Грција ќе отвори нови шалтери и привремено ќе ја суспендира биометриската проверка на граничниот премин „Евзони“
1Грција ќе отвори нови шалтери и привремено ќе ја суспендира биометриската проверка на граничниот премин „Евзони“
3Норвежаните дојдоа на Светското првенство со многу храна: Имаат готвачи за Халанд и другарите, спакувале 300 кг риба во авионот
МакедонијаМинистерството за одбрана и општина Карпош најтранспарентниМинистерството за одбрана и општина Карпош најтранспарентни, најмалку информации се објавуваат за финансиите.Скопје, 3 јуни 2021 (МИА) – Активната транспарентност на министерствата, Владата и на општините во 2021 година изнесува 63 проценти и е подобрена за пет процентни поени во однос на минатата година, покажува годишното рангирање на институциите според Индексот на активна транспаретност што го изработува Центарот за граѓански комуникации. Министерствата и Владата просечно објавуваат 79 проценти од потребните информации што е минимално зголемување во однос на ланските 77 проценти, додека кај општините петта година по ред се забележува помала транспаретност од министерствата. Општините објавуваат 60 проценти од потребните информации што е за 5,5 проценти поени повеќе во однос на лани. За првпат сега две институции и тоа Министерството за одбрана и општина Карпош имаат максимални 100 проценти транспаретност, односно ги објавуваат сите предвидени информации. Најмалку информации, министерствата објавуваат за финансиите, а општините за прашањата од нивната надлежност. Од регионите, на прво место е Источниот регион со 74 проценти транспаретност, а последен е Скопскиот регион со 49 проценти. Од Центарот за граѓански комуникации информираат дека општините одговориле во просек за 17 дена на барањата за слободен пристап до информации, а министерствата за 16 дена, додека 39 проценти од институциите одговориле подоцна од законски предвидениот рок. Од годинава, активната транспарентност е претставена на специјално изработената веб-страница www.aktivnatransparentnost.mk со преглед на сите опфатени институции, но и на индивидуалните резултати за секоја институција од 2016 годинава наваму. Индексот на активна транспарентност се реализира во рамки на активноста „Јавно трошење за јавно добро", поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта е да се зголеми ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканГрција ќе отвори нови шалтери и привремено ќе ја суспендира биометриската проверка на граничниот премин „Евзони“Грција ќе отвори нови шалтери и привремено ќе ја суспендира биометриската проверка на граничниот премин „Евзони“ за да ги олесни гужвите, откако новиот систем за влез на Европската унија предизвика значителни доцнења и долги редици, објави „КатимериниСуспензијата е привремена — може да трае неколку часа — и се дозволува во случаи на долги редици од автобуси и од автомобили. Паралелно се разгледуваат дополнителни оперативни решенија, меѓу кои отворање нови шалтери, оптимизација на постојните ленти и подобро искористување на расположливата инфраструктура на граничните премини. Дел од мерките опфаќаат и привремено пренаменување на постојни објекти со цел зголемување на капацитетот за обработка на патници и на возила. „Ова е мерка што ја имаме воведено и во часови на голема гужва ја применуваме континуирано изјави Константинос Гиулекас, заменик-министер за внатрешни работи задолжен за Македонија и Тракија – пренесува КатимериниТагови: евзони Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНајуспешните ученици од општина Илинден и оваа година на летен камп во ОхридОпштина Илинден и оваа година ја продолжува традицијата на организирање летен училишен камп за најуспешните ученици од општинските основни училишта. Како признание за нивниот труд, посветеност и постигнати резултати, учениците престојуваат во Охрид, еден од најатрактивните туристички центри во државата. Летниот камп се реализира во рамки на Програмата за работа на градоначалникот Александар Георгиевски и Стратешкиот план за развој на Општина Илинден 2022–2026, со цел поттикнување на образовниот развој, мотивацијата и личниот напредок на младите. За време на нивниот престој во Охрид, учениците ги посети градоначалникот Георгиевски, кој им честиташе за остварените резултати и им посака уште многу успеси во иднина. Во непосредна и пријатна атмосфера, тој истакна дека токму знаењето, трудот и истрајноста се вредности кои отвораат нови можности и заслужуваат да бидат препознаени и наградени. Со ваквите проекти, Општина Илинден континуирано вложува во младите генерации, поттикнувајќи ги да се стремат кон нови знаења и достигнувања. Грижата за младите и нивниот развој останува еден од врвните приоритети на локалната самоуправа, која и во иднина ќе продолжи да создава можности за нивна мотивација, едукација и напредок.Тагови: Општина Илинден Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБожиновска на IFC Day: Енергетската транзиција е можност за економски раст и нови инвестицииМинистерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска учествуваше на „IFC Day in North Macedonia“, настан организиран од Меѓународната финансиска корпорација (IFC), членка на Групацијата на Светска банка.Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска учествуваше на „IFC Day in North Macedonia“, настан организиран од Меѓународната финансиска корпорација (IFC), членка на Групацијата на Светска банка, посветен на перспективите за енергетска транзиција и развој на извозно ориентираното производство во земјата. Настанот, кој за првпат се организира во Македонија во партнерство со државните институции, претставува значајна платформа за размена на искуства и идеи меѓу носителите на политики, меѓународните финансиски институции и приватниот сектор, со цел поттикнување на одржлив економски развој и инвестиции. Министерката Божиновска беше панелист на дискусијата посветена на енергетската транзиција, заедно со претставници на IFC, Светска банка, МЕПСО и приватниот сектор. „Создаваме правна рамка за поотпорен и посигурен енергетски систем. Новиот Закон за енергетика, донесен во 2025 година, ја усогласува Македонија со Пакетот за чиста енергија на Европската Унија и воспоставува посилна рамка за развој на обновливите извори на енергија, системите за складирање на енергија, пазарите за тргување ден однапред, поголемо учество на потрошувачите, планирањето во вонредни услови и десетгодишното планирање на мрежата. Особено важно е што законот воведува појасни правила за приклучување на електроенергетската мрежа и го третира складирањето на енергија како посебна регулирана дејност, што е од суштинско значење доколку сакаме обновливите извори на енергија да ја зајакнат, а не да ја нарушат сигурноста на снабдувањето.“ истакна Божиновска. Во своето обраќање таа ги претстави приоритетите на Министерството во насока на модернизација на енергетскиот сектор, забрзување на инвестициите во обновливи извори на енергија и создавање предвидлива и транспарентна инвестициска клима. Божиновска истакна дека во завршна фаза е усвојувањето на законодавството усогласено со Европската Унија Пакетот за интеграција на енергетските пазари, кој потоа ќе биде предмет на верификација од страна на Секретаријатот на Енергетската заедница и Европската комисија. Македонскиот оператор на организираниот пазар на електрична енергија (МЕМО) активно соработува со БСП и во рамки на поширокиот процес на поврзување на пазарите во Југоисточна Европа. Нашата цел е македонскиот пазар поефикасно да се интегрира со регионалните и европските пазари на електрична енергија, бидејќи подлабоката пазарна интеграција значи поголема ликвидност, подобри можности за управување со ризиците и поголема доверба кај инвеститорите, истакна Божиновска Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на спроведување на реформите и создавање услови за одржлива енергетска транзиција, преку соработка со домашните и меѓународните партнери, во интерес на економскиот развој и енергетската стабилност на државата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13Работна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38Опожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје18:13Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје15:16
Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38