Министерството за економија ја крои одлуката за маржите - Канал 5

Министерството за економија ја крои одлуката за маржите

Граѓаните очекуваат цените позначително да се намалат.

Министерството за економија ја крои одлуката за маржите

Ќе го даде ли вистинскиот резулатат новата владина мерка за ограничување на маржите на 10 % во трговијата и на мало и на големо, која се носи по премиерот на есенската кошничка?!?!? Над 100тина основни прехрамбени но и хигиенски производи треба да се најдат на листата која ја подготвува министерството за економија. Засега не е позната целосната листа на производи кои ќе бидат опфатени со оваа мерка, но од она што е познато треба да бидат истите производи од есенската кошничка, како оризот, лебот и белите пецива, овошје, зеленчук, видови месо и преработки од месо, млеко и млечни производи, шеќерот, кафето, конзервирана храна, дополнително со хемиските средства, детергенти, сапуни, хигиенски влошки, бебешки пелени, бебешка и детска прехрана.

Граѓаните кои ги анкетиравме во најголем дел велат треба и очекуваат намалување на цените со новата мерка. Вака велат тешко се преживува месецот.

„ДА да, треба да се намалат па се е скапо....“

„Очекувам се надевам и посакувам....“

„Сигурно ќе донесе ...“

„Не знам се надевам... цените се премногу високи, во споредба со западните земји цените се исти или повисоки а нивниот стандард е барем три четири пати повисок.... “

„Мерката колку е да е ако е ограничување само на маржата на дистирбутерите и трговците мислам дека нема да биде доволно, новите цените девизните што велгува кај нас се многу повисоки отколку што е набавена пред три чеетири месеци... намерата е добра, ама мислам де е во тој начин што може да контролира....“

Одлуката највројатно ќе помине утре на итна владина седница, по што мерката ќе стапи на сила. А премиерот Мицкоски очекува драстично намалување на цените. Дополнително надлежните ќе бараат и долгорочни решенија за стабилизирање на цените.

„Маржата малопродажна и големопродажна се ограничува на 10% и очекувам тука да има драматично намалување на цените на оние производи кои што вистински кои ги користат граѓаните ... “-Христијан Мицкоски – претседател на Влада

Опозициската СДСМ владината мерка ја оцени како апсурд бидејќи според нив власта носи мерки кои во опозиција ги критикувала.

Во есенска кошничка која лани траеше еден месец, на 10 % им се ограничи бруто профитната маржа на 73 производи. Цените тогаш на производи како брашното, лебот, бисквитите, маслото, овошје, зеленчук, кои беа дел од кошницата се намалија од 2 до 10 денари, додека позначително намалување можеше да се забележи само кај млечните производи како сирењето и кашкавалот, кој се намалија дури и до 100 денари за килограм. Околу 50 денари поевтино тогаш се продваа одредени видови месо и преработки од месо.

Мерката треба да стапи на сила деновиве а ќе трае се до крајот на април. Замрзнувањето на маржите доаѓа откако пазарната инспекција направи детална и темелна контрола во која беше утврдено дека маржите се движат од 20 до над 35 проценти, а пазарните инспктори остануваат на терен.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Бројот на загинати во несреќата со повеќе возила на автопатот кон крајбрежниот град Момбаса во Кенија се искачи на 17, соопшти полицијата.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во текот на ноќта во областа Салама, откако возач на камион не успеал да престигне друго возило, што довело до судири со други возила – вклучително и комбе – пренесе АП.

Полицијата претходно соопшти дека во несреќата загинале најмалку 13 лица.

„Луѓето патуваа кон место за молитва во округот Накуру, западно од кенискиот главен град Најроби“, изјави Мартин Кивува, надбискуп на Католичката надбискупија во Момбаса.

Сообраќајните несреќи се сериозен проблем низ цела Африка.

Тие често се припишуваат на лошото одржување на возилата, прекумерната брзина и лошата состојба на патиштата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

На 04.10.2026 (недела) со почеток во 08:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи - „Виз Ер Скопски маратон 2026“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта- Плоштад Македонија.

Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма: Авион исчезна над океанот

Според неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.

Драма: Авион исчезна над океанот

Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него.

Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс.

Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“.

Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа.

Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер