60 метри и граница) за момчиња и девојчиња. Во Македонија натпреварите ќе се одржуваат во април, мај и јуни 2026 година преку 18 спортски денови во Охрид, Струмица, Битола, Тетово, Куманово, Штип, Кичево, Кавадарци, Прилеп, Кочани и Скопје, во неколку скопски општини (Центар, Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба, Ѓорче Петров, Чаир и Сарај). Во нив ќе бидат вклучени училиштата и локалните заедници низ целата држава, со поддршка од националните спортски федерации. Најдобрите поединци од регионалните натпревари ќе настапат на финалниот државен натпревар, а најуспешните потоа ќе ја претставуваат Македонија на Меѓународната завршница на Игрите во Сплит, каде што неколку дена ќе се дружат и ќе се натпреваруваат со врсниците од земјите што се вклучени во проектот, се наведува во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Како хеликоптерите поскапеа за 30 милиони евра: Мисајловски ја прозваа Петровска

Како за само неколку дена набавката на осумте армиски хеликоптери од италијански „Леонардо“ станала поскапа за повеќе од 30 милиони евра? 

Како хеликоптерите поскапеа за 30 милиони евра: Мисајловски ја прозваа Петровска

Прашањето кое со години ја следи една од најголемите набавки за модернизација на Армијата повторно се врати во фокусот, овојпат откако за договорот што го потпиша поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска јавно проговорија и актуелниот министер Владо Мисајловски и лидерот на СДСМ Венко Филипче.

Дополнителни прашања отвори и министерот за одбрана Владо Мисајловски во „Само интервју“ на Канал 5. Според него, непосредно пред завршувањето на постапката дошло до значително зголемување на вредноста на договорот.

„На неколку дена пред завршување на постапката и потпишување на договорот има една изјава дека цената најмногу се зголемила поради инфлација. Зборуваме за зголемување од 213,7 милиони евра до 245,9 милиони. Ова се прашања што се отворени. Јас не сум обвинител. Легитимно е прашањето како поскапел договорот?“- Владо Мисајловски.

Петровска ги отфрла обвинувањата како неточни и тврди дека одлуката за набавката на хеликоптерите била донесена уште во 2023 година, што, според неа, е документирано во Министерството за одбрана. Таа оценува дека наводите што ги изнесуваат Мисајловски и Филипче се дел од иста теза со која, се прави за да се нарушат нејзиниот углед и репутација во период кога е политички поактивна.

-Не точна е комплетно тезата и тврдењата дека договорот е вклучен спротивно на препорака на комисија и затоа постојат документи и записници во МО, коишто можат да се видат и министерот може да ги декласифицира и објави. Она што е заедничко, затоа што истата теза ја гледам и од Венко Филипче и од Владо Мисајловски. Да повторам дека тоа е човекот кој што го повикувам повеќе од година дена на ТВ. соочување , еве прилика па ги повикам двајцата на тв соочување да ги расчистам сите нејаснотии што ги имаат – вели Славјанка Петровска – Пратеник од СДСМ.

По новите обвинувања, ВМРО-ДПМНЕ денеска побара Јавното обвинителство по допрен глас да го повика Филипче и да ги провери неговите наводи за евентуални неправилности при набавката.

Од Обвинителството за “Канал 5 велат дека во моментов нема оформен предмет за набавката на хеликоптерите. Доколку надлежна комисија или друг орган при проверките утврди сомнение за кривично дело, има обврска тоа да го пријави, по што Обвинителството би можело да постапува.

Досега за случајот предемет единствено отоври Антикорипциска во 2024 година, но никогаш немаше епилог.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Платформата која бара промени во СДСМ го доставија нивниот предлог за реформи во партијата

Неодложна и неотповиклива оставка на Венко Филипче од претседателската позиција на СДСМ, итен избор на кредибилна и независна работна група во партијата...

Платформата која бара промени во СДСМ го доставија нивниот предлог за реформи во партијата

Неодложна и неотповиклива оставка на Венко Филипче од претседателската позиција на СДСМ, итен избор на кредибилна и независна работна група во партијата, која ќе има извршен мандат во определно време и ќе подготви темелни внатрешни реформи во најскоро време, ревизија на изборот и мандатниот статус на актуелните делегати, како и одржување на вонреден конгрес за усвојување на статутарни измени, а откако ќе завршат овие постапки СДСМ да организира фер, слободни и демократски внатрепартиски избори. Ова се главните барања на Платформата „Разговори за иднината во 12 и 5“ содржани во документ од три страни, потпишан од 17 лица, кои јавно ги објавија токму од СДСМ откако Игор Ивановски, Славјанка Петровска и Коста Начевски ги доставија до партиската архива на “Бихакќа”.

-Ти си на потег. Ако продолжиш и понатаму да ја игнорираш реалноста ќе го однесете СДСМ во драматичен пораз од кој ќе биде прашање дали некогаш ќе може да се опорави. Минимум што им должиш на чесните и посветени членови е на заминување да покажеш доблест и политичка големина и дури на своја штета да ја разбиеш широко распространетата перцепција дека не сте пазарени со вака неспособно ВМРО-ДПМНЕ со сторување или несторување да му изработите уште една победа на парламентарни избори, без разлика кога ќе се одржат, стои во документот од Платформата.

Експресно реагираа од СДСМ кои ги споделија документите од внатрепартиската иницијатива, нарекувајќи ги „Платформа ЗНАМ 2.0“. Од партијата соопштија дека и покрај тоа што писмото било означено како „доверливо“, се решиле за целосна транспарентност пред членството и граѓаните. Во барањата за оставка, вонреден конгрес и партиски реформи од Бихаќка гледаат тесни лични и бизнис-интереси на иницијаторите кои, како што велат, одат во прилог на власта и ВМРО-ДПМНЕ.

-Седумнаесет потписи против 18 илјади гласа и против целосно СДСМ. Кафеана против Статут. Шема против партија. ЗНАМ 1.0 или прва верзија ја продаде партијата. Втората бара клучеви. Нема да ги добие. Порака до Платформашите, шемаџиите, ЗНАМ 2.0 и другарите од анти-НАТО, анти-ЕУ и руската партија Левица: Партијата не е на продажба. СДСМ не се предава на аванс. За нас, СДСМ не вреди само 1,6 милиони евра, како за вас. Ние сме за Европа, за вистина и правда, реагираат од СДСМ.

Филипче го одби Планот за консолидација и структурни промени во СДСМ уште пред официјално да биде доставен до партијата. На прес-конференција вчера на поранешните партиски функционери им порача дека „ако сакаат вистински да помогнат да се вклучат во изборниот процес за Брвеница, ако не да му се тргнат од патот...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија, Грција и Албанија ќе се здружат во иницијатива за впишување на Преспанското езеро на листата на УНЕСКО

Грција, Албанија и Македонија заеднички ќе работат на кандидатурата на Преспанското езеро за вклучување на листата на светско наследство на УНЕСКО.

Македонија, Грција и Албанија ќе се здружат во иницијатива за впишување на Преспанското езеро на листата на УНЕСКО

Иницијативата првично беше покрената од грција во 2014 година, но сега во неа се вклучуваат и Албанија и Македонија, кои го делат езерото со Грција. Процесот ќе биде поддржан и од Европската унија.

Министрите за култура на трите земји — Лина Мендони од Грција, Бленди Гонџа од Албанија и Седат Сулејмани од Македонија — следниот петок ќе се сретнат во грчката општина Преспа, каде што ќе разговараат за следните чекори.

На средбата ќе присуствува и Михалис Рокас, шеф на дипломатската мисија на европската комисија во Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер