Министерство за правда: За ВМРО-ДПМНЕ амнестијата на криминалот поважна од европската иднина

Со досегашниот несериозен однос во процесот на носење на законот за Јавното обвинителство, ВМРО-ДПМНЕ покажа дека амнестијата на сторители на сериозни кривични дела од редовите на нивната партија им е поважна цел од европската иднина на нашите граѓани

Преку соопштение Министерството наведува дека до нив наместо конкретни амандмани и предлози за законот за Јавно обвинителство, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ е пристигнат документ насловен „Принципи и насоки на ВМРО-ДПМНЕ во донесувањето на Закон за Јавното обвинителство".

– Во него се наброени меѓународни документи, од кои дел не се однесуваат на Јавното обвинителство, а останатиот дел се веќе имплементирани во истиот закон. Согласно средбата на работна група, ВМРО-ДПМНЕ требаше да достави конкретни амандмани со кои би се понудиле алтернативни решенија на Предлог-законот, кој е во собраниска процедура. Очигледно, ВМРО-ДПМНЕ во недостаток на аргументи и подобри решенија за одредбите кои се однесуваат на Јавното обвинителство во целина, одбра есеистички пристап со единствена цел да го одолговлечи процесот на носење на Законот за Јавното обвинителство, оценува Министерството за правда.

Оттаму информираат дека во документот се наведени три барања и тоа – изборот на јавен обвинител да биде на предлог на опозицијата, прекинување на сите постапки кои се покренати од СЈО по 30 јуни 2017 година и СЈО да биде организирано како одделение во Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Во однос на првото барање од Министерството за правда упатуваат на решенијата во Уставот каде е прецизирано кој го предлага јавниот обвинител и со какво мнозинство тој се избира, додека во однос на второто барање оценуваат дека „тоа практично значи признавање на постоење на криминал и барање на амнестија".

Во врска со третото барање, од ресорното Министерство наведуваат дека тоа би значело разводнување на капацитетите кои СЈО веќе ги поседува и ослабување на ефикасните механизми за борба против криминалот и корупцијата.

– Во рамки на третото барање е содржан предлог за „испитување на претходни коруптивни и инкриминирани дејствија кои за македонската јавност останаа неразјаснети". Во врска со ова барање, потсетуваме дека Законот за Јавното обвинителство содржи одредби со кои СЈО ќе биде овластено да гони коруптивни дела сторени од сите јавни функционери и таа надлежност ќе има право да ја врши како за идни кривични дека, така и за сите минати кривични дела кои не се застарени, појаснуваат од Министерството за правда.

„Златаната топка“ на Марадона од Мексико во јуни оди на аукција

„Златната топка“ која поранешниот аргентински фудбалски репрезентативец Диего Армандо Марадона ја доби во 1986 година за најдобар играч на Мундијалот во Мексико, ќе се најде на аукција во јуни оваа година, објави денеска аукциската куќа Агутес.

Аукцијата треба да се одржи на 6 јуни, а вредноста на Златната топка се уште не е проценета. Претставници на аукциската куќа најавија дека од продажбата на Златната топка очекуваат милиони евра.

Во финалето на Светското првенство во 1986 година, Аргентина ја совлада Западна Германија со резултат 3:2.

Марадона ја доби „Златната топка“ за најдобар играч на Светското првенство во Мексико. На СП во Мексико постигна пет гола.

Диего Армандо Марадона, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, почина во ноември 2020 година.

МВР: Лични документи може да се подигнат и утре

Од 8 до 19 часот утре, на денот на Претседателските и Парламентарните избори, ќе работи Одделот за граѓански работи односно сите отсеци за управни работи на оваа организациска единица при Министерството за внатрешни работи. 

-Исто така, ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 3 мај 2024 година, се веќе изготвени и граѓаните може да ги подигнат, информира МВР.

Украинската служба за безбедност спречи обид за атентат врз Зеленски

Украинската служба за безбедност (СБУ) приведе двајца полковници на Управата за државна безбедност (УДО), кои се осомничени дека заедно со уште тројца обвинети дека подготвувале атентат врз претседателот Володимир Зеленски и други функционери.

Според дел од украинските медиуми приведени се полковниците на УДО, Андреј Гук и по инструкции на руските специјални служби.

Тие планирале атентат и врз началникот на СБУ Василиј Маљук, шефот на Главната управа за разузнавање Кирил Буданов. Кај нив е извршен претрес при што е пронајдено и одземено оружје и други предмети.

Осомничените барале воен персонал близок до обезбедувањето на претседателот, „кој би можел да го земе шефот на државата како заложник, а потоа да го убие“.

Од СБУ наведуваат дека сакале да го убијат Буданов пред Велигден со ракетен напад врз куќата во која престојува, за што набавил беспилотни летала и муниција за нападот.

Директорот на СБУ, Васил Маљук, изјави дека нападот требало да биде „подарок на Путин пред инаугурацијата“ што се одржа денеска. /МИА

притисни ентер