Министерство за правда: Утре ќе ги побараме сите предмети за Груевски и ќе постапиме согласно Законот - Канал 5

Министерство за правда: Утре ќе ги побараме сите предмети за Груевски и ќе постапиме согласно Законот

Лидерот на СДСМ Венко Филипче ја повика Владата веднаш да побара екстрадиција на Груевски, доколку тоа не го сторила досега.. 

Министерство за правда: Утре ќе ги побараме сите предмети за Груевски и ќе постапиме согласно Законот

Ќе достави ли македонското Министерство за правда ново барање за враќање на екс премиерот Никола Груевски? Откако прашањето стана актуелно по промената на власта во Унгарија, од министерството велат дека континуирано го следат случајот и се преземаат сите мерки да ги обезбедат потребните документи.

„Во текот на утрешниот ден ќе биде доставено барање до надлежните судски органи и обвинителства и ќе се побараат потребните списи за сите предмети поврзани со лицето Никола Груевски. Откако од надлежните органи ќе ги добиеме потребните документи, Министерството за правда ќе постапи согласно позитивните законски прописи.“

...велат од Правда и додаваат дека по поднесеното барање за екстрадиција во 2018 година и дополнето година подоцна, унгарските власти го одбиле барањето со образложение дека на Груевски му е одобрен азил со што не може да се предаде лице кое ужива таков статус.

На поранешниот премиер му преостанува да одлежи една и пол година затвор за случајот „Насилство пред Општина Центар“, која му застарува во 2027 година, како и деветте години затвор за случајот „Плацеви на Водно“, кој застарува во 2043 година, информираат денеска од Кривичниот суд. Тој е обвинет и во предметите Титаник и Талир 2 кои се уште се судат. Талир 2 кој се однесува на изградбата на партиското седиште на ВМРО ДПМНЕ денеска се одложи а предметот сега го застапува обвинителот Кристијан Смилевски. Тој очекува постапката да се заврши пред да настапи застареност во август. Но и доколку Груевски е достапен за домашните органи би можел да бара повторување на постапката.

„Секој има право на судење во присуство. Ако стане достапен Груевски ќе почне одново ако се бара, но зависи од рокот на застареност, дали ќе стане достапен не знаеме, ако има ќе почне одново.“

„Активни две потерници за извршување на санкции:

„Насилство во Центар“ – осуден на затворска казна 1 година и 6 месеци – застарува на 10.09.2027 година

„Плацеви на Водно“ – осуден на затворска казна 9 години – застарува на 14.02.2043“

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска ја праша Владата и коалициските партнери ВМРО ДПМНЕ и ЗНАМ дали досега побарале екстрадиција на Груевски.

„Бидејќи Движењето ЗНАМ веќе ја честиташе победата на новиот унгарски премиер, сега го поставуваме следното прашање – има ли барање за екстрадиција досега оваа Влада на ВМРО ДПМНЕ и ЗНАМ поднесено за враќање на Никола Груевски. Доколку нема зошто нема, и доколку нема дали денеска во текот на денот после изјавата на новиот унгарски премиер ќе поднесат барање за екстрадиција на Никола Груевски во земјата.“

На Груевски претходно, во 2024 година, му застаре двегодишната затворска казна за случајот Тенк за набавката на луксузниот мерцедес. А во текот на минатите години но и со измените на Кривичниот законик застареа предметите ТНТ, за уривањето на комплексот „Космос“ и „Траекторија“, за провизиите за изградба на автопатиштата.

Груевски избега од земјава во неразјаснети околности есента 2018 година, со образложение дека ќе му била загрозена безбедноста во затвор.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дошол на погреб на пријател, па случајно пропаднал во гробот на татко му и починал (ВИДЕО)

Адилсон Марсаро (48) од Бразил го загуби животот во необична несреќа на гробиштата, кога пропаднал во гробот на сопствениот татко. 

Дошол на погреб на пријател, па случајно пропаднал во гробот на татко му и починал (ВИДЕО)

Трагедијата се случила додека тој престојувал на гробиштата на погреб на пријател, а бетонската конструкција на која седел наеднаш се урнела.

Несреќата се случила во средата, на 21 октомври, на градските гробишта Сао Хозе во Линхарес, во бразилската држава Еспирито Санто.

Марсаро дојде тој ден да присуствува на погребот на пријател кој загинал во сообраќајна несреќа претходниот ден.

Според гробарот Назаре Бравин, човекот пристигнал на гробиштата со мотор, ги поздравил присутните и прашал каде ќе биде погребан неговиот пријател.

После тоа, тој ги оставил моторот и кацигата, а потоа се упатил кон гробот на својот покоен татко, кој се наоѓал на истите гробишта.

Кога стигнал до гробот на својот татко, Адилсон седнал на бетонскиот надгробен камен.

Во тој момент структурата наеднаш попуштила под неговата тежина и човекот пропаднал во гробницата.

Силен тресок го привлече вниманието на луѓето во близина. Кога сфатиле што се случило, веднаш повикале брза помош.

На местото на настанот пристигнале припадници на противпожарната служба и брзата помош, но несреќниот човек не можел да се спаси.

Лекарите можеле само да констатираат смрт. Неговото тело е извлечено од урнатата гробница и пренесено на обдукција.

Како што пишува Њујорк Пост, Марсаро бил погребан веќе следниот ден, на истите гробишта каде што го загубил животот.

Градските власти на Линхарес изразија сочувство до семејството и пријателите на жртвата.

Во соопштението тие наведуваат дека вработените на гробиштата веднаш ги известиле надлежните органи, но дека обидите за спасување биле неуспешни.

Воедно, тие ги потсетија граѓаните да бидат особено внимателни при посетата на гробните места, особено во пресрет на празникот Денот на мртвите, кога се очекува поголем број посетители.

По трагедијата се отвори и прашањето за безбедноста на гробните градби.

Градската управа соопшти дека е надлежна за одржување на заедничките површини, патеките и другите јавни делови на гробиштата.

Сепак, одржувањето на поединечните гробови и надгробни споменици, според локалните правила, е обврска на семејството на починатиот.

Бразилската цивилна полиција покрена истрага за да се утврдат сите околности на несреќата.

Засега не е соопштено зошто попуштила бетонската конструкција или дали претходно имало знаци на нејзино оштетување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Мора да го запрам убивањето на иранските лидери

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мора да престане да убива ирански лидери за да утврди со кого преговараат САД и го повтори својот став дека на Иран никогаш не смее да му биде дозволено да развива нуклеарно оружје.

Трамп: Мора да го запрам убивањето на иранските лидери

„Морам да престанам да убивам ирански лидери затоа што морам да сфатам со кого, по ѓаволите, преговараме“, рече Трамп на предизборен митинг во Џорџија, објави Дејли експрес. Трамп повтори дека Иран повеќе нема авиони, нема бродови и нема лидери.

„Лидерот од прво ниво го нема, лидерот од второ ниво го нема“, рече Трамп.

Тој, исто така, ја бранеше својата одлука од 2018 година да ги повлече САД од нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, постигнат под тогашниот американски претседател Барак Обама, велејќи дека ја донел одлуката во клучно време за да го спречи Техеран да добие нуклеарно оружје.

„Го раскинав еден од најлошите договори што некогаш биле склучени, Заедничкиот сеопфатен план за акција (JCPOA) на Барак Хусеин Обама, познат и како нуклеарен договор со Иран, што доведе до тоа Иран да добие нуклеарно оружје. За среќа, го раскинав токму на време“, тврдеше Трамп.

Тој повтори дека САД го уништиле капацитетот за збогатување ураниум на Иран во воените операции спроведени оваа и минатата година.

„Ги победивме воено, финансиски и на други начини. Мора да се погрижиме тие никогаш, ама баш никогаш да не добијат нуклеарно оружје“, повтори Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пет илјади патници уплатиле крстарење на топлите Бахами, а завршиле во студената Канада (ВИДЕО)

Повеќе од 5.000 патници кои очекуваа еднонеделен одмор на сончевите Бахами завршија во студената Канада откако Ројал Карибиан мораше да го пренасочи своето крстарење поради бура. 

Пет илјади патници уплатиле крстарење на топлите Бахами, а завршиле во студената Канада (ВИДЕО)

Бродот „Оаза оф д Сис“ исплови од Њу Џерси на 18 октомври на планирано седумдневно патување, но патниците дури на половина пат дознаа дека пловат кон Халифакс, Нова Шкотска, наместо кон тропските острови, објави CTV.

Неочекуван пресврт

Ненадејниот пресврт значеше дека патниците се пакувале за сосема погрешни температури. Ситуацијата беше влошена од објавата дека нема да им биде дозволено да го напуштат бродот додека е закотвен во пристаништето.

„Мојот сопруг ме праша: „Ова е шега, нели?““, изјави Мари Дурнинг од Њу Џерси за CTV News. „Донесов зимска капа и грејачи за уши, но го заборавив шалот.“

Патниците кои пристигнаа на крстарењето од подалечни земји немаа зимска облека со себе, ниту пак имаа каде да ја земат пред да се качат.

@chelsea_davis21 Bahamas? Canada? Tomato, tomato 🤷🏼‍♀️ #royalcaribbean #Canada #oasisoftheseas #halifax #novascotia ♬ original sound - Chelsea Davis

Разочарување на социјалните мрежи

Актерката Микајла Ајверсон објави видео на Инстаграм снимено на аеродромот Њуарк кратко откако дозна за промената. Во него, таа се пожали на ситуацијата, а видеото стана вирално со 1,4 милиони прегледи.

„Ни беше кажано, по слетувањето во Њуарк, дека нашето семејно крстарење до Бахамите, кое тргнува за само 12 часа, сега оди во Нова Шкотска? И нема да ни биде дозволено да се симнеме од бродот цела недела. @royalcaribbean, немаме облека за тоа“, напиша таа во објавата.

Меѓу патниците имаше и Канаѓани, кои практично беа испратени дома поради промената на рутата. „Многу сум разочаран“, рече Николас Мели од Торонто. Тој и неговото семејство возеа седум часа до Њу Џерси за да се качат на бродот. „Јас сум од Канада и сакав да одам на Бахамите“.

@katymarie923 It was a not so perfect day at cococay. Now it’s just me and my bonine against the seas. #royalcarribean #utopiaoftheseas ♬ Hoist The Colours (A Cappella) - The Wellermen & Eric Hollaway & Big Brev & Ebucs & Luke G. Taylor & Bobby Bass & Jesse Elkins & Davide Dalmonte

Се обидоа да ги обештетат

И покрај сè, дел од патниците решија да го извлечат најдоброто од ситуацијата. „Бидејќи потрошивме многу пари на ова патување, им реков на сите да ги надминат своите фрустрации пред да се качиме на бродот. Откако ќе се качиме на бродот, не сакам повеќе да слушам за тоа“, рече Двејн Хикс од Филаделфија.

„Така се среди, но сум благодарен и ќе се обидам да го извлечам најдоброто од ситуацијата“, додаде Џим Метјуз од Њу Џерси. „Освен тоа, слушнав дека Халифакс е прекрасен град.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер