Министерството за правда: Екстрадиција за Груевски по распишување меѓународна потерница

Доколку биде официјално потврдено дека поранешниот премиер Никола Груевски избегал во Унгарија, Министерството за правда ќе достави барање за екстрадиција откако ќе добие известување од МВР.

Каде е лоциран и дека за него има разпишана меѓународна потерница.

Од Министерство за правда за МИА информираа дека за спроведување на екстрадиција потребни се документи од Судот : правосилна пресуда, извадок од КЗ за описот на делот и застареноста на кривичното гонење односно за извршувањето и барање од Судот до надлежниот орган во државата каде што треба да се постапи за екстрадиција.

Груевски по кого е распишана национална потерница бидејќи не се јави во затвор за издржување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк", попладнево се огласи со статус на својот фејсбук профил во кој вели дека е во Унгарија каде што побарал политички азил од тамошните власти.

– Во последните неколку денови примив безброј закани по мојот живот. Јас сум во Будимпешта сега, и побарав политички азил од унгарските власти. Секогаш ќе останам верен на каузата на Македонија. Никогаш нема да отстапам, наведува Груевски во статусот на својот Фејсбук профил.

Засега нема потврда од надлежните македонски власти дали фејсбук статусот е веродостоен.

Од вчера попладнето Груевски се бара со национална потерница заради издржување двегодишна затворска казна за случајот „Тенк".

Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев денеска изјави дека не може судот самоиницијативно да определува мерка притвор, тоа е секогаш по барање на Обвинителството.

– Во случајот „Тенк" од самиот почеток на подигање на обвинението до соопштување на одлуката од страна на Обвинителството во ниеден момент не е побарана мерка притвор за обвинетиот Никола Груевски, изјави Џолев.

Посочи дека двата пасоши на Никола Груевски и дипломатскиот и неговиот личен пасош се одземени и определена е мерката јавување во предметот „Титаник", додека во предметот „Тенк" нема никаков предлог ниту за обезбедување на некаков имот, ниту предлог за некакви си мерка за обезбедување негово присуство.

Инфантино најави голема промена во користењето на ВАР системот

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ја објави големата вест во врска со употребата на ВАР на конгресот на светската фудбалска федерација во Бангкок. 

Тој изјави дека сега тренерите ќе имаат право да бараат проверка со ВАР системот два пати по натпревар.

-Ќе го развиваме и подобруваме ВАР. Овој систем го користат 65 национални асоцијации, но сега ќе го подобриме. Создадовме поосновна технологија со помалку камери и без судии да одлучуваат, така што е достапен за сите и полесен за имплементација Овој систем веќе се тестира, започна Инфантино.

Тоа ќе функционира така што тренерот на секој тим има право да бара помош од ВАР двапати по натпревар. Ако првобитната одлука на судијата се смени по таквата барана ревизија, тимот што бара преглед сè уште има право на два прегледи.

-Доколку по ваквата барана проверка, ВАР ја потврди одлуката на судијата на теренот, тогаш тимот што го побарал го губи правото на проверка на негово барање, изјави Инфантино. /МИА

Тухел: Не се договоривме со Баерн, ова е мојата последна прес-конференција овде

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел денеска и официјално соопшти дека нема да остане на кормилото на баварците.

Во последните неколку дена имаше информации дека тој би можел да продолжи да го води тимот, иако веќе во февруари клубот објави дека двете страни ќе се разделат на крајот од сезоната.

„Ова е мојата последна прес-конференција на Зебенер Штрасе (клупската база на Баерн). Водевме разговори, но не постигнавме договор, така што одлуката од февруари останува на сила. Очигледно е тешко. Резултатите како оние во Лигата на шампионите против Лацио, Арсенал и Реал Мадрид не сплотуваат. Повратните информации од последните недели беа основа за да имаме дискусија. Но, не можевме да постигнеме договор. Причините нема да ги именувам. Договорот од февруари останува на сила, објасни Тухел

Бербок: На Украина и е потребно оружје со долг дострел

На Украина и треба повеќе оружје со долг дострел за да се бори против руското напредување во регионот Харков, каде ситуацијата на бојното поле е „многу драматична“, изјави денеска шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок.

На маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Советот на Европа во Стразбур, таа потенцира дека е важно да се прекинат руските патишта за снабдување и да ѝ се даде на Украина оружје „што може да се користи на средни и долги растојанија“.

Таа наведе дека Берлин соработува со своите партнери по ова прашање и дека ситуацијата на фронтот е „исклучително тешка“.

притисни ентер