Министерството за дигитална трансформација и VISA потпишаа Меморандум за соработка - Канал 5

Министерството за дигитална трансформација и VISA потпишаа Меморандум за соработка

Министерството за дигитална трансформација и VISA потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува рамка за заеднички активности насочени кон олеснување на дигиталната интеракција помеѓу администрацијата и граѓаните...

Министерството за дигитална трансформација и VISA потпишаа Меморандум за соработка

Министерството за дигитална трансформација и VISA потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува рамка за заеднички активности насочени кон олеснување на дигиталната интеракција помеѓу администрацијата и граѓаните, унапредување на дигиталните услуги, воведување и проширување на прифаќањето и исплатата на дигитални плаќања каде што е потребно, како и зголемување на достапноста на електронските државни услуги за граѓаните и бизнисите.

Соработката ќе се фокусира на понатамошен развој на функционалностите за плаќање на Националниот портал за електронски услуги Uslugi.gov.mk и мобилната апликација mUslugi, развој на инфраструктурата, како и промоција на е-услугите и можностите за електронско плаќање меѓу граѓаните, деловната заедница и јавната администрација.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, истакна дека партнерството со Visa е значаен исчекор во градењето поефикасна и покориснички ориентирана администрација:

„Со овој Меморандум отвораме ново поглавје во унапредувањето на дигиталните јавни услуги со акцент на модерни и безбедни начини на плаќање. Нашата цел е граѓаните и бизнисите да добијат побрзи услуги, помалку административни бариери и повеќе функционалности достапни онлајн, преку uslugi.gov.mk и m.Uslugi, но и на шалтерите таму каде што е потребно. Ова е конкретен чекор кон држава што работи поедноставно, поефикасно и дигитално.“

Ана Драшковиќ, потпретседателка и генерална директорка на Visa за Југоисточна Европа, нагласи:

„Преку овој Меморандум за разбирање, Visa, како глобален лидер во дигиталните плаќања и доверлив иноватор во технологијата, ја потврдува својата посветеност за поддршка на Владата на Северна Македонија во забрзувањето на дигиталната трансформација на земјата. За нас е чест што Министерството за дигитална трансформација ја препозна Visa како стратешки партнер во понатамошното зајакнување на прифаќањето на дигиталните плаќања во јавните институции, напредувањето на усвојувањето на е-владините услуги и промовирањето на безбедни и непречени дигитални платни функционалности меѓу граѓаните, бизнисите и јавните службеници. Особено ни е задоволство да го истакнеме порталот за е-услуги и мобилната апликација м.Услуги, кои претставуваат значаен напредок во овозможувањето побрз, непречен и безбеден пристап до јавните услуги. Овие решенија ќе помогнат во поедноставување на секојдневните административни процеси и ќе овозможат поефикасно, кориснички ориентирано дигитално искуство за граѓаните на Македонија.“

Меморандумот претставува заедничка заложба за унапредување на дигиталните решенија и развој на функционалности што ќе ја зголемат достапноста и практичната употреба на електронските државни услуги, вклучително и преку воведување на современи дигитални плаќања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФИФПРО тимот на годината без освојувачот на Златната топка Хари Кејн

Добитникот на „Златната топка“  капитенот на Англија, Хари Кејн, изненадувачки го нема во тимот на годината!

ФИФПРО тимот на годината без освојувачот на Златната топка Хари Кејн

Легендарниот Лео Меси повтормно е меѓу најдобрите 11-сетмина.

Добитникот на „Златната топка“, Хари Кејн, на изненадување на сите, не се најде во идеалниот тим на годината според ФИФПРО (FIFPRO).

Од друга страна, Лионел Меси по рекорден 18-ти пат е дел од најдобрите 11 во изборот на професионалните фудбалери.

Овогодинешниот добитник на „Златната топка“ (Ballon d'Or), капитенот на англиската репрезентација Хари Кејн, изненадувачки не се најде во идеалниот тим според изборот на ФИФПРО (FIFPRO).

Во гласањето учествуваа фудбалери од 73 земји, а Лионел Меси се најде меѓу најдобрите 11 по рекорден 18-ти пат.

Аргентинецот повторно е избран во најдобриот тим, откако во 2023 година не беше дел од него.

Во нападот, покрај него, се најдоа Ерлинг Халанд, Килијан Мбапе и Ламин Јамал.

Во идеалниот тим за сезоната 2025/26 се наоѓаат четворица шпански репрезентативци кои летово ја освоија светската шампионска титула: Родри, Пау Кубарси, Давид Раја и Ламин Јамал.

Неочекуван е и изборот на голманот.

Голманот на Арсенал која за време на Светското првенство му беше резерва на Унаи Симон е избран за прв голман во идеалниот тим, иако шпанската единивца, беше прогласена за најдобар голман на годината во изборот на списанието „Франс фудбал“.

FIFPRO Светски тим (World 11) за сезоната 2025/26.

ГОЛМАН: Давид Раја (Арсенал, Шпанија)

ОДБРАНА: Пау Кубарси (Барселона, Шпанија), Ашраф Хакими (Пари Сен Жермен, Мароко), Нуно Мендеш (Пари Сен Жермен, Португалија)

СРЕДЕН РЕД: Џуд Белингам (Реал Мадрид, Англија), Родри (Манчестер Сити/Барселона, Шпанија), Витиња (Пари Сен Жермен, Португалија)

НАПАД: Ерлинг Халанд (Манчестер Сити, Норвешка), Килијан Мбапе (Реал Мадрид, Франција), Лионел Меси (Интер Мајами, Аргентина), Ламин Јамал (Барселона, Шпанија).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сос

Во вторник (03.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Игор Андреевски

„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сос

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. шпагети

200 гр. мелено месо

2 главици кромид

2 чешниња лук

400 мл. доматен сос

масло

сол, бибер и др. зачини

малку свежо нане или магдонос

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НАСА бара луѓе кои ќе живеат на Месечината: Конкурсот е отворен, но условите не се за секого

Американската вселенска агенција НАСА бара кандидати со високо образование во научни и технички области, додека договор вреден 10 милијарди долари ги очекува приватните компании.

НАСА бара луѓе кои ќе живеат на Месечината: Конкурсот е отворен, но условите не се за секого

Американската вселенска агенција, НАСА, објави повик за регрутирање нова класа на астронаути. Овој пат, целта е многу поамбициозна од самиот престој во орбитата: се бараат поединци кои ќе живеат и работат на површината на Месечината.

Овој процес на регрутирање е дел од програмата „Артемида“, а избраните кандидати ќе сочинуваат тим задолжен за поставување на темелите за постојана месечева база, како и за подготовка на теренот за првите мисии со екипаж до Марс. Обуката ќе опфаќа движење по предизвикувачкиот терен на Месечината и издржување долготраен престој во екстремни услови. Како што се очекуваше, критериумите за подобност се исклучително строги.

Право на пријавување имаат само државјани на САД кои поседуваат магистерска диплома од областите инженерство, биологија, физика или компјутерски науки.

Нема многу време за размислување, бидејќи крајниот рок за поднесување пријави преку официјалната веб-страница на агенцијата е 3 декември 2026 година, а имињата на новите астронаути ќе бидат објавени кон крајот на 2027 година.

Истовремено, НАСА го решава прашањето за логистиката, без која една база не може да опстане. Распшан е тендер во вредност од дури 10 милијарди долари за втората фаза од програмата „Комерцијални услуги за испорака на товар на Месечината“ (Commercial Lunar Payload Services – CLPS).

Станува збор за десетгодишен договор со приватни компании за изградба и управување со летала за слетување, наменети за испорака на инструменти, залихи и опрема директно на површината на Месечината.

За овие договори се натпреваруваат осум компании, меѓу кои „SpaceX“, „Blue Origin“ и „Lockheed Martin Space“. Впечатливо е отсуството на „Boeing“ од списокот; вселенската програма на оваа компанија, „Starliner“, веќе подолго време се соочува со технички проблеми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер