Николоски - Ивановиќ: На регионот му се потребни партнерства, регионална поврзаност и економска соработка
2Николоски - Ивановиќ: На регионот му се потребни партнерства, регионална поврзаност и економска соработка
ЕкономијаМинистерството за економија воведува нов модел за мерење на трошоците на живот58.475 денари за еден месец. Толку, според Министерството за економија и труд му биле потребни на едно четиричлено семејство за месечните трошоци во август. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши и официјално ја промовираше владината потрошувачка кошничка и нејзиниот пристап за пресметка. За разлика од владината, синдикалната минимална кошничка за истиот месец достигнала 68.675 денари, односно 10.200 денари повеќе. Дурмиши вели дека разликата со синдикалната кошничка произлегувата од различните методологии. За владината, вели се користеле релевантни податоци од Државниот завод за статистика, цени на производи во осум градови, податоци од 23 пазари за овошје и зеленчук, како и цени на најпродаваните прехранбени производи во петте најголеми и три регионални трговски синџири. -Нашата цел е јасна да имаме реална, објективна и транспарентна слика за тоа колку трошат домаќинствата во Македонија, врз основа на официјални и статистички податоци за реалната потрошувачка и цените на производите и услугите на пазарот. За разлика од проценките што се прават според посакувани потреби, нашата методологија се базира на податоци за остварената потрошувачка, во согласност со меѓународно прифатените статистички класификации,- Бесар Дурмиши – министер за економија и труд. Разликата е видлива и кај храната и безалкохолните пијалаци. Во владината кошничка за оваа категорија се пресметани 21.132 денари, наспроти 25.032 денари во синдикалната, односно 3.900 денари повеќе. Владината кошничка не ги вклучува ниту трошоците за кирија, ниту трошоци за одмор. Според Дурмиши, повикувајќи се на Пописот од 2021 година, 95% од населението живеело во сопствен дом. Сепак, остана неодговорено дали тоа значи и отсуство на трошоци за домување, особено кај семејствата што отплаќаат станбени кредити. - Синдикалната кошница се базира на проценка на посакуваните трошоци за живот, па затоа вклучува и алкохол и цигари во неа, како и три трошоци за кирија, иако според податоците од пописот во 2021 година, 95% од граѓаните живеат во свој дом, додека нашата пресметка се темели на официјални податоци за реално остварената просечна потрошувачка,- Бесар Дурмиши – министер за економија и труд. Од јануари до август пак, владината кошничка пораснала за 2.094 денари, односно 3,7%, а синдикалната за 2.262 денари. Методологијата ќе биде разгледана на седницата на Економско-социјалниот совет на 19 октомври, каде што ќе може да се предложат дополнувања и корекции. По усвојувањето, се очекува редовно да се објавуваат трошоците за сите 11 категории. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШасивари - Нгефа: Меѓународниот дијалог отвора нови перспективи за соработкаМинистерот за правда Јетон Шасивари оствари билатерална средба со министерот за правда на Демократска Република Конго, Гијом Нгефа, во Истанбул, каде што двајцата учествуваат на Меѓународниот самит за правда.Средбата беше можност за непосреден разговор за состојбите во правосудството, институционалните искуства и предизвиците со кои се соочуваат државите во обезбедувањето ефикасна и достапна правда. Различните правни системи и институционални искуства нудат можност за размена на гледишта за улогата на правосудството и значењето на владеењето на правото во современите општества. Соговорниците ја истакнаа вредноста на отворениот дијалог и меѓусебното разбирање како основа за развивање контакти и разгледување можности за идна институционална соработка.Тагови: Јетон Шасивари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДоживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35
МакедонијаНиколоски - Ивановиќ: На регионот му се потребни партнерства, регионална поврзаност и економска соработкаЗаменик-претседателот на Владата, Александар Николоски во рамки на работната посета на Црна Гора, денеска во Подгорица оствари средба со Филип Ивановиќ, заменик-претседател на Владата на Црна Гора задолжен за европски и надворешни работи.На средбата беа разменети мислења за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји, продлабочување на добрососедските односи и можностите за интензивирање на соработката во областите од заемен интерес. Посебен акцент беше ставен на европската интеграција на земјите, регионалната соработка и значењето на заедничката посветеност на европската перспектива на регионот. Беше заклучено дека на регионот му се потребни партнерства, регионална повраност и економска соработка. Македонија е подготвена да биде активен партнер во создавањето таков регион, истакна на средбата вицепремиерот Николоски. Соговорниците ја потврдија важноста на отворениот дијалог и континуираната комуникација, како основа за зајакнување на партнерството меѓу двете земји како и унапредување на стабилноста и просперитетот на регионот.Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДоживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35
МакедонијаЈанчев: Современа технологија за откривање дефекти во водоводната мрежаАктивностите започнуваат на улиците „Ѓорѓи Соколов“ и „Шишка“.Ј.П. Комуналец Кавадарци во соработка со Општина Кавадарци, започна со реализација на проект за откривање дефекти и истекувања во водоводната мрежа, со примена на современа технологија за поефикасно управување со водните ресурси. Во рамки на овие активности, директорот на ЈП Комуналец потпиша Меморандум за соработка со компанијата Ecotip, со цел примена на современи технолошки решенија за откривање дефекти и намалување на загубите на вода во водоводната мрежа. Проектот предвидува поставување на 20 акустични сензори на карактеристични локации во градската водоводна мрежа. Преку 24-часовни мерења и обработка на податоците со специјализиран софтвер, ќе се овозможи попрецизно лоцирање на потенцијалните истекувања и дефекти. Активностите започнуваат на улиците „Ѓорѓи Соколов“ и „Шишка“, а во наредниот период ќе продолжат и на улиците „Илинденска“, „Тиквешко востание“ и на други локации. Со примената на оваа технологија ќе се овозможи откривање дефекти што тешко се забележуваат со вообичаените методи, без непотребно оштетување на постојната инфраструктура. Очекуваните придобивки се намалување на загубите на вода, побрзо санирање на дефектите и поефикасно одржување на водоводната мрежа. Преку соработката со Општина Кавадарци и компанијата „Ецотип“, ЈП „Комуналец“ продолжува со воведување современи решенија за унапредување на комуналните услуги и поодговорно управување со водните ресурси, во интерес на сите граѓани, објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДоживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35