СветМинистерството на Илон Маск им дели откази на клучните нуклеарни научници во САД Американската влада планира да потроши околу два трилиони долари во следните 30 години за модернизирање на својот нуклеарен арсенал, но ненадејните намалувања на државната администрација сериозно го загрозија тој план.Според новиот извештај, Одделот за владина ефикасност (DOGE) предводен од милијардерот Илон Маск доделил десетици отпуштања во Националната администрација за нуклеарна безбедност (NNSA), потсектор на Министерството за енергија (DOE) кој ги надгледува американските нуклеарни резерви, објави Њујорк Тајмс. Најголемиот проблем се појави кога DOGE отпушти повеќе од 300 вработени во февруари, само за да паничи и потоа повторно да ги вработи кога сфатија дека меѓу нив има клучни експерти одговорни за безбедноста на нуклеарните резерви. Иако DOE тогаш тврдеше дека помалку од 50 луѓе биле отпуштени и дека повеќето од нив биле административни работници, медиумските извештаи откриваат дека загубите биле многу поголеми. Првиот бран на отпуштања се случил преку доброволни пакети за отпремнини, кои беа прифатени од повеќе од 130 професионалци. Покрај тоа, 27 лица се отпуштени без можност за враќање. Меѓу отпуштените биле: 27 инженери, 13 аналитичари на проекти, 12 програмски менаџери, 6 сметководители и финансиски аналитичари, 5 физичари и научници и неколку адвокати, регулаторни службеници и технолози. Опасните кратења ја забавуваат модернизацијата на нуклеарниот арсенал. Планот за модернизација на нуклеарното оружје на САД вклучува: изградба на нови ракетни силоси во неколку држави, производство на нови интерконтинентални нуклеарни ракети и развој на нови подморници со нуклеарен погон и нуклеарно вооружување. Овој проект, вреден 20 милијарди долари годишно, веќе се соочуваше со предизвици поради недостиг од специјализиран кадар, а сега ќе биде уште потешко да ги постигне своите цели. „Намалувањето на бројот на нуклеарни експерти токму во моментот кога САД го заменуваат целиот свој арсенал е глупаво. Веќе постојат сериозни безбедносни ризици, а намалувањето на бројот на квалификувани експерти само ја зголемува веројатноста дека нешто ќе тргне наопаку“, предупреди Џон Карл Бејкер, заменик-директор на фондот Ploughshares. Клучни експерти меѓу отпуштените Меѓу отпуштените се и некои од клучните експерти за производство на нуклеарен материјал. Тоа се Кајл Флауер, поранешен директор на Канцеларијата за модернизација на стратегиски материјали на NNSA, кој беше задолжен за збогатување ураниум, област во која САД заостануваат зад Русија, Канада и Казахстан, како и Лина Кордеро, експерт за модернизирање на производството на јадра од плутониум - клучна компонента на американските нуклеарни боеви глави. САД планираат да го зголемат производството на јадро на плутониум од сегашното 1 годишно на 30 до 50 годишно до 2028 година. Но, загубата на експерти дополнително ќе го забави овој и онака чувствителен процес. Последен пат кога САД произведоа јадра на плутониум во големи количини беше во објектот Роки Флетс во Колорадо. Фабриката беше затворена во 1989 година, откако ФБИ и ЕПА открија 28 килограми плутониум во системите за вентилација и радиоактивна контаминација толку силна што бројачите не можеа да ги читаат нивоата на радијација. Приватни изведувачи, трошоците вртоглаво растат Поголемиот дел од американската нуклеарна програма се потпира на приватни изведувачи, од кои има околу 60.000. Иако DOE тврди дека кратењата не ги погодиле овие работници, проблемот е што многу од нивните супервизори биле отпуштени. Нуклеарниот сектор веќе се соочува со големи одложувања и пречекорувања на трошоците. DOGE Cuts Reach Key Nuclear Scientists, Bomb Engineers and Safety Experts https://t.co/tDJ1SMLGtc They handled the secure transport of nuclear materials — dangerous, demanding work that requires rigorous training. Four of them took the Trump administration’s offer of a buyout and… — AustinBlue (@MakeTexasBlue22) March 17, 2025 Нуклеарната ракетна програма Сентинел е 81 отсто над буџетот, додека Нортроп Груман, која гради нови интерконтинентални ракети, се соочува со проблеми со безбедноста на работниците - во 2023 година, двајца работници загинаа од истекување на гас. Иако Доналд Трамп претходно изјави дека сака денуклеаризација, американскиот воено-индустриски комплекс тешко ќе го запре производството на нуклеарно оружје бидејќи во прашање се премногу пари и работни места. Постапките на DOGE ја направија и онака опасната индустрија уште поскапа и небезбедна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
СветТрамп, Путин и Си Џинпинг на историска трилатерална средба во КинаАмериканскиот претседател Доналд Трамп се сретна со рускиот претседател Владимир Путин на маргините на Самитот на АПЕК во кинескиот град Шенжен.Пред средбата, Трамп изјави дека од разговорите можат да произлезат „прекрасни работи“. Тој претходно имал и краток разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг, во кој, меѓу другото, станало збор за директорот на „Нвидија“, Јенсен Хуанг нарекувајќи го неговото отстранување од компанијата „вистинска трагедија“ - Хуанг призна дека имал афера со жена која е обвинета дека шпиунира за Кина. Подоцна е предвидена и заедничка тристрана средба на Трамп, Путин и Си Џинпинг, прва од ваков формат меѓу лидерите на трите земји. На дневен ред се очекува да бидат војните во Украина и Иран, нуклеарното оружје, трговските тензии и развојот на вештачката интелигенција. Јавноста е загрижена, особено во Европа, дека трилатералната средба меѓу Си, Трамп и Путин ќе биде одраз на конференцијата на Јалта одржана во 1945 година, кога Втората светска војна се ближеше кон крајот,пишува Би Би Си.Таа конференција беше жестоко критикувана за одлуките што ја обликуваа иднината на помалите нации без нивно учество.Украинскиот претседателот Зеленски изрази стравувања дека состанокот би можел да доведе до договор за Украина без учество на Киев.Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПроменливо облачно со температури над просекот Времето денес ќе биде променливо облачно наместа со повремени врнежи од дожд. Во западните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 15 l/m2). Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 22 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 20 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Под влијание на јужно воздушно струење до крајот на седмицата ќе биде релативно топло со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 19. ноември 2026 година Дневен хороскоп за четврток, 19. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Усогласувањето на ставовите со саканата личност , веројатно ќе потрае и денеска. Ќе употребите хумор. Кариера Вашиот работен ден ќе биде доста шарен. Ќе работите се и сешто и ќе ве има на повеќе места. Динамичен ден. Здравје и совет Легнете да спиете на време. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе успеете да спитите пријатно со корисно. Саканата личност ќе ја поврзете со поширок круг луѓе со кои и деловно переговарате. Кариера Договорите ќе се одвиваат по системот,,тргни-застани” , но нема да ви претставува тешкотија. Ќе работите со желба и без застој. Здравје и совет И натаму сте одлично. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Би можело да има застој во односите , зашто зборовите ќе ви бидат премногу љубезни. Внимавајте да не ве прогласат за слаткоречив. Кариера Вашите деловни амбиции се големи , но такви се и можностите. Денеска внимавајте да не паднете во стапицата на самодопадливост. Здравје и совет Вежбајте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Оние кои сонуваат , мора да се симнат на земја. Саканата личност во тоа ќе им помогне , а тогаш ќе увидат дека тоа е здраво. Кариера Ќе дојде до израз нерационално трошење пари , а вие сето тоа ќе мора да го оправдате и да го решавате. Здравје и совет Бидете што е можно поразумни. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Партнерот ќе има свои желби и барања , кои во прв момент ќе ви изгледаат неразумни , но набргу ќес е снајдете. Кариера Ќе има преоден несклад со соработниците , зашто некои од нив ќе покажат нестабилност.Но , долгорочно се се одвива одлично. Здравје и совет Прошетајте се на воздух. Овен 21.3-20.4. Љубов Веројатно ќе покажете доза на несигурност , што малку ќе ја обесхрабри дугата страна.Потрудете се да верувате во она што го доживувате. Кариера веројатен е трошок на кој не сте сметале ниту вие ниту вашите соработници. Ќе надоместувате за да се снајдете во моментот. Здравје и совет Штедете го грлото и гласните жици. Бик 21.4- 20.5. Љубов Кога ќе ви се пристори дека сте тргнале чекор напред , нешто ве враќа наназад. Така е тоа кога се брзате и работите површно. Бидете поискрени. Кариера Не се грижете поради трошоците , туку обидете се да работите напорно и без многу размислувања.Резултатите ќе дојдат подоцна. Здравје и совет Ви недостига трпение. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Во сексуалните прашања ќе имате мало двоумење околу стилот.Секој сака да ужива на свој начин. Кариера Некој би можел да ви пререче дека на работа трошите на неважни ситници. Ќе ги аргументирате своите издатоци. Здравје и совет Редовно опуштајте се. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе прифатите мало малтретирање од саканата личност , на која повторно ќе и кажете колку ви значи. Тоа ќе биде добар вовед во убава љубовна приказна. Кариера Ќе знаете како да ги насочите и оние соработници кои не се многу вредни. Со личен пример ќе ги мотивирате на работа. Здравје и совет Немате грижи. Лав 23.7-22.8. Љубов Се што ќе се случува денеска ќе ви носи само немир , фрустрации и нови прашања. Обидете се да останете мирни и трпеливи. Кариера Пред вас е ден полн со предизвици , во кој ќе мора да разграничите што сакаат шефовите , кои се целите , кој е пријател , а кој непријател. Здравје и совет Останете будни. Девица 23.8.-23.9. Љубов Освен што и натаму не ви цветаат рози во љубовта, денешниот ден би можел да ви донесе и некои семејни нестабилности. Кариера Ќе бидете распнати меѓу желбите и можностите . Ваше е да најдете златна средина и да се прилагодите на позитивен начин. Здравје и совет Немир и незадоволство. Вага 24.9.-23.10 Љубов Можно е дека со саканата личност ќе разговарате за дестинација на која сакате да отпатувате. Сеуште нема да се договорите. Кариера Во вашата работа ќе се вклучат нови луѓе , со кои ќе мора да научите да комуницирате. Ќе има мали несогласувања. Здравје и совет Некој нема да ви се допадне .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter