Министерството за надворешни работи го одбележа Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот - Канал 5

Министерството за надворешни работи го одбележа Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот

На настанот се обратиле и амбасадорката на Државата Израел, Вивијан Аисен, и претседателот на Еврејската заедница во Македонија, Пепо Леви.

Министерството за надворешни работи го одбележа Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот

Како полноправна земја членка на ИХРА, македонската Влада останува цврсто посветена на борбата со антисемитизмот, искривувањето на историските факти и негирањето на холокаустот, истакна заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, во поздравното обраќање на настан со кој Министерството денеска го одбележа Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот.

Како што информира МНРиНТ, Димитровски им оддал почит на жртвите и на денешните наследници на македонските Евреи кои биле депортирани во 1943 изразувајќи надеж дека со „доследна едукација на младите генерации за холокаустот ќе може како цивилизација да спречиме антисемитски акти во сите нивни форми“.

На настанот се обратиле и амбасадорката на Државата Израел, Вивијан Аисен, и претседателот на Еврејската заедница во Македонија, Пепо Леви.

- Одбележувањето беше проследено со сведоштво за единствената преживеана Еврејка од Штип, Шела Алтараз. Ученици од Основното училиште „Димитар Влахов“ од Штип изведоа краток сценски перформанс со наслов „Писмо од Треблинка“. Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше отворена и изложба посветена на жртвите на холокаустот, прикажана од детска перспектива - соопшти Министерството.

Република Северна Македонија е полноправна членка на Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот (International Holocaust Remembrance Alliance - IHRA).

МНРиНТ посочува дека Меморијалниот центар на холокаустот на македонските Евреи во Скопје е еден од ретките во светот кој сведочи за страдањата на 7.144 македонски Евреи убиени во логорот Треблинка во окупираната Полска. Ноќта меѓу 10 и 11 март 1943 Евреите од Штип, Битола и Скопје биле присилно собрани и потоа депортирани во Треблинка, од каде што не се вратиле во своите домови.

- Активностите на државата се насочени кон почитување на историските факти и зачувување на колективното сеќавање на холокаустот, со јасна и трајна порака: никогаш повеќе - соопшти за Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер