Министерството за спорт ќе исплати 3 милиони денари на младите кошаркари за првото место на ЕП

Министерот за спорт Борко Ристовски ја потпиша одлуката со која на македонската младинска кошаркарска репрезентација ќе и биде исплатена премијата од три милиони денари доделена за освоеното прво место на Европското првенство за јуниори.

Министерот за спорт Борко Ристовски ја потпиша одлуката со која на македонската младинска кошаркарска репрезентација ќе и биде исплатена премијата од три милиони денари доделена за освоеното прво место на Европското првенство за јуниори (играчи до 18 години) од Б дивизија што се одржа од 26 јули до 4 август 2024 година во Скопје.

На иницијатива на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, Владата на донесе одлука со која го задолжи Министерството за финансии да обезбеди финансиски средства во висина од три милиони денари на Министерството за спорт, а Министерството за спорт преку Кошаркарската федерација на Македонија овие средства да ги распредели на стручниот штаб и на кошаркарите во младинската репрезентација (У18).

Младите македонски кошаркари на Европското јуниорско првенство (У18) Б дивизија во Скопје го освоија златниот медал остварувајќи осум победи во исто толку одиграни натпревари. Со оваа титула, кошаркарите обезбедија пласман во елитната А дивизија и настап на следното Европско јуниорско првенство во Србија, се наведува во соопштението.

Новак Ѓоковиќ доби споменик во Србија- во рацете држи рекет и крст (ВИДЕО)

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ доби свој споменик, откако скулпторот од Кикинда, Борис Стапарац, заврши скулптура посветена на славниот спортист.

Оваа монументална скулптура висока околу два и пол метри е изработена од моделиран бетон, а Борис работел на неа околу една година. На споменикот Ѓоковиќ е со рекет и крст во рацете, додека погледот е насочен кон небото, објави РТВ.

Делото ја симболизира вербата, непокорот и љубовта кон клучните животни вредности. На едната страна Новак е прикажан со склопени три прста, додека на другата држи рекет со крст во него.

- Не само што дише споменикот, туку се чувствува и големата љубов кон Новак, кој нè претставува во светот какви што сме - побожни, полни со енергија, мирни, со воинствени чувства внатре, бидејќи тоа е единствениот начин да надминеме нешто невозможно - вели скулпторот Борис Стапарач за РТВ Војводина.

Идејата за создавање на споменикот произлезе од желбата да се истакне неговиот огромен придонес за нашата нација.

- Веќе го знам местото каде што треба да се постави, бидејќи сите сме поврзани со некои небесни сили, дека некој ќе дојде по тоа. Ако остане кај мене, моја желба е еден ден мојот двор да стане музеј на скулптури, па и тој да има место таму. На крајот на краиштата, зошто и Србите да не го имаат Роден? – додава Стапарач.

Ужас во Германија: Закопале бебе во двор на станбена зграда

Германската полиција доцна синоќа добила дојава дека во градината на станбена зграда во населбата Гнуч е закопано бебе.

Тие веднаш дошле на местото на настанот и почнале со ископување, за по некое време да го пронајдат телото на шестмесечно бебе, пишува Билд.

Полицијата засега нема повеќе детали за случајот, освен дека е идентификувана мајката на детето.

Помош во идентификацијата на мајката пружило лице од населбата кое повикало полиција и ја известило за случајот.

Засега не се знае дали детето починало од природна смрт или е убиено.

Истрагата е во тек.

На навивач му се слошило на натпревар на Лигата на шампионите, починал на пат кон болница

Во рамките на четвртото коло во Лигата на шампионите, на Алијанц Арената се одигра натпревар во кој Баерн Минхен победи против Бенфика со голот на Џамал ​​Мусиала за 1:0, но овој натпревар го одбележа несреќен случај. 

Еден човек починал откако му се слошило на натпреварот.

Овој натпревар беше малку необичен од самиот почеток, бидејќи доцнеше 15 минути поради метеж, а потоа за време на натпреварот се случи овој многу немил настан.

Баерн оваа тажна вест ја потврди преку своите јавни медиуми.

- Во Лигата на шампионите славевме против Бенфика со 1:0, но овој натпревар го одбележа еден многу тажен настан. Медицинската служба брзо реагирала кога на еден човек му се слошило на трибините. Еден час по последниот судиски свиреж добивме информација дека навивачот починал на пат кон болница. Баер изразува сочувство до семејството на овој навивач - стои во пораката од Баерн.

притисни ентер