ВМРО-ДПМНЕ: Филипче наместо да дигаш паника меѓу земјоделците, кажи каде се парите од неисплатените субвенции
1ВМРО-ДПМНЕ: Филипче наместо да дигаш паника меѓу земјоделците, кажи каде се парите од неисплатените субвенции
МакедонијаМинистерство за одбрана - Повик за аплицирање на НАТО програмата за млади професионалциПовик за апликации за НАТО Програмата за млади професионалци.Програмата на НАТО за млади професионалци го објави повикот за привлекување на млади талентирани лица од земјите членки на Алијансата. Тригодишната програма нуди можност заинтересираните кандидати да ја развијат нивната кариера и да се стекнат со низа искуства во рамки на НАТО. Кандидатите кои ќе бидат избрани ќе бидат распоредени во различни тела на НАТО во периоди од по една година, за вкупно три тела на Алијансата. По завршувањето на тригодишната програма, врз основа на потребите и индивидуалните способности, учесниците можат да бидат назначени на позиција во едно од телата на НАТО каде што претходно работеле за дополнителен период од три години. Програмата е отворена за аплицирање на млади лица на возраст од 21-32 години со завршени магистерски студии, минимум 1 година работно искуство и активно познавање на еден од двата официјални јазика во рамки на НАТО (англиски или француски) Рокот за аплицирање е заклучно со 31 мај 2026 година. Повеќе информации може да добиете на следнава адреса: https://bit.ly/3QNQtz6 Со почит, Министерство за одбранаТагови: министерство за одбрана НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕврокомесарката за проширување на почетокот на јули доаѓа во посета на Македонија 15:00Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58Мицкоски на пуштање во употреба на Дом за стари лица во Илинден09:19Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37
Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58
Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58
Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче наместо да дигаш паника меѓу земјоделците, кажи каде се парите од неисплатените субвенцииФилипче без тронка срам одиш и ги лажеш граѓаните, но има еден голем проблем, никој не ти верува.Филипче да те потсетиме дека кога заминавте од власт, оставивте долгови, неисплатени субвенции за 2020, 2021, 2022 и 2023 година. Можеби дојде време да одговорите на земјоделците каде тие пари завршија. Дали токму со парите на земјоделците си купивте визи во Дубаи, станови по скапи комплекси низ Скопје? Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од самото доаѓање на власт исплати 350 милиони денари за неисплатени плати на вработените во ЈП Национални шуми и АД Водостопанство. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 27.07.2024 до 31.12.2024 исплати близу 4 милијарди денари. Вкупно од 27.07.2024 година до денес исплатени се близу 14 милијарди денари за заостанати и тековни обврски. Филипче наместо да дигаш паника меѓу земјоделците, одговори им зошто во ваше време се вметна во законот за вино дополнителни 8%, кои винариите им ги кратат на лозарите. Филипче одговори на лозарите зошто не ја изготвивте методологијата за пресметка на трошоците за производство на килограм винско грозје, туку Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја донесе за 18 дена. Не ви поминуваат лагите, прочитани сте, подгответе се за длабока опозиција. Резултатите во земјоделството се видливи, земјоделците имаат партнер во Владата преводена од ВМРО-ДПМНЕ и знаат дека никогаш нема да бидат оставени сами како со СДС. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Нема брза пруга, ќе има мигрантиМицкоски и ВМРО денеска се фалат дека „ќе има брза пруга“, а дека „нема мигранти“. Ова е уште една во низата нивни лаги. Пред неколку дена јасно кажавме: Скопје не е на мапата на европската брза пруга. Нема проект, нема пари, нема ништо. Сега, кога немаат што да кажат, повторно се фалат со празни ветувања. Сето ова Мицкоски го прави затоа што сака предвремени избори. Нема ниту еден реален успех на оваа влада, па повторно мора да измислува проекти како предизборни ветувања. Така ветуваше промена на името, укинување на Преспанскиот договор, па сега ветува брза пруга. Истото важи и за мигрантите. Уште на почетокот на годината предупредивме дека Мицкоски договара мигранти. Тоа го потврдија и светски медиуми. Во Давос, освен средбата со 4iG (компанија која сега е под истрага во Унгарија), имал и посебна средба токму за „економски работници“. Во Европа се зголемуваат протестите против мигранти. Европската унија усвои правила со кои им овозможува депортација на мигранти во трети земји. Македонија ја гледаат токму на тој начин - како земја во која може да се носат - затоа што нема напредок во реформите и на патот кон ЕУ. Мицкоски ја изолира земјата, а потоа ќе прифати мигранти за пари. Тоа се „економските работници“ како што ги прекрстија со закон. Владата во јануари донесе уредба за 10.000 оваа година, а Николовски најави зголемување на 50.000 нови економски работници. Реалноста е едноставна: Нема да има брза пруга, затоа што нема пари. Ќе има мигранти, веднаш по изборите, затоа што нема пари. Кога државата е финансиски исцрпена, а Мицкоски и неговата банда продолжуваат да трошат на клиентелизам и пропаганда, тогаш нема инвестиции, нема развој, туку има само увоз на евтина работна сила за да се одржи системот. Мицкоски повторно лаже. Ги лаже граѓаните, ги лаже своите членови, ги лаже и коалиционите партнери. А најмногу – се лаже сам себе дека може да ја прикрие вистината. Нема пруга. Ќе има мигранти. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветОН: Мај беше најсмртоносниот месец за украинските цивили од почетокот на војнатаМисијата на Обединетите нации за мониторинг на човековите права во Украина заклучи дека бројот на убиени и повредени цивили во оваа земја во мај бил поголем отколку во кој било друг месец во последните четири години.Мисијата потврди дека најмалку 274 цивили биле убиени, а 1.763 повредени во мај во Украина како резултат на насилство поврзано со конфликтот. Во претходните години, бројот на жртви постојано се зголемуваше месец по месец во текот на пролетта и летото. Причината е што употребата на моќно оружје од страна на Русија во урбаните средини беше главната причина за големиот број жртви во мај.Тагови: ОН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter