Министерство за здравство: Пациентите кои се позитивни на тестот за коронавирусот во Систина, ќе мора да се тестираат и во ИЈЗ - Канал 5

Министерство за здравство: Пациентите кои се позитивни на тестот за коронавирусот во Систина, ќе мора да се тестираат и во ИЈЗ

Ова ќе се прави бидејќи тестовите кои ги користи приватната клиника Систина се различен тип од тестовите на сите останати институции.

Министерство за здравство: Пациентите кои се позитивни на тестот за коронавирусот во Систина, ќе мора да се тестираат и во ИЈЗ

Министерството за здравство соопшти дека сите пациенти кои се детектираат како позитиви на тестовите на антитела кои ги праби болницата Систина, задолжително треба да направат тест за присуство на вирусот во Институтот за јавно здравје, согласно одлуката на Комисијата за заразни болести во министерството.

Во однос на објавите во дел од медиумите за бројот на позитивни случаи од тестираните пациенти во Систина, Министерството за здравство појаснува, како што се наведува во соопштението, дека тестовите кои ги користи приватната клиника Систина се различен тип од тестовите на сите останати институции.

-Имено, тие тестови го детектираат присуството на антитела на вирусот Ковид-19, додека останатите тестови го детектираат директното присуство на самиот вирус. За позитивни се сметаат оние пациенти кои се позитивни на вирусот и исклучиво тие се водат и внесуваат во дневната статистика. Сите пациенти кои се детектираат како позитивни на тестовите на антитела кои ги прави Систина, задолжително треба да направат тест за присуство на вирусот во ИЈЗ, согласно одлуката на Комисијата за заразни болести во министерството, се наведува во соопштението од Министерството за здравство./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џејми Фокс го очекува своето трето дете: „Сè уште имам сила“

Холивудската ѕвезда, актерот 58-годишниот Џејми Фокс  за време на гостувањето во емисијата „Jimmy Kimmel Live!“ потврди дека тој и неговата 31-годишна партнерка, Алис Хакстеп, го очекуваат своето прво заедничко дете, шегувајќи се: „Бебе е на па

Џејми Фокс го очекува своето трето дете: „Сè уште имам сила“

Сè уште ме бидува“. Како Фокс се подготвува за оваа нова улога? Добитникот на Оскар, кој веќе има 32-годишна ќерка, Корин, и 18-годишна ќерка, Анелиз, од претходни врски, изјави дека се подготвува повторно да ги извршува секојдневните родителски обврски – вклучително и возењето на децата до училиште.

Тој призна дека, на 58-годишна возраст, е свесен оти ова искуство ќе биде поинакво од претходните. Што рече тој за здравствената криза низ која помина?

„Дејли мејл“ (Daily Mail) пренесува дека за време на разговорот, Фокс се осврна и на мозочното крварење и мозочниот удар што ги доживеа во 2023 година додека работеше на филмот *Back in Action*.

Тој изјави дека сега се чувствува одлично и дека, по тоа искуство опасно по живот, станал поблагодарен за секој момент. Колку долго се заедно Фокс и Хакстеп?

Фокс и Хакстеп се поврзуваат уште од 2022 година, а нивната врска стана јавна следната година. Откако се појавија информации дека раскинале на почетокот на 2025 година, неколку месеци подоцна повторно беа видени заедно; бебето што го очекуваат ќе биде негово трето, а нејзино прво дете.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Меси и Интер Мајами се уште не преговараат за нов договор

И покрај сè почестите шпекулации во медиумите за иднината на еден од најдобрите светски фудбакери во историјата, Лионел Меси и Интер Мајами во моментов не преговараат за продолжување на договорот.

Меси и Интер Мајами се уште не преговараат за нов договор

Според информациите што ги пренесе новинарот Jarm21, во овој момент нема официјални разговори меѓу двете страни за нов договор.

Причината е сосема едноставна: капитенот на тимот има важечки договор што трае до крајот на сезоната 2028 во МЛС, па двете страни сметаат дека е прерано да се разговара за продолжување на соработката.

Кога клубот го објави најновиот договор на Меси, сопственикот Дејвид Бекам гордо истакна дека во својот град го довеле најдобриот играч во историјата на овој спорт.

Волшебникот од Аргентина, останува заштитно лице на франшизата додека таа се подготвува за преселба во својот нов дом, стадионот „Мајами Фридом Парк“.

На 39-годишна возраст, Меси продолжува да прикажува неверојатни игри на теренот; неодамна постави уште еден историски рекорд постигнувајќи го својот 36-ти гол во финале за време на триумфот во Купот Кампеонес – повеќе од кој било друг фудбалер во историјата.

Силата на проектот во Мајами дополнително е потврдена со неодамнешното доаѓање на новиот тренер Кристијан „Кили“ Гонзалес – поранешен соиграч од репрезентацијата на аргентинската ѕвезда – што јасно покажува дека тимот се гради целосно околу капитенот.

Со оглед на тоа што договорот му трае до крајот на 2028 година, и Меси и раководството на клубот имаат предност во поглед на времето.

Меси постојано истакнува колку е среќен во Мајами, додека претставниците на клубот го сметаат за клучна фигура за нивните спортски и маркетиншки амбиции во годините што следат; следствено на тоа, нема апсолутно никаква причина за загриженост.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Недозволиво да се распродава државното земјишете за туѓи интереси

Во југоисточниот плански регион се планираат два нови рудника регираше претседателот на СДСМ Венко Филипче тој побара да се повлече просторниот план во кој е предвидено до 2040  да се отворат  рудници на метали.

Филипче: Недозволиво да се распродава државното земјишете за туѓи интереси

Тој рече дека рудниците ќе ја загрозат животната средина, и вели дека е недозволиво да се распродава државното земјишете за туѓи интереси

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер