Министерството за култура откупи три драмски текста - Канал 5

Министерството за култура откупи три драмски текста

„Госпоѓиците од Авињон“ од Сашо Димоски, „Најденко во магичниот круг“ на Татјана Гогоска и „Лична Ангелина (Чувари на честа)“ на Загорка Поп-Антоска Андовска се најдобри на конкурсот за откуп на драмски текстови, кој Министерството за култура го реализира втора година по ред. За откупените текстови Министерството за култура ќе им додели надомест на авторите во нето износ од по 100 илјади денари.

Министерството за култура откупи три драмски текста
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на денешната прес-конференција информира дека на новиот конкурс за откуп на драмски текстови, објавен на 1 октомври 2015 година, пристигнаа 39 драмски текстови на македонски автори, но и млади писатели кои се дебитанти или се уште не се доволно афирмирани на македонската театарска сцена. Најдобрите драмски текстови ги одбра Комисија во состав професор д-р Јелена Лужина (претседател), Снежана Коневска-Руси и Илбер Муртези (членови).

- Драмската дејност е еден од приоритетите во културната политика на Министерството за култура. Покрај голем број стимулативни мерки кои ги воведовме, согласно Националната стратегија, успеавме да ги унапредиме состојбите во сите области во културата, рече Канческа-Милевска. Додаде дека буџетот за драмска дејност во рамки на Годишната програма на Министерството за култура се зголеми за цели 10 милиони денари.

Министерката за култура потсети дека во нашата држава се реализираа инфраструктурни зафати преку кои се изградија и се градат голем број на театри, а во театрите се реализираа и голем број вработувања, на околу 35 актери, 22 режисери и 22 драматурзи.

Таа потсети дека минатата година, кога првпат беше објавен овој конкурс, беше реализиран откуп на три драмски дела на авторите Љупчо Јованов, Рефет Абази и Весна Куслеска. Избраните текстови на овој конкурс беа промовирани на 50-то јубилејно издание на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Најави дека овие дела ќе се публикуваат и во печатено издание преку кое ќе станат достапни до сите заинтересирани театарски установи, продуценти, режисери и уметници кои понатаму би ги поставиле делата.

Претседателот на Комисијата за избор на драмски текстови Лужина информира дека се потрудиле да го исчитаат целиот материјал кој пристигнал на конкурсот. Од вкупно 39 драмски текстови, констатирале дека два не спаѓаат во драмските текстови.

Сашо Димоски со „Госпоѓиците од Авињон“, како што рече, направи најмалку еден чекор од својата досегашна драматуршка матрица и понуди еден текст со неверојатна свежина и неверојатна упатеност.

Лужина истакна дека Димоски тргнува од сликата на Пабло Пикасо, на која се претставени пет жени, куртизани и една мртва природа.

- Тој по пат на постдрамската театарска постапка ја деконструиа на драмски начин сликата на Пикасо. Од тие пет жени, четири се вистинските, автентични, историски кои патуваат низ животот на Пикасо. Петтата жена е со фиктивно име и за неа авторот вели дека не се знае дали е фикација или стварност. Петтата жена е на Сашо Димоски, кој Пикасо го сведува на мува, која не се гледа, туку се слуша, рече Лужина, која додаде дека се работи за европски текст.

За текстот „Лична Ангелина“, Лужина истакна дека е беспрекорно драматуршки напишан текст, кој учествувал на повеќе конкурси и нагласи дека следен чекор би требало да биде негова сценска евалуација.

Лужина за драмата „Најденко во магичниот круг“ на Татјана Гогоска рече дека е текст за деца, коректно напишан, во јасни ликови разделен, добро организиран и со задолжителна поука.

Наградените автори упатија благодарност до Министерството за култура и до членовите на комисијата. Според нив, добро е што се става акцент на творештвото на македонските автори и им се дава местото кое го заслужуваат, покрај увозот на странски текстови. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам.

Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на меѓусебната соработка и зајакнувањето на партнерските односи во повеќе области.

Посебно беше истакнато значењето на регионалната соработка и координацијата меѓу девете држави, како важен придонес кон остварувањето на заедничките приоритети и зајакнувањето на стабилноста и партнерството.

На средбата беа разменети и мислења за актуелните политички и економски прашања, како и за можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и соработката меѓу двете држави.

Двајцата говорници ја потврдија заедничката заложба за продолжување и интензивирање на соработката и натамошно унапредување на стратешкото партнерство во интерес на двете земји.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, СДСМ побара пауза за да се објави вистината

Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната Надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола побара 45 минути пауза, поради лагите изнесени од страна на Мицкоски за Алта банка. 

СДСМ: Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, СДСМ побара пауза за да се објави вистината

„Барам процедурално затоа што иако Надзорната расправа требаше да биде а институт во којшто ќе се обзнани вистината пред јавноста, во претходниот исказ на сведокот слушнавме низа на невистини затоа што се мафташе со некои списоци. Во меѓувреме ги извадивме записниците и затоа барам барам 45 минути пауза за да се обзнани вистината. Вистината којашто некој сакаше да ја покаже пред јавноста, а тоа е лагата“, рече Битиќи.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“

Елена Костадиновска и Никола Бубевски се дел од судиската елита на Европското кик бокс првенство во Скопје.

Европско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“

Почетокот на Европското првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје означи старт на една од најголемите спортски манифестации од овој ранг кај нас, каде што за медали во конкуренција на најдобрите ќе се борат импресивни 1.191 натпреварувач од целиот континент.

Покрај македонските репрезентативци на татамите и ринговите, значаен дел од македонската делегација се и нашите меѓународни сениорски судии Елена Костадиновска и Никола Бубевски. Нивното учество на ваков престижен турнир е големо признание за нивниот професионализам, довербата од Европската федерација и потврда за квалитетот на македонската судиска организација на меѓународната сцена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер