3Инфлација од 4,8% измери Државниот завод за статистика за месец мај споредбено со истиот период лани
РакометМинистерството за спорт: Поништени решенијата за дејност на ЖРК Скопје и ЖРК ГевгелијаМинистерството за спорт и Ракометната федерација на Македонија ја користат оваа прилика да упатат порака до сите спортски чинители да бидат одговорни на спортските борилишта што значи почитување на спортските правилаВо врска со последните случувања во ракометниот Куп на Македонија во женска конкуренција, по одигрувањето на Женската ракометна лига за сезоната 2024/2025 и појавата на неспортско однесување од страна на ЖРК Гевгелија и ЖРК Скопје на Куп натпреварот во групната фаза, Ракометната федерација на Македонија, по спроведена дисциплинска постапка, констатираше активности од страна на двете екипи кои се спротивни на начелото на фер-плеј, предизвикувајќи нарушување на спортскиот дух, спортскиот интегритет и витештво што е во целосна спротивност со Кодексот на ракометните клубови при РФМ и спротивно на Олимписката повелба. Истото резултираше со исклучување на двете екипи од Ракометната федерација на Македонија и изрекување мерки на суспензија за повиканите официјални лица. По изрекувањето на овие мерки од страна на РФМ, Министерството за спорт, во законска постапка, им ги поништи решенијата за дејност спорт на ЖРК Гевгелија и ЖРК Скопје со што тие повеќе немаат легитимитет да настапуваат во националниот систем на натпревари во македонскиот ракомет. Министерството за спорт и Ракометната федерација на Македонија ја користат оваа прилика да упатат порака до сите спортски чинители да бидат одговорни на спортските борилишта што значи почитување на спортските правила кои се резултат на меѓународни консензуси во дејноста спорт и секогаш да бидат подготвени да го сочуваат спортскиот дигнитет, зашто преку спортот, како општо препознатлива вредност, покрај останатите придобивки, се претставува и афирмира македонскиот спорт во меѓународни рамки и се јакне националната свест, стои во заедничкото соопштение на РФМ и Министерството за спорт.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗаконите за судска служба и јавнообвинителска служба во собраниска процедураПочна собраниската процедура за уште два закони од реформската агенда – за судска и за јавнообвинителска служба, чиј предлагач е министерот за правда. Што предвидуваат тие и какви се реакциите на синдикатот, од прилогот на афродита рамос... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМаленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
ЗдравјеПо четири граѓани дневно се јавуваат во Инфективната клиника поради крлежиЧетири граѓани за едно деноноќие побарале помош во Клиниката за инфективни болести откако биле каснати од крлеж. Директорот на клиниката Фадил Цана објаснува дека нема место за загриженост од компликации, но по каснување од крлеж не треба човекот сам да го вади туку да отиде на хиругрија каде ќе му посочат каде да го продолжи лекуавњето.. Од Клиниката за кожни болести објаснуваат дека и кај нив има граѓани кои доѓаат по каснување од крлеж за да проверат дали е правилно изваден и дали имаат одредено заболување. Најважно е да се извади правилно крлежот, вели доктрока Невенка Аџиевска. Најважно е во престој на природа да се носи светла облека, да се провери телото да не има крлеж пред се кај помалите деца, апелираат докторите. Тагови: „Дурмо турс“ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМаленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
КултураЉутков: Скопското Кале ќе биде во во полн сјајЕден од најзначајните симболи на Скопје – зградата на „Пошта“ нема да биде готова кога Скопје ќе ја преземе титулата Европски град на културата – посочи на денешниот брифинг со новинарите министерот за култура – Зоран Љутков. Според него, нема обврзаност овој објект да биде завршен за година и половина од сега, а и не постои можност за истото бидејќи станува збор за посериозен зафат кој подлежи на конзервација. Што се однесува до Универзална сала – динамиката вели е според планираното и очекува до крајот на наредната година таа да биде подготвена, а и Калето најави дека ќе биде во полн сјај. Овој момент се работи само, фазно е решевањето во овој дел, бидејќи внатре мора да се прави конзервација на се она што го имаме, за да се работи на тоа мора прво проектната конструкција да се реши, проектот е готов, има средства, во моментов е министерство за транспорт и врски, не верувам дека ќе биде готова до 2028 година, подолг процес е за разлика од класичните градби. Во моментов се работи на Универзална, добивам информации на неделно ниво, и доколку се работи со вакво темпо до крајот на 2027 година треба да биде завршена, тоа го гледам и по делот на исплатата и на завршените фази. - Зоран Љутков – Министер за култура и туризам. Од почетокот на наредната година треба да започне и примената на новите механизми за употреба на македонски јазик во државните органи, институциите, медиумите и сите обврзани со закон. Сепак, проблемот е што во почетокот употребата на ниво на земјата ќе ја контролираат само петмина инспектори, бројка, која директорката Менче Андреева очекува да биде зголемена. Воедно утре треба да се знае и кој ќе биде новиот претседател на советот за Македонски јазик, откако Груевска Маџоска си поднесе оставка. -Јас во почетокот барав 12 инспектори, меѓутоа и со овие пет доволно е што ќе ја започнеме постапката и што ќе можат да почнат со обука, нема да застанеме тука, секако ќе продолжиме со екипирање на инспекторатот и зголемување на бројката на вработени. По вработувањето ќе почне постапката за обука, според закон една година, по завршувањето ќе полагаат за инспектор, односно да добијат лиценца инспектор за македонски јазик. Што се однесува до туризмот, кој во моментов е во незавидна позиција, Љутков очекува поразличен пристап со изготвената долгорочна стратегија која точно ќе ги мапира проблемите и ќе создаде подобри услови и промоција. Околу тоа дали станува се поизвесен УНЕСКО - статусот кој му се заканува на Охрид, како културно наследство во опасност, министерот вели дека на овој проблем се работи посветено и дека состојбите се подобруваат. А, што се однесува до неговата министерска позиција и дали ќе биде опфатен со најавената реконструкција на Влада, Љутков вели дека е спокоен и си ги врши своите должности. Со премиерот на оваа тема не разговарале и дека Мицкоски е тој кој ќе реши кој министер останува, а кој си заминува. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМаленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16