Министерството за спорт – официјален покровител на првиот Регионален спортски самит во Скопје - Канал 5

Министерството за спорт – официјален покровител на првиот Регионален спортски самит во Скопје

 Македонската престолнина Скопје на 10 септември Скопје ќе биде домаќин на „Првиот Регионален Спортски Самит“.

Министерството за спорт – официјален покровител на првиот Регионален спортски самит во Скопје

- Како настан кој има за цел да придонесе за развојот на спортот кај нас, преку искуства од регионот, со огромна гордост најавуваме дека Министерството за спорт е официјален покровител на Првиот Регионален Спортски Самит под мотото „Спортот како национален идентитет и визија за иднината“. Годинава, главниот град ќе стане центар на регионалниот спортски дијалог, обединувајќи експерти, институции, спортски работници, млади спортисти и визионери од целиот регион.

Овој иновативен и стратешки значаен настан, прв од ваков тип во земјата, претставува платформа за креирање нови идеи, политики и партнерства што ќе го унапредат спортот како клучен сегмент од националниот идентитет и двигател на општествениот развој.

Со поддршката на Министерството за спорт, самитот има за цел да создаде конкретни предлози и иницијативи за модернизација на спортската инфраструктура, поголема вклученост на младите, како и развој на одржлив спортски екосистем во државата и регионот, соопшти организаторот на самитот „Why Not“.

Програмата на самитот вклучува низа панели, презентации и работилници на теми како што се: Национална спортска стратегија и инвестиции, Иновации и дигитализација во спортот, Младински спорт и развој на спортски таленти, Маркетинг, брендирање и финансирање во спортот, Регионална соработка и добри практики. Самитот ќе ги обедини претставниците на спортските федерации и клубови, професионални и аматерски спортисти, тренери, претставници на државните институции и локалната самоуправа, приватниот сектор, медиумите, универзитетски професори и студенти, како и гости од меѓународни спортски и бизнис организации регионот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“ за 35 години македонска државност

Најголемите македонски музички хитови и поезијата на великаните на македонската литература ќе бидат споени во музичко сценски спектакл насловен „Силно светнал ден“, со кој ќе се одбележи 35 годишнината од независноста на Македонија.

Музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“ за 35 години македонска државност

Првиот настап на овој музички караван е закажан за деветти август, во античкиот театар во Охрид, а денешната генерална проба покажа дека се е подготвено за мјузиклот во кој ќе оживеат стиховите на Блаже Конески, Ацо Шопов, Анте Поповски и други македонски поети.

Спектаклот ќе обедини околу 120 учесници и ќе понуди богата музичка програма поделена во неколку тематски целини, од песни посветени на Тоше Проески, преку поп музиката до етно звуците. Игор Џамбазов и Драгана Ливринска, кои ќе бидат домаќини на овој спектакл, велат дека покрај забавниот дел, имаат и мисија на младите да им ја доближат македонската култура и историја.

Дел од помладите актери кои се учесниците во претставата велат дека им е исклучителна чест што се дел од овој проект.

Караванот ќе посети вкупно единаесет градови. Завршниот концерт е на 4 септември во Скопје.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Боледувањата и терапиите за онколошките пацинети во фокусот на ФЗО

Боледувањата над 30 дена во Македонија, како  и лекувањата во странство ќе бидат главен фокус во делот на реформирање на трошоците во Фондот за здравство, изјави првиот човек на фондот Златко Перински.

Боледувањата и терапиите за онколошките пацинети во фокусот на ФЗО

Тој потенцира дека последниот извештај на заводот за ревизија е објективен и мора да се воведе поголема конторола во трошењето на парите. Според последните податоци годишно лекување во странство чини 500 милиони денари. Перински објасни дека е потребна контрола во делот на начинот на лекување, успешноста на лекувањето да се следи од самиот почеток за да се види и ефикасноста на самите болници.

„Ќе се формира тим од вработени во фондот кои ќе ги следат парите, документите и начинот на лекување во странство со цел да ја знаеме и ефикасноста на лекувањето“-Златко Перински .

Исто така ќе се контролираат и боледувањата над еден месец пред се боледувањата кои траат и по пет години за лесни дијагнози. Затоа е потребно интеграција на здравственито систем и со други институции со цел да се контролира делот на земање на боледувања подолги од еден месец кои буџетот го чинат за три години над милјадрда и седусмтотни илјади денари велат од фондот.

Во делот на недостиг на терапија на онкологија првиот човек на ФЗОМ објасни дека по комуникација со директорот на клиниката за онкологија терапијата ќе пристигне за десет дена, како причина била наведено доцнењето на добавувачот на терапија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Албанија им изрече забрана за влез на Ваљон Беља и Бекир Халими поради закана за националната безбедност

Закана за националната безбедност – вака албанскиот министер за внатрешни работи Бесфорт Ламалари ја образложи одлуката Ваљон Беља и Бекир Халими да бидат прогласени за непожелни во Албанија. 

Албанија им изрече забрана за влез на Ваљон Беља и Бекир Халими поради закана за националната безбедност

Ламалари откри дека одлуката била донесена уште на 17 јули, врз основа на информации од безбедносните и разузнавачките служби. Иако прашан кои конкретни активности довеле до мерката, тој одби да открие детали, повикувајќи се на доверливи податоци. Сепак, порача дека достапните информации биле доволни двајцата македонски државјани да бидат оценети како закана за безбедноста и јавниот ред и да добијат десетгодишна забрана за влез во Албанија.

- Министерот за внатрешни работи – како орган што ја носи одлуката, нема апсолутно никаква законска обврска за транспарентност зошто ја донел одлуката. Тоа е така бидејќи, како што веќе спомнав, располагаме со многу информации за тековниот надзор што го спроведуваат надлежните служби во Албанија – како од разузнавачките, така и од оние за спроведување на законот. / Мораме да спречиме оваа потенцијална закана да се материјализира, било во политичка, идеолошка или деструктивна смисла, преку искористување на одредени агенди насочени кон поединци со одредени ранливости, кои би можеле да станат плен на таквите агенди,- - Бесфорт Ламалари - Министер за внатрешни работи на Албанија.

Беља кој на јавноста и е познат како аналитичар, активист и политичар, во минатото беше осомничен и дека оставил куршум завиткан во салфета кај тогашниот градоначалник на Чаир. Тој потоа беше беше економски директор на клиниката за гинекологија, па економски директор на железници транспорт. На социјалните мрежи, Беља одлуката ја нарече политички мотивирана и донесена од „Владата на Еди Рамовиќ“ кој го нарече „сијамски брат на Вучиќ“. Халими пак, кој е оџа и поранешен припадник на УЧК, вели дека за одлуката дознал од медиумите.

-Вознемирувачко е за секого да се соочи со неправда, особено за некој што целиот свој живот го посветил на подигнување на верската свест кај нашиот народ и на давање патриотски придонес кон нашиот национален развој. Сепак, таква е природата на животот. Ќе продолжиме да бараме правда и да се бориме против неправдата каде и да се појави,- Бекир Халими.

Ова инаку, не е прв случај Албанија да прогласи странски државјани од соседството за непожелни поради безбедносни причини. Пред два месеци, на теолошката активистка од Косово, Икбале Худути Бериша исто така и беше изрешена забрана за влез во земјата, во времетраење од 15 години, поради учество на протестите во Тирана. Образложението на албанските власти во таа прилика беше дека нејзините активности и можни врски со Иран, се опасност за националната безбедност и јавиот ред.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер